fbpx

Денес и утре ќе има прашина од Сахара во воздухот на Балканот

Песокот, чие присуство во балканската атмосфера ќе е најсилно денес, вклучително и во Северна Македонија, ќе го зголеми присуството на ПМ10 честички во воздухот

-

Денес и утре може да се очекува повисоко количество на песок од пустината Сахара низ Балканот, вклучително и во Северна Македонија, известува европската Служба за следење на атмосферата – Коперник (CAMS).

Од CAMS известуваат дека прашината од Сахара особено ќе биде присутна во јужна Италија, Бугарија, Грција и северозападна Турција.

Оттаму предвидуваат дека овој бран на сахарска прашина може да доведе до тоа да има 150-200 микрограми ПМ10 честички на кубен метар во атмосферата во текот на утрешниот ден. Ова е далеку над 50 µg/m³, европскиот стандард за густина на ПМ10 честички, над кој се смета дека воздухот станува опасен по здравјето.

Густината на прашина во регионот, од 11 до 14 јуни 2024, во микрограми на кубен метар. Извор: CAMS

„Транспортот на сахарска прашина преку Медитеранот до Европа не е невообичаена појава. Опсервациите покажуваат зголемување на интензитетот и зачестеноста на оваа појава во некои делови од Европа во последниве години, што ја истакнува важноста од континуираното следење на нашата атмосфера за да се разбере како квалитетот на воздухот може да се промени“, рече научникот Марк Перингтон од CAMS.

Овој транспорт на сахарска прашина доаѓа кратко по сличен метеоролошки настан – на почетокот на месецот, сахарскиот песок се најде во Шпанија, Италија, како и јужни региони во Грција.

CAMS соработува со локалните метеоролошки организации за да соодветно ги извести граѓаните за опасноста од изложеноста на загадениот воздух.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства заедно

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства во државата заедно, пренесува Гардијан. Според Државниот завод за статистика на Ирска, податочните центри искористиле 21 отсто од електричната енергија...