fbpx

Шекеринска: Законот во собраниска процедура е отскочна штица за сите проблеми во „Еурокомпозит“

-

Вицепремиерката Радмила Шекеринска вчера во Прилеп истакна дека Законот за исплата на заостанатите побарувања на вработените, што го усвои Владата, а што е сега во собраниска процедура, ќе значи решение за децениските проблеми на вработените во прилепски „Еврокомпозит“.

-Законот нема потреба од двотретинско мнозинство, така што не очекувам негативни изненадувања, очекувам силна поддршка од Собранието и силна поддршка кон решавање на еден проблем којшто на времето во Прилеп хранел 300 семејства. Значи дека Владата ќе обезбеди покривање на повеќегодишните неисплатени придонеси на вработените, на тој начин и дополнително ќе ја консолидираме фирмата и ќе овозможиме нејзино непречено функционирање и исполнување на обврските кон вработените -рече вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, при вчерашната посета на фабриката во Прилеп, заедно со градоначалникот Илија Јованоски.

Зголемувањето на бруто-домашниот производ, отворените работни места и особено зголемувањето на странски директни инвестиции, кои што според уверувањето на Шекеринска ќе бидат заинтересирани и за натамошна консолидација на „Еурокомпозит“, покажуваат дека со членството во НАТО им е дадена сигурност на потенцијалните домашни и странски инвеститори.

Министерката за одбрана рече дека „Еурокомпозит“ во иднина нема да има договори со министерствата и додаде дека има најави од неколку стратегиски инвеститори.

-Договорите вработените не може да ги имаат со министерствата. Од такво работење дојде до ваква ситуација, каде што се работело малку во сива, малку во црна зона, ќе го почитуваме законот,ќе се обидуваме да ги решавање проблемите на долгорочен и стратегиски начин. А, не со лепење, купи ден-помини. Има најави за неколку стратегиски инвеститори,со сите ќе разговараме, за сите сме отворени, секаде ја упатуваме пораката, дека ова е стратегиски капацитет којшто државата сака да го реши,не за да земе пари, туку за да го зачува и подобри овде бизнисот во Прилеп. И очекуваме навистина заинтересирани кандидати. Меѓутоа таа постапка ќе продолжи – порача Шеќеринска.

Но новоименуваниот директор Милан Тоцев, смета дека е потребна соработка на фабриката со министествата. Тоцев најави дека „Еурокомпозит“ ќе бара да се потпише договор и со Министерството за одбрана. Тој изрази надеж дека со сегашните 74 вработени, фирмата ќе работи успешно.

-Работите ќе ги решаваме чекор по чекор, тоа значи оваа фирма сакаме да ја рестартираме, да биде продуктивна, со цел да го вратиме имиџот што фирмата го имаше порано и да бидеме пример не само во нашата држава, туку и надвор. Само со работа можеме да постигнеме многу, тогаш ќе зборуваме за отпремнина, за регрес на годишен одмор и други работи -порача Тоцев.

Градоначалникот Јованоски којшто како што рече е вклучен во сите постапки што ги преземаше фирмата, синдикатот и Владата со вицепремиерот Кочо Анѓушев и премиерот Зоран Заев изрази уведување, дека сега има законски услови и доволно ресурси, фабриката да ги надмине децениските проблеми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...