fbpx
Таг: задолжување

таг: задолжување

ДС бара вонредна седница на која ќе се расправа за еврообврзницата

Демократскиот сојуз (ДС) ги повика граѓаните, граѓанските асоцијации, експертите, медиумите и политичките партии, преку демократски средства да ја блокираат реализацијата на еврообврзницата од 650 милиони евра. - Тргнувајќи од фактот дека задолжувањето го прави влада која е техничка и која за десетина дена ќе биде сменета, како и барањето на мнозинството граѓани да не се задолжува повеќе државата, апелираме до...

Министерство за финансии го осудува оштетувањето на државен имот

Министерството за финансии реагираше на вчерашниот протест на „Шарената револуција“, на кој фасадата на зградата на министерството доби неколку балони со боја. „Министерството за финансии го почитува неприкосновеното право на граѓаните за мирен протест, но го осудува вандалското однесување на поединци кои оштетуваат државен имот изграден со парите на граѓаните на Република Македонија“, велат од министерството. На вчерашниот протест, Единицата за...

Сугарески: Пратеничката група на опозицијата е против новото задолжување

Пратеничката група на СДСМ, НСДП, ЛДП и на ПДТ најжестоко се спротиставува на намерата на власта во заминување да ги задолжи граѓаните со издавање нова еврообврзница од 650 милиони евра, рече денеска на прес-конференција Горан Сугарески, координатор на пратеничката група на опозицијата. Тој рече дека новото задолжување е финансиско злосторство врз граѓаните, македонската економија и врз идните генерации. - Криминалната власт во...

СКСМ: Еврообврзницата е за задржување на социјалниот мир, а не за развој на економијата

Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСМ) изрази загриженост по повод намерата на државата да издаде еврообврзница во износ од 650 милиони евра и смета дека тие пари се за купување социјален мир, а не за внесување свеж капитал во стопанството. Според СКСМ, еврообврзницата ќе се искористи за покривање на тековните обврски, односно за исплата на плати и на пензии, а...

Вечерва нов протест на „Шарената револуција“

Вечерва, во 19 часот, пред Специјалното јавно обвинителство, „Шарената револуција“ ќе протестира против издавањето на еврообврзницата. Во најавата за протестот пишува дека нема правда додека јавниот долг вртоглаво се зголемува. „Протест! Нема правда кога јавниот долг вртоглаво расте. Секој граѓанин на Македонија веќе должи по 2.200 евра, а режимот сака да го задолжи за уште 330 евра, во очајнички обид да продолжи...

СДСМ: Миноски покажа непознавање на законската процедура за еврообврзница

  Со денешното соопштение, Министерството за финансии покажува дека новиот министер Кирил Миноски не ја знае процедурата за издавање еврообврзница и бара алиби и соучесници во другите институции за ова финансиско злосторство, пишува во реакцијата на СДСМ, на соопштението на Министерството. „Ставрески го напушти бродот што тоне. Богов срамежливо почна да се оградува од лудилото на задолжување, изјавувајќи дека уште од 2012 година...

Министерство за финансии: Еврообврзницата се издава во согласност со закон

Еврообврзницата се издава во согласност со Законот за јавен долг (член 18, став 5), реагираат од Министерството за финансии на вчерашната прес-конференција на Кире Наумов од СДСМ. Во соопштението на министерството се вели дека во членот од Законот за јавен долг пишува дека државни хартии од вредност во име на Република Македонија на меѓународен пазар издава Министерството за финансии врз основа...

Граѓаните иницираа петиција „Не за еврообврзницата“

Страницата „јавен долг.мк“ објави линк до граѓанска петиција „Не за еврообврзницата“, со која се повикуваат сите одговорни граѓани на Република Македонија да се потпишат дека не ја признаваат еврообврзницата од 650 милиони евра. „Јас, одговорна граѓанка/одговорен граѓанин на Република Македонија, изјавувам дека не ја признавам еврообврзницата од 650 милиони евра која Владата сака да ја издаде и дека не сакам да...

„Шарената револуција“ утре ќе протестира против новото задолжување

„Шарената револуција“ в понеделник, во 19 часот, пред Специјалното јавно обвинителство ќе протестира против издавањето на еврообврзницата. Во најавата за протестот пишува дека нема правда додека јавниот долг вртоглаво се зголемува. „Протест! Нема правда кога јавниот долг вртоглаво расте. Секој граѓанин на Македонија веќе должи по 2.200 евра, а режимот сака да го задолжи за уште 330 евра, во очајнички обид да...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги плаши потенцијалните инвеститори

Финансиско злосторство врз граѓаните е ограбувањето на милиони евра од аболираниот криминалец Зоран Заев и од неговиот злосторнички клан, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Кире Наумов. „Овие пари кои се украдени директно од буџетот на државата не се користат за исплата на пензии или инвестиции во градинки или училишта, туку кланот на аболираниот криминалец Зоран Заев ги користи за...

