Државата денеска ќе се задолжи со 75,76 милиони евра од домашните кредитори

Државата ќе побара нов заем од 75,76 милиони евра од домашните кредитори.

На денешната аукција на хартии од вредност ќе бидат понудени шест месечни записи во вредност од 21,13 милиони евра и 12 месечни записи за 54,63 милиони евра.

Во овој момент јавниот долг изнесува 48 отсто од домашниот бруто-производ (БДП).