fbpx
Таг: вработени

таг: вработени

Вработените во „Југохром“ утре ќе го блокираат патот Скопје – Тетово

Утре, од 11 до 13 часот, вработените на „Југохром“ ќе го блокираат регионалниот пат Тетово - Скопјке, кај наплатната рампа во Желино, во двата правца, поради, како што велат, неоправдано исклучување на печките од погон. Протестот ќе го организира синдикалната организација „Југохром Алзар“, известија оттаму.

Просечната нето-плата во ноември била 22.380 денари

Просечната месечна нето-плата во ноември лани изнесувала 22.380 денари, додека просечната бруто-плата била 32.877 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година за 1,8 отсто се должи, пред сè, на повисоката исплатена нето-плата по вработен во секторите рударство и вадење камен за 10,5 проценти, уметност,...

Вработените во „Југохром“ и во новата година на принуден одмор

Статусот на вработените во комбинатот „Југохром“ и во новата година останува ист. Тие сè уште сe на принуден одмор и земаат околу 70 отсто од месечните примања, откако инспекторатот за животна средина во ноември лани донесе одлука за привремено затворање на комбинатот, поради доцнењето на изградбата на филтер-станицата. Од синдикатот на „Југохром“ велат дека за понатамошната судбина на работниците,...

445.000 граѓани живееле под прагот на сиромаштија во 2015 година

Стапката на сиромашни лица во Македонија во 2015 година изнесувала 21,5 проценти, објави Државниот завод за статистика. Минатата година 445.000 граѓани живееле под прагот на сиромаштија, кој за едночлено домаќинство изнесува 78.000, а за четиричлено домаќинство 164.000 денари годишен приход. Највисока стапка на сиромаштија има кај најмладите, односно децата до 17 години, и таа изнесувала 28,6 проценти, а најниска кај највозрасните, односно...

СКСЗМ ги прогласи најдобрите 100 албански компании

Стопанската комора на Северозападна Македонија денеска ги објави имињата на најдобрите албански компании во Македонија. Меѓу најдобрите сто се најуспешните албански компании во Македонија, кои се избираат врз основа на три главни категории, односно вкупниот годишен приход, нето-добивката и бројот на вработени. Со вкупен број од 5.077 вработени во компании кои се дел од каталогот за најдобрите 100 до крајот на 2015 година е...

Инциденти и судири на Крит помеѓу грчки земјоделци и вработени на пристаништето

Голема група грчки земјоделци се судрија со вработени на пристаништето на Крит, гневни поради еднонеделниот штрајк на вработените во поморските служби. Поради штрајкот, веќе една недела нема ниту еден брод од и кон островите во Грција што создава големи проблеми за снабдувањето на островите, но и за земјоделските производи кои треба да се пренесат кон копно. Групата земјоделци се собра на пристаништето...

Парите на македонските даночни обврзници завршуваат како добивка на странските фирми

Во периодот од 2007 до 2015 година, потрошени се вкупно 159 милиони евра за привлекување или поддршка на странските директни инвестиции, се вели во истражувањето „Вистинската цена на евтината работна сила: Политики за привлекување на странски директни инвестиции во Македонија, 2007-2015“ на Институт за општествени и хуманистички науки, кое беше објавено денеска. Анализирани се 25 фирми кои имаат добиено државна помош, чијшто...

Амети: „Југохром“ да постави филтри за вработените да се вратат на работа

Министерот за животна средина, Башким Амети, го повика раководството на комбинатот „Југохром“ да го забрза процесот за поставување филтри за да се исполнат условите комбинатот повторно да почне со работа, како што побараа и вработените што денеска еден час ја блокираа крстосницата кај Судска палата. Амети побара од раководството да најде решение за вработените додека не се постават филтрите на комбинатот. -...

Вработените од „Југохром“ во 12 часот ќе блокираат кај Судска палата

Синдикатот на вработените на комбинатот „Југохром“ денеска ќе организира уште еден протестен собир поради, како што велат, неоправданото исклучување на печките на фабриката. Мирниот протест ќе се одржи во Скопје, каде вработените еден час ќе ја блокираат крстосницата пред Судска палата. Протестот ќе почне во 12 часот. По 13 часот вработените ќе се упатат пред Инспекторатот на Министерството за животна средина,...

Вработените од „Југохром“ утре ќе ја блокираат раскрсницата пред Судска палата

Синдикатот на вработените на комбинатот „Југохром“ утре ќе организира уште еден протестен собир против, како што велат, неоправданото исклучување на печките на фабриката. Мирниот протест ќе се одржи в четврток во Скопје, каде вработените еден час ќе ја блокираат крстосницата пред Судска палата. Протестот ќе почне во 12 часот. По 13 часот вработените ќе се упатат пред Инспекторатот на Министерството за...

