fbpx
Таг: влада

таг: влада

Борисов и официјално одби да формира нова влада

Бугарскиот премиер во оставка, Бојко Борисов, објави дека и официјално ја одбил понудата на претседателот Росен Плевнелиев да формира нова влада, со што отвори пат за предвремени парламентарни избори напролет. - Постои морал и политичко достоинство. Ако еден ден народот одлучи за нов мандат, тогаш ќе бидеме спремни – рече Борисов. Лидерот на десниот центар поднесе оставка откако претседателска кандидатка на...

Екологистите бараат од Бернската конвенција да ги заштити Охридското Езеро и Галичица

Екологистите од Македонија поднесоа жалба до Бернската конвенција барајќи Охрид и Охридското Езеро, заедно со националниот парк Галичица, да се спасат од мегаломанските проекти. Бернската конвенција е надлежна за заштита на европскиот див свет и ги разгледува случаите со уништувањето на природното богатство. Најавените мегаломанските проекти ќе бидат оспорени по слична постапка како со „Луково поле“ и „Бошков мост“, а Конвенцијата,...

„Денот на дрвото“ ќе се одработува следната година

Вчерашниот неработен ден, на кој беше спроведена акцијата „Ден на дрвото“, ќе се одработува во текот на следната година. Ваква одлука донела Владата на седницата одржана на 25 ноември, а конкретниот датум, кога ќе биде одработен вчерашниот ден, ќе биде дополнително утврден. „На седницата одржана на 25 ноември 2016 година, Владата донесе одлука 30 ноември 2016 година да биде прогласен...

Тачи: Во идната влада ќе бараме да има само еден вицепремиер, но со право на вето

Лидерот на ДПА и носител на листа во изборната единица 6, Мендух Тачи, вечерва на митингот на партијата во Боговиње, Тетовско, порача дека ќе бараат во идната влада да има само еден вицепремиер, кој ќе има право на вето на одлуките на владата. Тој истакна дека на овие избори имаат програма која се разликува од таа на нивниот политички опонент,...

НВО Инфоцентар: Пописот на населението треба да биде приоритет на новата влада

„Македонија е единствена земја во Европа без спроведен попис на населението веќе 14 години и оваа исклучително важна статистичка операција не зазема значајно место во изборните програми на партиите и на коалициите“, се вели во соопштението на граѓанската организација НВО Инфоцентар. „Итен приоритет за новата влада формирана по изборите, меѓу другото, мора да биде подготовката и спроведувањето сеопфатен попис на...

Московичи: Грција е подготвена да сврти нова страница

Во тензична клима на несогласувања меѓу грчката влада и претставниците на Меѓународниот монетарен фонд, Светска банка и Еврпската централна банка и на неможност да се постигне договор на клучни теми, денеска во Атина пристигнува еврокомесарот за економски и финансиски прашања, Пјер Московичи. Московичи ќе се сретне со грчкиот премиер, Алексис Ципрас, и со министерот за финансии, Евклидис Цакалотос. Грција се надева на...

Општина Центар ги повика Владата и Град Скопје на итна седница за загадувањето

Општина Центар ги повика Владата и Град Скопје да свикаат итна седница, за да се договорат и брзо да реализираат мерки против енормното загадување на воздухот. „Во моментов, меѓу другото и поради изборната кампања, очигледно не се презема ништо во однос на ова горливо прашање. Ваквиот однос е недозволив бидејќи здравјето на граѓаните е поважно од сè, а ситуацијата со...

Вучиќ даде отчет за работењето по повод 100 дена од формирањето на српската Влада

По повод 100 дена од формирањето на Владата на Србија, српскиот премиер Александар Вучиќ, изјави дека оваа држава може да се пофали дека ги сочувала економската и политичката стабилност како и добрососедските односи, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. „Србија е стабилна и е на добар пат економски да напредува,“ изјавил Вучиќ на прес-конференција на која присуствувале сите членови на...

Бугарскиот парламент ја прифати оставката на премиерот Бојко Борисов

Бугарскиот парламент, со 218 гласа „за“ и двајца воздржани пратеници, денеска ја прифати оставката на премиерот Бојко Борисов. На 14 ноември, Борисов до народното собрание на Бугарија поднесе оставка на наговата влада, поради победата на независниот кандидат за претседател на Бугарија, Румен Радев, поддржан од Бугарската социјалистичка партија (БСП). Од утре ќе почнат консултациите за состав на новата влада која треба да ја...

Карго-аеродромот во Штип би можел да почне да се гради во 2020 година

Kарго-аеродромот во Штип би можел да почне да се гради во 2020 година доколку постојат услови за негова изградба, информираше заменик-директорот на „ТАВ Македонија“, Алпер Ерсој, на работилницата за авијација што се одржа во Струга. - Од 2010 до 2020 година ги испитуваме условите за изградба на овој аеродром во Штип. Доколку се покаже дека има услови, со изградбата би...

