fbpx

Филипче: Граѓаните заслужуваат современ Клинички, пратениците на опозицијата да соберат храброст да го одблокираат Законот

-

Министерот за здравство Венко Филипче ја повикува опозицијата да го одблокира законот во Собрание, со кој се овозможува изградба на нов Клинички центар.Тој смета дека партиските разлики треба да се надминат кога станува збор за здравјето на граѓаните.

„Жалам што со 2.000 амандмани опозицијата го блокираше законот на Комисијата за здравство во Собранието. Од самиот почеток постапката за изградбата на Клинички центар е отворена и транспарентна. Во Собранието имавме една јавна дебата заедно со експерти, пратеници од претходниот парламентарен состав ја објаснувавме идејата зошто и како е избрана локацијата, зошто беше прекинат оној претходен проект. Во делот на транспарентноста и отвореноста навистина верував дека ќе најдеме заеднички јазик и дека опозицијата ќе се приклучи кон овој проект. На граѓаните да им покажеме дека тоа што е важно да се направи за нив, имаме капацитет да го направиме заеднички, дека ќе ги надминеме овие разлики, дека нема да го блокираат законот. Секогаш кога опозицијата сака да направи таква работа веднаш обвинува за криминал, за дивоградби итн,“ вели Филипче.

Тој додава дека со новиот Клинички центар ќе се овозможи интегриран систем на здравствена услуга, како што е пракса секаде во светот, односно физички една или неколку блока од згради да бидат споени, на тој начин најбрзо се добива здравствена услуга. Претходниот проект беше прекинат од неколку причини.

„Тоа беше проект кој што не беше вистински Клинички центар беше само нова зграда за интерни одделенија. Хирургија остануваше стара, Кардиологија надвор, Педијатрија надвор, Инфективни болести надвор, Максиофацијална хирургија надвор, Клиниката за онкологија надвор од тој нов блок и тука немаше апсолутно никаква логика, а требаше да чини околу 120 милиони евра, па ние ги изреновиравме сите интерни одделенија за некоја мала сума којашто не може да се спореди со оваа. Јасно е зошто е избрана локацијата Ѓорче Петров, онаа првична локација во Злокуќани имаше многу приватни парцели и требаше да влеземе во фаза на обештетување кое ќе одземеше многу време, а и многу ќе чинеше. Новизбраната локација е чисто државно земјиште,“ вели министерот.

Тој додава дека две најреномирани европски комапнии аплицираа и се квалификуваа во втората фаза на конкурентниот дијалог, германската „Вамед“ (Vamed) и француската „Буиг констракшн“ (Bouygues construction).

„Едната компанија со одлична експертиза во делот на физичката градба и другата компанија во делот на опремувањето и ставањето во функција на новиот Клинички центар.Целта на Законот е да се дозволи двете компании, за што тие се подготвени, да дадат една понуда, не се конкурентни една на друга едноставно во делот на сопставената експертиза да го направат најдоброто што треба, за нашите граѓани да имаат една современа болница. Искрено се надевам дека ќе соберат храброст пратениците од опозицијата, дека ќе покажат волја да ги повлечат амандаманите. Тоа не се амандмани кои се конструктивни, тоа се амандмани кои се таму ставени само законот да не може да помине,“ вели Филипче.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...