fbpx

Подзаконските акти за енергетската ефикасност почнати се со изработка, но ќе бидат донесени со задоцнување

-

Новите подзаконски акти што ќе ја регулираат имплементацијата на енергетската ефикасност во земјава веќе се започнати со изработка, но можно е да бидат донесени со закаснување поради корона вирусот. Од Министерството за економија за „Мета.мк“ информираат дека во процес на изработка се влезени Правилникот за енергетски карактеристики на згради, Правилникот за енергетска контрола на згради и Уредбата со која се утврдува облигационата шема за енергетска ефикасност, кои се изготвуваат со техничка помош од Европската банка за обнова и развој.

Паралелно на ова, со обезбедената техничка помош од УСАИД во тек е изработката на Правилникот за означување на потрошувачката на енергија и другите ресурси за производите што користат енергија. Меѓу другите важни подзаконски акти, во тек е процесот на избор на експерти кои ќе го изработат Правилникот за енергетска контрола кај големите трговци, кој се реализира со техничка помош од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС). Со поддршка од германски ГИЗ, во тек е изработка на Правилникот за МВП (софтверска алатка за проценка на заштеди на енергија и смалена емисија на јаглерод диоксид), при што беа организирани и обуки за користење на МВП алатката од страна на општините.

– Со појавата на корона вирусот и прогласување на вонредната ситуација, процесот за одобрување на техничка помош за одделни подзаконски акти, како и изборот на експерти кои ќе работат на изработка на истите, се одвиваше со забавено темпо. Од оваа причина, поголемиот дел од подзаконските акти во делот на енергетска ефикасност, кои допрва треба да се донесат, најверојатно ќе бидат донесени со задоцнување – велат од Министерството за економија.

Законот за енергетска ефикасност во нашата земја беше донесен од Собранието на РСМ во февруари годинава. Со овој закон, правилниците и тарифниците за енергетска ефикасност како подзаконски акти беа поделени во три пакети, кои треба да овозможат практична имплементација на мерките за енергетска ефикасност во наредниот период. Истите требаше да се донесат во рок од 3, 6 и 9 месеци по усвојувањето на Законот, односно до крајот на годинава.

Експертите уште пред неколку месеци за „Мета.мк“ посочија дека на актуелните правилници за енергетска ефикасност им се потребни итни промени, со кои ќе се надминат актуелните слабости и манипулации со правилниците и ќе се овозможи побрза имплементација на мерките за енергетска ефикасност во земјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Превртени кошеви и искршени седишта – институциите си префрлаат вина за руинираната спортска сала на УКИМ

Уште во далечната 2006 година на студентите при Универзитетот Св. Кирил и Методиј (УКИМ) им беше ветена најмодерна спортска сала, која дури по 11 години - во 2017, се...