fbpx

Горан Мариќ не му понудил оставка на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ

-

Хрватскиот министер без ресор, Горан Мариќ, ги демантираше медиумските информации дека понудил оставка ако не добие свој ресор и најави дека хрватското државно биро за државен имот ќе се трансформира во министерство со кое, најверојатно, ќе раководи тој.

Во изјава за новинарите, по состанокот на премиерот Андреј Пленковиќ со министрите, Мариќ негираше дека поднел оставка на местото министер во владата со услов да добие ресор за министерството што го раководи.

– Не. Па, не ми треба министерство. Ако на Владата ѝ треба министерство, мене не ми треба министерство – рече Мариќ, одговарајќи на новинарско прашање дали синоќа на премиерот му рекол дека ќе даде оставка ако не добие ресор.

Мариќ соопшти дека на денешната седница на владиниот кабинет било одлучено следната недела бирото за управување со државен имот да се трансформира во министерство и оти со него веројатно ќе раководи тој.

– Владата не е „желботека“ да исполнува нечии желби, така што јас немам некои посебни, ексклузивни желби – рече Мариќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...