fbpx

„Шарената револуција“ утре ќе протестира против новото задолжување

-

„Шарената револуција“ в понеделник, во 19 часот, пред Специјалното јавно обвинителство ќе протестира против издавањето на еврообврзницата.

Во најавата за протестот пишува дека нема правда додека јавниот долг вртоглаво се зголемува.

„Протест! Нема правда кога јавниот долг вртоглаво расте. Секој граѓанин на Македонија веќе должи по 2.200 евра, а режимот сака да го задолжи за уште 330 евра, во очајнички обид да продолжи да владее криминално. Нема да дозволиме! Не прифаќаме државата и граѓаните да тонат во долгови! Не ги признаваме долговите на расипниците“, пишува на фејсбук-страницата на „Шарената револуција“.

Последниот протест на „Шарената револуција“ беше во средата. Тогаш граѓаните побараа Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО и политичките партии да дозволат граѓанскиот сектор да учествува во преговорите за надминување на кризата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...