fbpx

Работодавачите ќе добиваат државни субвенции и за покачување на плата од 600 денари

-

Министерството за труд и социјална политика го објави нацртот на предлог-законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата во кој може да види кои работодавачи ќе имаат право на субвенции, како и дека минималниот праг за субвенционирање е зголемување на платата од 600 денари.

„Субвенционирање на придонеси може да користи работодавач кој: има статус на активен обврзник за пресметка и уплата на придонеси, односно не е во постапка на стечај или ликвидација или постапка на бришење согласно со членовите 477,477-а, 552-а и 552-б од Закон за трговски друштва и нема доспеани обврски по основ на бруто плата до денот на побарување на субвенцијата на придонеси“, пишува во нацртот на предлог-законот објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР).

Во него се додава дека субвенционирање на придонеси може да користи работодавач за осигуреник кој бил во задолжително социјално осигурување кај тој работодавач во сите месеци од референтниот период.

Субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување по основ на зголемена плата не може да остварат: органите на државната и на локалната власт, фондовите, јавните установи и претпријатија, општините, како и компании кои веќе користат субвенции за вработување по други основи.

„Работодавачот нема обврска да плаќа придонеси од задолжително социјално осигурување за износот за кој е одобрено субвенционирање на придонеси. Највисокиот износ за кој се одобрува субвенција на придонес е зголемување на нето плата до 6.000 денари месечно по осигуреник. Најнискиот износ за кој се одобрува субвенција на придонес е зголемување на нето плата во износ од 600 денари месечно по осигуреник“, пишува во нацртот на предлог-законот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...