Кандидатот на опозицијата победи на претседателските избори во Бугарија, владата најави оставка

Генерал Румен Радев, кој ја доби поддршката од Бугарската социјалистичка партија, е петтиот демократски избран претседател на Бугарија. Тој освои 59,7 отсто од гласовите, додека кандидатот на владејачката ГЕРБ, Цецка Царева, освои само 35 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори. - Важна е победата. Победа за целиот бугарски народ. Демократијата ја победи најголемата апатија и страв. Да...

Ципрас ја објави новата влада

По целодневен политички трилер, преговори, калкулации, бришење и додавање имиња, вчера доцна вечерта беше објавен новиот состав на владата на Алексис Ципрас. Грчкиот премиер со ненадејната одлука за реконструкција направи делумни измени и ротации во грчките министерства, исклучи 13 стари министри и заменици, донесе 15 нови лица и го зголеми бројот на министерства од 15 на 18. Во новата...

Ципрас подготвува реконструкција на владата

Грција е во исчекување на нова владина реконструкција. Грчкиот премиер Алексис Ципрас го подготвува новиот состав на владата и можно е да го објави во текот на денот или најдоцна викендов. Иако на почетокот на неделата од кабинетот на Ципрас посочија дека реконтрукцијата не е приоритет во моментов, се чини дека грчкиот премиер поради сите проблеми со телевизиските концесии и...

Ципрас планира реформи во министерствата, реконструкцијата на чекање

Во подготовките за владина реконструкција, која е одложена, грчкиот премиер Алексис Ципрас планира реформи, поделба и зголемување на бројот на министерствата. Иако на почетокот на мандатот на владата на СИРИЗА дел од министерствата беа споени, грчкиот премиер сега размислува да оддели некои ресори, како, на пример, министерството за миграција кое е дел од министерството за внатрешни работи. Како што објавија...

Шпанија доби влада по 10 месеци криза

Шпанскиот конзервативен лидер Маријано Рахој положи заклетва за местото премиер на Шпанија. Рахој ја положи заклетвата пред кралот Фелипе, со што се стави крај на десетмесечната политичка криза во земјата. Маријано Рахој вчера во шпанскиот парламент доби поддршка за состав на новата влада. Се очекува новиот премиер в четврток да го соопшти составот на владата. Народната партија, на чие чело е Рахој,...

ЗНМ: Пешевски покажува дека нема основно домашно воспитување

Здружението на новинарите на Македонија остро гo осудува недоличното однесување на потпретседателот на Владата, Владимир Пешевски, кој минаната недела по прес-конференцијата на која го претставувал извештајот „Дуинг бизнис“ за Македонија, навредувал новинарка од дневниот весник „Вест“ поради тоа што прашала дали Владата размислува да ја помести старосната граница за одење во пензија на 67 години. Од ЗНМ во реакцијата објаснуват дека...

Во Тирана потпишан договор за изградба на далекувод помеѓу Албанија и Македонија

Албанската и германската влада денеска потпишале втор договор за изградба на 400-киловолтен далекувод кој ќе ги поврзува Албанија и Македонија, јави дописничката на „Мета“ од Тирана. Германската банка КФВ ќе финансира 50 милиони евра, а вкупно изградбата ќе чини 70 милиони евра. Должината на далекуводот од Елбасан до Битола ќе биде 151 километар, од кои 56 километри се на територијата на...

Горан Мариќ не му понудил оставка на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ

Хрватскиот министер без ресор, Горан Мариќ, ги демантираше медиумските информации дека понудил оставка ако не добие свој ресор и најави дека хрватското државно биро за државен имот ќе се трансформира во министерство со кое, најверојатно, ќе раководи тој. Во изјава за новинарите, по состанокот на премиерот Андреј Пленковиќ со министрите, Мариќ негираше дека поднел оставка на местото министер во владата со услов...

Прва оставка во новата хрватска влада

Министерот без ресор во хрватската влада, Горан Мариќ од Хрватска демократска заедница (ХДЗ), денеска поднесе оставка, јавува „Јутарни лист“. Причина за оставката, како што навел Мариќ, е што без јасен ресор не сака да биде во владата и побара неговото министерство да се вика Министерство за државен имот, наведува весникот. По вчерашниот состанок со премиерот Андреј Пленковиќ, кој траел цели два часа,...

Денеска се одбележува 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба

Денеска Репубилика Македонија го одбележува 23 Октомври - Денот на Македонската револуционерна борба. По повод празникот делегации на Собранието и на Владата на Република Македонија денеска ќе положат венци свежо цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО во паркот Жена-борец во Скопје. Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, напладне во свечената сала на Собранието на Република Македонија ќе...