fbpx

Вработените во „Југохром“ и во новата година на принуден одмор

-

Статусот на вработените во комбинатот „Југохром“ и во новата година останува ист. Тие сè уште сe на принуден одмор и земаат околу 70 отсто од месечните примања, откако инспекторатот за животна средина во ноември лани донесе одлука за привремено затворање на комбинатот, поради доцнењето на изградбата на филтер-станицата. Од синдикатот на „Југохром“ велат дека за понатамошната судбина на работниците, сè уште се преговара со менаџерскиот тим на комбинатот.

– На работниците им се исплатени платите, денеска или утре се очекува да се исплати К-15. Сега најважно е што вработени уште се водат на принуден одмор, треба наскоро да се знае што понатаму со нив. Но, треба фабриката да се отвори, затоа што се виде дека и кога не работи, воздухот во Тетово и понатаму е екстремно загаден, во спротивно работниците мора да земаат некој надомест, не можат да останат на улица – рече Бајрам Амити, претседател на синдикатот на „Југохром“.

Генералниот директор на „Југохром“, Васко Скендеровски, изјави дека интензивно се работи на изградба на системот на отпрашување, кој беше главен причинител за затворањето на комбинатот.

– По новогодишните празници, „Југохром Алзар“ интензивно работи на имплементација на системот за отпрашување. Поради временските услови, направивме пауза, но се надеваме дека во наредните десетина дена ќе го завршиме бетонскиот фундамент на системот за отпрашување. До крајот на годинава, целосно ќе го изградиме овој систем – вели Скендеровски.

„Југохром“ ги згасна печките во ноември минатата година, откако инспекторатот за животна средина донесе одлука за привремено затворање на фабриката поради пробивањето на двегодишниот рок за изградба на системот за отпрашување. Неодамна од раководството на комбинатот поднесоа барање до второстепената владина комисија за повторно отворање на фабриката и за продолжување на рокот за изградба на системот за отпрашување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мета факт: Го нема ветениот нов електронски дневник, наставниците го користат стариот

Одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) најавија дека од минатиот септември, односно од учебната 2023/2024 година, ќе биде пуштен во употреба нов електронски дневник, со кој требаше...