Таг: закон
таг: закон
Платформа за борба против корупцијата: Се поткопува владеењето на правото со законот „Бехтел-Енка“ да гради автопати
Со одлуката за носење на посебно скроен закон за изградба на автопатишта со стратешкиот партнер Бехтел и Енка, се поткопуваат темелите на владеењето на правото, реагираат од Платформата за борба против корупцијата која е составена од 17 членки – организации кои работат на теми од антикорупција, владеење на правото и добро управување.
„Во состојба во која постојат веќе воспоставени начини како...
Законот за користење на податоците од јавниот сектор ќе се усогласува со ЕУ Директивата за отворени податоци
Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) во соработка со Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, во рамки на проектот на УСАИД за граѓанско учество, во наредниот период ќе спроведе активности за усогласување на Законот за користење на податоците од јавниот сектор со ЕУ Директивата за отворени податоци и ре-употреба на информации од јавниот сектор (2019/1024).
Со цел обезбедување на...
Антикорупциска го оспори пред Уставен суд законот за изградба на автопати на Коридорите 8 и 10д
Десетина дена откако помина во Собранието на РСМ и беше потпишан од претседателот на државата, Стево Пендаровски, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ја испрати до Уставниот суд иницијативата за оценување на уставноста на Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридор 10д.
За законот,...
По пратениците, и Пендаровски согласен на законот за номинирање стратешки партнер за изградба на автопати на Коридорите 8 и 10д
Иако Државната комисија за борба против корупцијата (ДКСК) побара од претседателот Стево Пендаровски да не го потпише штотуку усвоениот „Закон за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридор 10“, или кратко законот за давање на овие проекти без јавно наддавање на конзорциумот „Бехтел-Енка“, претседателот Стево Пендаровски го...
Норвешка со закон им нареди на инфлуенсерите да го обележат „разубавувањето“ на фотографиите
Норвешка усвои закон којшто е насочен кон уредувањето на фотографиите, кој треба да помогне во решавање на прашањето за сликата на човековото тело во општеството. Имено, законското решение им наложува на инфлуенсерите на социјалните мрежи јавно да го назначат „разубавувањето“ на фотографиите што ги објавуваат, односно уредувањето на нивните фотографии мора да биде наведено во постовите на Фејсбук, Инстаграм...
Со 66 гласа „за“, пратениците го усвоија законот за прогласување на Шар Планина за национален парк
Собранието на РСМ денеска го усвои Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк. Со ова, Шара станува четвртиот национален парк во земјава, но и првиот прогласен по осамостојувањето. Последното прогласување на национален парк во земјава било во далечната 1958 година.
По гласањето на пратениците, се огласи министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, кој...
Министерство за финансии: Нови 180 милиони евра финансиска поддршка за надминување на кризата
Обезбедени се нови 180 милиони евра финансиска поддршка за надминување на кризата предизвикана од корона вирусот, од коишто 80 милиони евра се од ЕУ за фискален стимул за стопанството и граѓаните, и 100 милиони евра од Европската инвестициска банка за евтини кредити за мали и средни претпријатија, информираат од Министерство за финансии.
„Денес е префрлена втората транша со износ од...
Заев најави дека ќе се земат предвид забелешките на Пендаровски и граѓаните за Законот за дивоградбите
Во Парламентот повторно ќе дискутираме за Законот за легализација на дивоградби, зашто ако застанеме тука, службите треба веднаш да тргнат и да ги рушат преку 50.000 домови на граѓаните, изјави денеска премиерот Зоран Заев откако вчера претседателот Стево Пендаровски го извести претседателот на Собранието, Талат Џафери, дека одлучи да не го потпише Указот за прогласување на Законот за утврдување...
Филипче побара консензус и обединетост околу изградбата на новиот Клинички центар
Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја повика опозицијата да го одблокира донесувањето на новиот Закон за клинички центар, за кој има поднесено 2.000 амандмани, бидејќи граѓаните заслужуваат нов и модерен клинички центар каде што на едно место ќе ги добиваат сите здравствени услуги, што е тренд во светот.
Тој рече дека од членот на опозицијата во парламентарната Комисија за...
Ќе се менуваат критериумите за избор на членови во раководните органи на јавните претпријатија
Министерство за економија подготвува измени на Законот за јавните претпријатија, со коишто се предвидува промена во начинот на избор на членови во управните органи.
