fbpx

„Го сакам Водно“: Предложениот закон далеку од ветувањата на Шилегов за заштита на Водно и Матка

-

На толку дебати, состаноци, средби и средства на даночните обврзници дадени за експерти и дневници, работните групи кои се задолжени за изработка на овие закони ни даваат старо-нов закон за Водно, без битни промени, и буквално препишан од пред 40 години.

Ова е реакцијата на граѓанското здружение „Го сакам Водно“ по повод денешната изјава на Јани Макрадули, заменик-министерот за животна средина и просторно планирање дека е при крај подготовката на законите за заштита на Водно и на регионот Матка и дека, законот предвидува дека „ќе постојат заштитени зони во кои нема да може ништо да се прави, додека во други ќе може да се интервенира за рекреација и за објекти.“

„Токму делот „рекреација и објекти“, најчесто има широко толкување и се злоупотребува и прави ден за ден да го губиме Водно. На Водно не му се потребни нови содржини и измислици! Потребна му е заштита“, велат од „Го сакам Водно“ и сметаат дека ова сега што се промовира како Закон за Водно е далеку од оној lex specialis кој што беше најавуван од страна на градоначалникот Шилегов.

„Мора да напоменеме дека до сега не сме биле дел од ниту една од средбите на работните групи, ниту сме биле поканети да учествуваме, ниту ни е познато дали некој од граѓанскиот сектор учествувал“, се вели во реакцијата на „Го сакам Водно“.

Макрадули во повеќе наврати се пофали дека во работата на неговото ресорно министерство „внимателно се слуша гласот на граѓанските организации“ и дека тие се вклучени во донесувањето на одлуките од доменот на заштитата на животната средина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...