fbpx
Таг: закон

таг: закон

Предвремените избори во април ќе го пролонгираат пописот

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски рече дека одлуката за одржување на предвремени парламентарни избори на 12 април го доведува во прашање терминот за одржување на Пописот на населението, домаќинствата и становите. – Терминот април е непогоден за спроведување на пописот имајќи предвид што веќе се закажани изборите и истиот ќе треба да се пролонгира. Можноста да се...

Граѓаните со лоша материјална состојба ќе добиваат бесплатна правна помош

Денес стапува во сила новиот Закон за бесплатна правна помош, кој на граѓаните со незавидна материјална состојба ќе им овозможи пристап до правдата и остварување на нивните права. Од државниот буџет овие граѓани ќе добиваат бесплатна правна помош од адвокат и ќе можат да ги покријат сите судски и административни трошоци, информираат од Министерството за правда. Заинтересираните граѓани можат да...

Мицкоски: Главната борба е Заев и власта да се заштитат од одговорност за криминалот

Вистина е дека главната борба е да се заштити Зоран Заев и луѓето од власта од одговорност за криминалите, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција по повод неуспешната лидерска средба. „До доцна во ноќта имавме слика од ученик, потопен во криминал и блед како крпа. Заев сака да може тој да контролира, да заташкува случаи. Тој водеше...

Поголемите загадувачи ќе плаќаат поскапо со новиот данок за возила

Со новиот данок за моторни возила, при увоз или внес на моторно возило во земјава почнувајќи од 1 ноември годинава, на државата наместо досегашната акциза, ќе треба да ѝ се плаќа данок што ќе се пресметува со формула во која ќе влегуваат просечното количество издувни гасови од возилото изразено во грамови по изминат километар, кубикажата на моторот и вредноста...

Работодавачите ќе добиваат државни субвенции и за покачување на плата од 600 денари

Министерството за труд и социјална политика го објави нацртот на предлог-законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата во кој може да види кои работодавачи ќе имаат право на субвенции, како и дека минималниот праг за субвенционирање е зголемување на платата од 600 денари. „Субвенционирање на придонеси може да користи работодавач кој: има статус на активен...

Британскиот Парламент суспендиран на пет недели

Парламентот на Велика Британија е суспендиран рано утрово за пет недели, до 14 октомври – само две недели пред закажаниот датум за Брегзит, на 31 октомври. Пратениците го отфрлија предлогот за одржување предвремени избори, за кои се залагаше премиерот Борис Џонсон. Опозицијата го обвинува премиерот дека се обидува да ги спречи парламентарците да го разгледаат неговиот план за Брегзит. Предлог-законот со кој...

Лидерска средба денеска за трансформацијата на СЈО и за избори

По пауза од неколку месеци, вечерва со почеток во 20 часот во Собранието ќе се одржи лидерска средба, на која се очекува премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски да разговараат и евентуално да постигнат договор за Законот за јавно обвинителство, со кој Специјалното јавно обвинителство (СЈО) би требало да се трансформира во...

Владата подготвува нов закон за данок на моторни возила – според емисијата на CO2

Министерството за финансии подготвува предлог-закон за данок на моторни возила. Во образложението објавено на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) се вели дека со новиот Закон за акцизите оданочувањето на патничките автомобили не е предмет на уредување на овој закон. „Од таа причина истото ќе се регулира со нов посебен Закон за данок на моторни возила. Имајќи ги предвид...

Законот за јавно обвинителство влегува во Собранието по скратена постапка

Законот за јавното обвинителство со кој треба да се реши и идниот статус на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), денеска е на дневен ред на 108. собраниска седница. Законот влегува во собраниска процедура со европско знаменце и по скратена постапка. Вчера, министерката за правда Рената Дескоска рече дека нема напредок во разговорите за законот, по средбата на работните групи. – Разговаравме за прашањата...

Дескоска: Нема напредок во разговорите за Законот за јавно обвинителство

Министерката за правда, Рената Дескоска, рече дека нема напредок во разговорите за Законот за јавно обвинителство, по средбата на работните групи. – Разговаравме за прашањата отворени од самиот почеток, меѓу кои и за статусот на предметите кои ги води СЈО. Клучните непремостливи разлики се оденсуваат токму на ова прашање. Желбата на другата страна е овие предмети да не завршат ефикасно....

