fbpx

ЗНМ: Пешевски покажува дека нема основно домашно воспитување

-

Здружението на новинарите на Македонија остро гo осудува недоличното однесување на потпретседателот на Владата, Владимир Пешевски, кој минаната недела по прес-конференцијата на која го претставувал извештајот „Дуинг бизнис“ за Македонија, навредувал новинарка од дневниот весник „Вест“ поради тоа што прашала дали Владата размислува да ја помести старосната граница за одење во пензија на 67 години.

Од ЗНМ во реакцијата објаснуват дека Пешевски, иритиран од инсистирањето на новинарката да добие прецизен одговор околу намерата на Владата да ја помести старосната граница за заминување во пензија, ја прашал „Дали Вие можете да одговорите со да или не ако Ве прашам дали твоите дома знаат дека си проститутка“.

„Пешевски покажува дека нема основно домашно воспитување и политичка култура, што се граничи со силеџиство и со примитивизам. Ваквиот напад не е вперен само кон еден професионален новинар, на кој основна задача е да поставува неријатни прашања за политичарите, туку е напад и врз слободата на медиумите. Ваквите напади имаат цел да ги омаловажуваат и да ги заплашуваат новинарите да не бараат отчет за работата на јавните функционери и да ја убијат смислата на улогата на новинарството во демократско општество“, се вели во реакцијата на ЗНМ.

Оттаму соопштуваат дека непријатно се разочарани и од однесувањето на колегите што биле присутни на настанот и не реагирале на навредите на Пешевски.

„Апелираме во иднина во слични ситуации новинарите заеднички да реагираат и да покажат поголема солидарност. Крајно лицемерно е политичарите да бараат од медиумите да изестуваат професионално за изборната кампања кога во исто време физички напаѓаат и навредуваат новинари без да понесат каква било одговорност. Бараме вицепремиерот Пешевски јавно да се извини на новинарката, но и да поднесе политичка одговорност. Или сам да поднесе оставка или премиерот Емил Димитириев да го разреши.  Го потсетуваме Димитриев дека за слични навреди кон новинарка, спрскиот премиер го разреши министерот за одбрана. Истовремено ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да се огради од однесувањето на нивниот министер и член на најтесното партиско раководство и бараме да не го кандидираат за пратеник на следните избори. Во спротивно, ќе сметаме дека партијата оправдува и дозволува насилство и непримерно однесување кон новинарите“, стои во реакцијата од ЗНМ.

Како што пишуваа медиумите, Пешевски веднаш по инцидентот отишол во редакцијата на „Вест“ и ѝ се извинил на новинарката.

Download Best WordPress Themes Free Download
Download Best WordPress Themes Free Download
Download WordPress Themes
Download WordPress Themes
udemy paid course free download
download lenevo firmware
Download Nulled WordPress Themes
udemy free download