fbpx
Таг: задолжување

таг: задолжување

СДСМ: Ставрески да одговори дали се подготвува ново задолжување со еврообврзницата

Зоран Ставрески е должен да одговори дали со Груевски подготвува ново мегазадолжување на граѓаните на Македонија преку издавање нова еврообврзница од неколку стотици милиони евра, се вели во соопштението на СДСМ. Оттаму додаваат дека Ставрески веќе една недела не дава одговор на прашањето на СДСМ, а во меѓувреме, странски агенции јавуваат дека власта на Груевски, сепак, посегнува по нова еврообврзница. - Минатата...

Државата ќе се задолжи со нови 11,5 милиони евра

Државата ќе позајми нови 11,5 милиони евра од домашните кредитори на денешната аукција на државни обврзници. Парите ќе ги обезбеди преку тримесечни и шестмесечни записи и една 15-годишна обврзница. Во првиот квартал од годинава, јавниот долг изнесува 4,3 милијарди евра.

Македонија планира да издаде нова еврообврзница?

Република Македонија планира да издаде нова еврообврзница, јавува „Ројтерс“. Двата извори на „Ројтерс“ не кажуваат во која валута се бара задолжувањето, но се претпоставува дека станува збор за евра. Македонија е рангирана со ББ според „Стандард енд Пурс“ и со ББ+ според „Фич“. Во 2014 година, владата на тогашниот премиер Никола Груевски издаде еврообврзница во износ од 500 милиони евра, додека минатата година...

Државата ќе се задолжи со нови 59,2 милиони евра

Државата денеска планира да се задолжи со 59,2 милиони евра од домашните кредитори преку аукции на шестмесечни и 12 месечни записи, но и на една 10 годишна обврзница. Утре, треба да се вратат 59,3 милиони евра по основ на доспеани долгови. Јавниот долг надминува 4 милијарди евра.

Наумов: Не се знаe за што ќе се трошат средствата од новите задолжувања

„Министерството за финансии на денешната аукција на државни хартии од вредност, наместо бараните пет милиони евра запиша десет милиони евра, односно двојно повеќе. Сè уште нема никакво објаснување за која намена се користат средствата од новите задолжувања“, се вели во соопштението на дополнителниот заменик-министер за финансии во оставка, Кире Наумов. Според него, нетранспарентноста на буџетските трошења и темпото на зголемување на...

Државата се задолжи двојно повеќе од планираното

Државата денеска, наместо 5,1 милиони евра, се задолжи со 9,95 милиони евра кај домашните кредитори. На аукцијата на хартии од вредност се продаваа три месечни записи со и без девизна клаузула и записи кои доспеваат за 12 месеци, при што од кредиторите беа земени 9,95 милиони евра. Државата првично побара заем од 5,1 милиони евра од домашните кредитори за да се...

Државата бара 5,1 милиони евра од домашните кредитори

Државата денеска бара заем од 5,1 милиони евра од домашните кредитори за да се раздолжи утре, кога врз основа на доспеани долгови треба да ја врати истата сума пари. На аукција на хартии од вредност се продаваат три месечни записи со и без девизна клаузула во вкупна вредност од 3,5 милиони евра и записи со рок на доспевање од една година за...

„Шарена револуција“ пред УЈП: Каде се парите, другари?

„Шарената револуција“ денеска пред Управата за јавни приходи (УЈП) протестираше против задолжувањето на Владата. Демонстрантите ги бојадисаа фасадата и прозорците на УЈП и со „пушки“ на вода, со боја испишаа „Шарена револуција“. Пред зградата го поставија главниот транспарент на кој беше испишана познатата реплика од „бомбите“, „Трошиме за чоколадо, а немаме ни за леб“, а пред него беше поставена и џиновска макета...

Денеска „Шарената револуција“ ќе протестира против задолжувањето

Денеска „Шарената револуција“ продолжува во 13 градови низ Македонија. Протестот во Скопје почнува во 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство, а ќе биде во знакот на економската состојба на државата и на задолжувањето. „Протестирам затоа што Македонија е сиромашна и пропадната земја, иако може да биде успешна економска приказна! Македонија е сиромашна земја затоа што ја владеат арамии, кои го крадат јавното,...

Наумов: Клиентите на домашниот пазар полека креваат сопирачка

„Банките кои заклучно со март 2016 година се сопственици на 46,46 отсто од недостасаните државни хартии од вредност полека ја креваат сопирачката. На денешната аукција на државни записи и обврзници, Министерството за финансии не успеа да ја запише сумата што ја побаруваше врз основа на проспектите објавени на 26 април 2016 година. Станува јасно зошто каматите беа зголемени за повеќе од 60 отсто...

