fbpx

Мицкоски: Главната борба е Заев и власта да се заштитат од одговорност за криминалот

-

Вистина е дека главната борба е да се заштити Зоран Заев и луѓето од власта од одговорност за криминалите, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција по повод неуспешната лидерска средба.

„До доцна во ноќта имавме слика од ученик, потопен во криминал и блед како крпа. Заев сака да може тој да контролира, да заташкува случаи. Тој водеше битка за бегање од одговорност на својата фамилија и соработници. Да не се стигне нити до Кирацовски, нити до Ременски. Затоа Заев сака озаконување на криминалот во сопствените редови. Таа контрола му треба за да не одговара за „Рекет“, а богами и за „Рекет 2“, „Рекет 3“, „Рекет 4“ и сите останати случаи. Предметите од СЈО да ги пренесат во Јавно обвинителство. Вака Заев си купи уште некој месец мир, но одговорност ќе има“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека Заев дал предлог за формирање Јавно обвинителство за висока корупција, кое би било на исто ниво со Обвинителството на Рускоска, а обвинителот треба да биде на предлог на најголемата опозициска партија, во случајот ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на изјавата на Заев денеска дека „Рекет“ води до Мицкоски, тој рече дека „нема да тужи, но дека ќе предупреди дека неговото име го нема, но има имиња на луѓе од власта.“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека има простор преговорите да продолжат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...