Во Тирана потпишан договор за изградба на далекувод помеѓу Албанија и Македонија

Албанската и германската влада денеска потпишале втор договор за изградба на 400-киловолтен далекувод кој ќе ги поврзува Албанија и Македонија, јави дописничката на „Мета“ од Тирана.

Германската банка КФВ ќе финансира 50 милиони евра, а вкупно изградбата ќе чини 70 милиони евра.

Должината на далекуводот од Елбасан до Битола ќе биде 151 километар, од кои 56 километри се на територијата на Албанија.

Изградбата на овој далекувод ќе почне во 2017 година, а целта е подобро снабдување со електрична енергија на двете земји, но и на регионот.