СДСМ: Злосторничкото здружение на колена посегна по нови 4,3 милиони евра

Опозициската партија СДСМ денеска го осуди новото задолжување на Владата, додавајќи дека граѓаните протестираат и поради тоа. „Додека Македонија е на нозе поради злосторничкото здружение кое Иванов го помилува од криминалите што ги правеле изминативе 10 години, Ставрески ги задолжува граѓаните со нови 4,3 милиони евра. Граѓаните се на нозе и поради огромното задолжување што го прави злосторничкото здружение на...

Наместо бараните 3,2 милиони евра, државата се задолжи за еден милион повеќе

Наместо бараните 3,2 милиони евра, државата денеска на аукција на хартии од вредност се задолжи за 4,3 милиони евра. Најголем интерес од страна на домашните кредитори имало за десетгодишните записи. Следната аукција е закажана за следниот вторник.

Државата ќе се задолжи со нови 93 милиони евра

Државата ќе се задолжи со 93,2 милиони евра на денешната аукција на државни хартии од вредност. На аукција на државни записи на шест и на 12 месеци се бараат вкупно 90 милиони евра, а другите се преку 10-годишни државни обврзници. Следната аукција е закажана за следната недела.

СДСМ: Бројчаникот на МАНУ можеби е блокиран, но во реалноста врти

„Уште не уплатени средствата од вчерашната аукција на државни хартии од вредност, министерот за финансии, Зоран Ставрески, денеска објави проспекти за нова аукција. Побарува повеќе од 93 милиони евра. Бројчаникот на МАНУ можеби е блокиран, но во реалноста тој врти, постојано се зголемува долгот на сите граѓани во земјава“, се вели во соопштението на СДСМ. Според нив, единствена грешка кај бројчаникот што...

Државата денеска ќе се задолжи со 75,76 милиони евра од домашните кредитори

Државата ќе побара нов заем од 75,76 милиони евра од домашните кредитори. На денешната аукција на хартии од вредност ќе бидат понудени шест месечни записи во вредност од 21,13 милиони евра и 12 месечни записи за 54,63 милиони евра. Во овој момент јавниот долг изнесува 48 отсто од домашниот бруто-производ (БДП).

ТМ: Владата не се откажува од непродуктивното трошење на буџетот

„На почетокот на 2016 година, предизборните трошења се сè поголеми. Владата и Министерството за финансии, иако се соочуваат со очигледни проблеми во обезбедувањето на финансиската стабилност на буџетот, не се откажуваат од непродуктивните трошења од државната каса. И транспарентноста за трошењето е на доста ниско ниво“ се вели во најновиот билтен на „Транспарентност Македонија“ за состојбите со корупцијата во...

Државата се задолжува со нови 30,5 милиони евра

Државата денеска ќе се задолжи за нови 30,5 милиони евра од домашните кредитори. На аукцијата, ќе бидат издадени шестмесечни државни записи во вредност од 8,7 милиони евра и 12-месечни записи во висина од 21,8 милиони евра. Со претходните пет одржани аукции, направен е нето-долг од 56 милиони евра. Во овој момент јавниот долг изнесува 48 отсто од домашниот бруто-производ (БДП).

Државата се задолжи со 13,38 милиони евра, а планираше 3,6 милиони евра

Државата се задолжи со нови 13,38 милиони евра на домашниот пазар, а планираше да добие само 3,6 милиони евра. На аукцијата на тримесечни записи доби 1,95 милиони евра, додека на едногодишните записи доби 11,43 милиони евра. Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, реагираше дека со оваа аукција направен е нов нето-долг од 56 милиони евра. Во овој момент јавниот долг изнесува 48 отсто...

Наумов: Самоволното задолжување мора да престане за доброто на државата

И покрај одлуката на Управниот суд, со која е поништена одлуката на Државната изборна комисија, министерот Ставрески запиша нови 13,382 милиони евра и го зголеми јавниот долг за нето-износ од речиси 10 милиони евра - се вели во соопштението од кабинетот на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов. Според него, со петте одржани аукции, направен е нов нето-долг од 56 милиони...

Ново задолжување од 3,6 милиони евра кај домашните кредитори

Државата денеска ќе се задолжи 3,6 милиони евра кај домашните кредитори. Вчера, дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, изјави дека без негова согласност Министерството за финансии донело одлука за нова аукција на домашниот пазар за хартии од вредност, која треба да се одржи денеска. Од почетокот на годината се одржани четири аукции на домашниот пазар на хартии од вредност, со што...

Град Скопје: Фирма без соодветни документи и дозвола монтира панорамско тркало пред „Борис Трајковски“

Фирма регистрирана пред само еден месец, без соодветни дозволи и документи кои гарантираат безбедност, монтира панорамско тркало и други реквизити во Општина Карпош пред арената „Борис Трајковски“, обвинува Град...