Вработени во Основниот суд Скопје 1 му поднеле нова кривична пријава на Панчевски

Вработени во Основниот суд Скопје 1 поднеле нова кривична пријава против претседателот на судот, Владмир Панчевски, со која го товарат дека ја злоупотребил службената положба, односно дека на 4 ноември распишал интерен оглас за позицијата судски администратор иако, според Законот за судска служба, за ова место е предвидено да биде распишан јавен оглас. Во врска со огласот, како што јавуваат...

Четири болници се целосно разурнати во бомбардирањата на Алепо

Болницата „Омар бин Абдул Азиз“ во источниот дел на Алепо, кој е под контрола на бунтовниците, целосно е уништена при бомбардирање, јавуваат светските медиуми. Засега нема податоци за жртви на тој напад, лекарите ја напуштале болницата, а во тој хаос ги изнесувале и пациентите кои биле приклучени на апарати. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека четири болници...

СЈО: УБК незаконски прислушувалa 5.817 телефонски броеви

Вкупно 5.817 телефонски броеви незаконски биле прислушувани од Управата за безбедност и контраразузнавање преку нејзините системи за следење на комуникација, во период од 2008 година до 2015 година, откри Специјалното јавно обвинителство во новиот случај „Таргет“, кој го презентира денеска. За десет поранешни и сегашни вработени во УБК, кои се наоѓале на раководни позиции или биле дел од пониски ешалони, постои...

ОЈО Гевгелија поднесе обвинение за експлозијата и за пожарот во „Балкан гасови“

Гевгелиското јавно обвинителство до судот поднесе обвинителен предлог против три лица и фирмата „Балкан гасови“ за експлозијата и за пожарот што лани во февруари се случија во фабриката во Богданци, а во кој загинаа тројца вработени и еден беше тешко повреден. Обвинетите, како што соопштија денеска од обвинителството, се товарат за тешки дела против општата сигурност и за повреда на...

Лани компаниите реализирале промет околу 17 милиони евра

Лани, 54.431 деловен субјект во Македонија реализирале вкупен промет од 17.316.520 евра и созделе додадена вредност од 3.702.504 евра, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во истиот период тие вработиле 368.067 лица. „Во споредба со 2014 година, бројот на претпријатија се зголеми за 1,3 отсто, а зголемување е забележано и во бројот на вработени за 4,2 проценти и додадената...

Данска фирма воведе шестчасовен работен ден

Малата фирма за преводи „Транслејтед бај ас“ (Translated by us) од Данска вовела шестчасовен работен ден, односно 30-часовна работна недела за своите вработени, пренесуваат данските медиуми. Мадс Блухер, сопственикот на фирмата која има само четворица вработени, но е во процес на ширење, истакнува дека не станува збор за „хипи експеримент“ туку за доста добро промислена одлука. Според него, со шестчасовен...

Заев до јавната администрација: Бидете спокојни, нема да отпуштаме

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска, во обраќање до вработените во државните институции, им порача да бидат спокојни, оти нема да има отпуштања во администрацијата. Тој истакна дека вработените во државните институции ќе бидат мотивирани да ја извршуваат својата работа, а не казнувани и оценувани како досега. „Ви се обраќам од главниот град, од административниот центар на Републиката да порачам дека...

Секој втор работник е пријавен на плата пониска од таа што реално ја добива

Речиси секој втор работник е пријавен на плата која е пониска од таа што реално ја добива, односно на секој втор работник му се исплаќаат придонеси за здравствено и за социјално осигурување на плата која е пониска од реалната. Ова го покажала анкетата спроведена од Центарот за истражување и креирање на политики (ЦИКП), во текот на мај и на јуни годинава. - Еден од десет работници воопшто немаат...

Амбасадорот Пломп учествуваше во еко–акција за собирање отпад на кејот на Вардар

Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп и вработените и раководството на „Пивара Скопје“ и на компанијата „Пакомак“, исчистија повеќе од три километри од кејот на реката Вардар во Скопје. - Како вљубеник во природата и планинар, забележувам дека загадувањето е голем проблем кој ги загрозува овие природни убавини. Единствен начин да се реши овој проблем е заеднички пристап на државните институции, бизнис-секторот и на граѓаните, а тоа...

Владата бара унапредувањето на вредните полицајци да се одложи за три години

Унапредувањето на вработени во Министерството за внатрешни работи (МВР) во повисок платен ранг наместо од 1 јануари 2017 година, како што е утврдено со актуелниот Закон за внатрешни работи, да почне да се применува од 1 јануари 2020 година. Ова е измената на Законот за внатрешни работи што ја бара МВР, а која в четврток, според најавената агенда, треба...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...