Наумов: Со издавањето на еврообврзницата, јавниот долг ќе надмине 5 милијарди евра

Одлуката да се издаде еврообврзница на износ од 650 милиони евра е финансиско злосторство врз граѓаните, економијата и врз идните генерации, обвини денеска на прес-конференција Кире Наумов од СДСМ. Тој рече дека со најавеното издавање на еврообврзницата на износ од 650 милиони евра, јавниот долг и официјално ќе го надмине износот од 5 милијарди евра или 54 отсто од БДП. -...

ЛДП: Не може да има фер избори, ако ВМРО-ДПМНЕ има 650 милиони евра на располагање

Либерално-демократската партија е сериозно загрижена од темпото и од нивото на задолженост на земјава, особено по официјализирањето на намерата на власта за издавање на нова еврообврзница од рекордни 650 милиони евра, изјави денеска на прес-конференција Филип Јаневиќ, портпаролот на ЛДП. - Овој чин на власта во заминување е погубен поради фактот што задолжувањето со еврообврзницата не е мотивирано заради продуктивна...

ФРОДЕМ: Издавањето еврообврзница од 650 милиони евра е економско злосторство

Намерата да се издаде еврообврзница од вртоглави 650 милиони евра е финансиско и економско злосторство врз граѓаните на Република Македонија, реагираат од Фронт за демократска Македонија (ФРОДЕМ). „Владата со која раководи технички премиер за спроведување на изборите, а која е под целосна контрола на вождот во заминување, со ова најново задолжување настојува да обезбеди пари за да купи уште едни...

Димова: Владата се задолжува со пари што може да ги троши без контрола

„Оваа криминално-корупциска власт намерно бега од ИПА-фондовите и од достапните европски пари, за да може да се задолжува со пари што може да ги троши без контрола“, истакна пратеничката на СДСМ, Лидија Димова, на денешната прес-конференција, по повод одлуката на Владата за издавање еврообврзница во износ од 650 милиони евра. Според неа, парите од ИПА-фондовите е тешко да се користат без контрола...

СДСМ: Со еврообврзницата задолжувањето на странскиот пазар ќе биде 920 милиони евра

„Со евентуалното издавање на еврообврзница од лудачки 650 милиони евра, Груевски само во рок од осум месеци ќе ги задолжи граѓаните, само на странскиот пазар, за 920 милиони евра. Доколку оваа еврообврзница се издаде, јавниот долг во еден ден ќе скокне на вртоглави 54 проценти од домашниот бруто-производ (БДП)“, се вели во соопштението на СДСМ за новото задолжување на Владата...

Државата ќе се задолжи со рекордни 650 милиони евра со издавање еврообврзница

Со издавањето на новата еврообврзница, државата ќе се задолжи со рекордни 650 милиони евра на странскиот пазар на капитал. Еврообврзницата ќе се отплаќа во период од 10 години и ќе биде издадена преку претставништвото на „Дојче банк“ во Лондон, a ќе котира и со неа ќе се тргува на ирската берза на хартии од вредност. Според пишувањата на агенцијата „Ројтерс“, од 11 јули...

Ново задолжување од 5,4 милиони евра кај домашните кредитори

Државата денеска кај домашните кредитори ќе се задолжи за 5,4 милиони евра, преку аукција на државни хартии од вредност. Ќе бидат понудени тримесечни записи со девизна клаузула, 12 месечни записи, како и обврзници на 10 и на 15 години. Првиот квартал од 2016 година, вкупниот јавен долг изнесува 4,33 милијарди евра или 45 проценти од домашниот бруто-производ.  

Поцков: Со ребалансот скратени 15 милиони евра за земјоделски субвенции

„Со последниот ребаланс, буџетот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и на руралниот развој е намален за 912 милиони денари. Тоа се 15 милиона евра помалку пари за субвенции за земјоделците“, изјави пратеникот на СДСМ, Сашко Поцков. Тој потсетува дека во последните пет години на земјоделците им се скратени повеќе од 140 милиони евра за субвенции. - Годинава се кратат многу пари...

СДСМ: Најавениот ребаланс на буџетот е погубен за Македонија

Единствената цел на новиот ребаланс на буџетот е создавање услови и атмосфера за ново задолжување преку еврообврзница, а новиот министер за финансии, Кирил Миноски, треба да знае дека тој носи директна одговорност со ставањето на сопствениот потпис за ново огромно задолжување на граѓаните, стои во реакцијата на СДСМ за предлог-ребалансот на буџетот што синоќа на седница го усвои Владата. „За...

Ново задолжување на државата од 12,6 милиони евра

Државата ќе се задолжи 12,6 милиони евра од домашните кредитори, преку аукција на државни хартии од вредност, со рок на доспевање од три месеци, една година и од петнаесет години. Во првиот квартал јавниот долг изнесува 4,3 милијарди евра, односно 45 проценти од домашниот бруто-производ.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...