Шекеринска: Законот во собраниска процедура е отскочна штица за сите проблеми во „Еурокомпозит“

Вицепремиерката Радмила Шекеринска вчера во Прилеп истакна дека Законот за исплата на заостанатите побарувања на вработените, што го усвои Владата, а што е сега во собраниска процедура, ќе значи решение за децениските проблеми на вработените во прилепски „Еврокомпозит“. -Законот нема потреба од двотретинско мнозинство, така што не очекувам негативни изненадувања, очекувам силна поддршка од Собранието и силна поддршка кон решавање...

Мицкоски до Заев: Нема да поддржиме закон за амнестирање на криминалот на Заеви

По вчерашното видеообраќањее на премиерот Зоран Заев во кое тој ја повика опозицијата да биде конструктивна и да ги поддржи новите законски измени на законот за јавното обвинителство, но истовремено ја нарече ВМРО-ДПМНЕ „партијата што ѝ донесе неправда на земјата“, Христијан Мицкоски одговори преку Фејсбук. Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ работела конструктивно, но сега не може да поддржи „закон кој има...

Опозицијата бара пописот да биде усогласен со стандардите на ЕУ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски денеска на прес-конференција во Собранието побара попис кој што би се одржувал по примерот на пописите кои што се одржуваат во сите членки на Европската унија. „Тој попис ќе биде усогласен и ефективен за Република Македонија и ќе даде податоци кој што ќе бидат од полза за планирањето на идниот развој на државата. За жал...

Пробниот попис откри 1.400 празни станови, опозицијата се противи на предлог-законот за попис

Во текот на пробниот попис, кој се одржа минатиот месец, во 13 општини биле попишани 3.839 згради, 4.572 станови, 3.184 домаќинства и 10.267 лица. При попишувањето 1.400 станови биле пронајдени празни, додека 30 лица одбиле да бидат попишани. Ова се првични податоци од пробниот попис, кој се спроведе без да биде усвоен предлог-законот за попис на населението, чија што содржина...

Пендаровски ги потпиша законите за отворање на два нови гранични премини со Грција

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ги потпиша указите за прогласување на Законот за ратификација на Спогодбата меѓу Република Северна Македонија и Република Грција за отворање нов граничен премин меѓу двете земји кој ќе ги поврзува Мајден и Промахoи во Република Грција, и на Законот за ратификација на Спогодбата меѓу Република Северна Македонија и Република Грција за отворање на еден граничен...

Предлог-законот за јавно обвинителство помина на Влада, во Собрание ќе се усвојува по скратена постапка

Владата на вчерашната 146. седница, со која претседаваше премиерот Зоран Заев, го усвои новиот текст на предлог - законот за Јавното обвинителство и е донесена одлука да биде испратен на усвојување во Собранието со европско знаме и во скратена постапка. „Министерството за правда предложи, а Владата прифати во собраниска постапка да биде пуштен и предлог - законот за изменување и...

Џафери: Седницата за предлог-законот за јавно обвинителство може да се свика на 29 јули

Предлог-законот за јавно обвинителство се уште не е пристигнат во Собранието, но доколку биде доставен во текот на денешниот ден или утре, собраниска седница ќе може да се свика на 29 јули, изјави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери. -Доколку денеска и утре законот пристигне во Собранието, на 29 јули можам да свикам седница и да помине во прво читање....

МНР со нов закон ќе ја реформира димпломатската служба

Министерството за надворешни работи подготвува предлог закон за надворешни работи со образложение дека со претходните бројни измени направена е правна конфузија и дисторзија на целокупниот систем. „Со новиот закон темелно ќе се реформира дипломатската служба. Со носење на новиот закон ќе се овозможи создавање на професионална дипломатија согласно Виенските конвенции за дипломатски и конзуларани односи, како и согласно останатите позитивните...

За заштита на Охридскиот регион, Собранието да расправа по предлог-законот презентиран во Баку

Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион отвора простор за носење штетни одлуки и понатамошно уништување на единственото УНЕСКО подрачје во земјата, се вели во заедничката реакција на граѓанските организации. „Им укажуваме на предлагачите на предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион, а кој требаше да влезе во собраниска процедура оваа недела,...

Владата очекува граѓаните да станат инспектори за враќање на ДДВ

Владата очекува граѓаните да се однесуваат како инспектори по 1 јули откако ќе стапи на сила Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица. Во образложението се вели дека намалувањето на даночната евазија е основната причина за донесување на овој закон. „Со донесувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...