„Јавните претпријатија се основаат заради вршење на дејности од јавен интерес. Јавни претпријатија во име на Република Северна Македонија основа Владата на Република Северна Македонија, во име на општината советот на општината и во име на...
Законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк оди на усвојување во Собранието
Владата го утврди конечниот текст на предлог-законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк и донесе заклучок да биде доставен на усвојување во Собранието.
„Како што веќе беше објавено, основната цел на ова законско решение е прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје од втора категорија - Национален парк, заради обезбедување на заштита на исклучителните...
МОН подготвува нов закон за учебници и наставни материјали
Министерство за образование и наука подготвува нов закон за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование со кој се уредува одобрувањето и употребата на учебниците, наставните и другите дидактички материјали во основното и средното образование.
„Подобрувањето на квалитетот на учебниците согласно Стратегијата за образование 2018-2025 година е една од приоритетните задачи за да се обезбеди...
Филипче: Граѓаните заслужуваат современ Клинички, пратениците на опозицијата да соберат храброст да го одблокираат Законот
Министерот за здравство Венко Филипче ја повикува опозицијата да го одблокира законот во Собрание, со кој се овозможува изградба на нов Клинички центар.Тој смета дека партиските разлики треба да се надминат кога станува збор за здравјето на граѓаните.
„Жалам што со 2.000 амандмани опозицијата го блокираше законот на Комисијата за здравство во Собранието. Од самиот почеток постапката за изградбата на...
Пендаровски го потпиша Указот за Законот за попис, очекува процесот да не се политизира
Претседателот Стево Пендаровски, по извршените консултации со правни експерти, денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година.
Како што соопштија од претседателскиот кабинет: „Претседателот Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што...
Технолошките гиганти се соочуваат со нови правила во ЕУ
Eвропската Унија ги претстави двата нацрт-закони кои подразбираат специфични регулативи што ќе имаат за цел да ја ограничат моќта на глобалните технолошки компании на европскиот пазар.
Од двата предложени закони, еден се однесува на нелегалните содржини, а вториот на антиконкурентското однесување на компаниите и сето ова е предвидено да биде поддржано од закани за казни и до неколку милијарди долари.
Во...
Бесими: Нов Закон за внатрешна финансиска контрола за зголемување на отчетноста на институциите
Нов систем на раководна отчетност во финансиското управување и контрола на институциите од јавниот сектор ќе се создаде со новиот Закон за системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими, на јавна дискусија за новиот нацрт-закон.
Во наредниот период, Министерството за финансии ќе работи заедно со институциите во изготвување интерни акти за клучните процеси...
Општините ќе добијат повеќе пари од ДДВ за справување со Ковид-19
Општините да добијат повеќе пари од данокот на додадена вредност за полесно да се справат со пандемијата од Ковид-19, предвидува предлог-законот за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.
Во предлог-законот се предвидува во 2021 година, висината на приходите од данокот на додадена вредност да се обезбедат во висина од 4,5 отсто од просекот на наплатениот данок...
МИОА подготвува нови закони за вработените во јавниот сектор и за административните службеници
Министерството за информатичко општество и администрација подготвува нови закони за вработените во јавниот сектор и за административни службеници за да се надминат проблемите кои се јавиле при имплементацијата на постоечките законски решенија кои беа донесени пред пет години.
„Постојниот Закон за вработените во јавниот сектор како прв закон со ваков опфат со кој се регулираа прашања од областа на работните...
Маричиќ: Во измените на Кривичниот законик ќе продолжиме да разговараме со медиумските работници
Министерот за правда Бојан Баричиќ на денешната прес-конференција, меѓудругото говореше и за легислативата која се однесува на заштита на новинарите и на медиумските работници.
„Паралелно треба да се разговара и со обвинителство и со судството, бидејќи сигурен сум дека на оваа тема можеме да имаме и дополнителна едукација на кадрите и во извршната власт, меѓутоа и во обвинителството и во...
Со предложените мерки се предвидува заболените од ковид-19 да се лекуваат по потреба и во приватните болници
Воведување можност заболените од ковид-19 да се лекуваат во приватните здравствени установи и нови казни за непочитување на мерките за ширење на заразата предвидува Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести за кој денеска ќе расправа Комисијата за здравство во Собранието. Иако состојбата со ковид-19 во земјата ескалира, овој предлог-закон повеќе...