fbpx
Таг: Вистиномер

таг: Вистиномер

Германската амбасадорка не го посочи народот како главен виновник за корупцијата

Холштајн на прес-конференција по предавањето на донирана опрема за МВР зборуваше за корупцијата и потенцираше дека сите треба да научат како се води борбата против корупцијата, вклучително и граѓаните. Никаде во нејзината изјава таа не вели дека граѓаните се најголемиот виновник за корупцијата. Напротив, таа во почетокот на нејзината изјава се осврнува на поглавјето во пристапниот процес кон Европската...

Не е точно дека претставници на Европскиот парламент го газат знамето на Донецката Народна Република

Оваа информација e објавена на 8 декември годинава, на Јаху Њуз. Луѓето кои го газат знамето воопшто не се претставници на Европскиот парламент, а видеото е снимено месеци по почетокот на воената инвазија на Русија врз Украина, така што ова видео не би можело да биде една од причините за инвазијата, спротивно на она што се тврди во постот,...

Со лажна наградна игра и злоупотреба на брендот Киппер се измамуваат корисниците на социјалните мрежи

Дека станува збор за лажна наградна игра покажува и самата страница креирана специјално за да се промовира наводната наградна игра. На страницата нема официјални податоци, контакт, нема континуитет на објави, туку има само два поста кои се со невистинитата наградна игра. Очигледната намена за која е креирана оваа страница и севкупната лажна наградна игра е со измама да се...

Вакцината против ковид-19 и канцерот немаат меѓусебна корелација

Бројни медицински експерти велат дека нема докази кои ја поврзуваат вакцината против ковид-19 со канцерот и нотираат дека растот на бројот на случаи се објаснува со задоцнетиот скрининг во текот на ковид пандемијата. Тврдењето дека канцерот се појавува за месец или два после вакцинацијата е биолошки неможно. Онколозите нотираат  дека изложувањето на канцерогени состојки, може да потрае и години...

Шега од филм на Дизни погрешно контекстуализирана како љубов кон сатаната

Во филмот на Дизни, делот каде е прикажана секвенцата со натписот „Те сакаме сатано“ (We love you Satan) е дел од шега. Како што може да се види од  извадокот за оваа епизодата,  Дедо Мраз ги поправа елфовите, по што тие правилно се распоредуваат во редот и натписот гласи „Те сакаме Дедо Мраз“ (We love you Santa). Во постот што...

Пропуштен контекст: Тенденциозно и наменски се тврди дека Зеленски забранува цркви

Во постот што го рецензираме, во којшто се тврди дека украинскиот претседател забранува цркви и опозициски партии, се пропушта контекстот. Зеленски кажа дека Украина ќе ги ограничи активностите на верските организации поврзани со Русија на нејзината територија и ќе го испита статусот на Православната црква, кој зависи од Московската патријаршија. Но, во постот не се споменува  дека Украина има...

НАТО и „парамилитарните кримоси“ во Арачиново – класична дезинформација

Станува збор за анти-НАТО дезинформациска реторика насочена кон поткрепа на програмските цели и дејствувањето на партијата Левица, која создава/шири дополнителна недоверба во институциите на државата („недопирливи“), но и во меѓуетничките односи, зашто може да се поврзе и со настаните од јуни 2001 година. Тврдењето кое како утврден факт беше пренесено на некои онлајн медиуми со сензационалистички наслов ЕВЕ ЗОШТО...

ИПИС: Речиси 38 отсто испитаници сметаат дека „некој друг“ е виновен за воената инвазија на Русија врз Украина

Анкетата на ИПИС покажува дека 21,9 отсто од испитаниците сметаат дека одговорноста за воените дејствија е исклучиво на Русија, 4,1 отсто сметаат дека одговорноста лежи во Украина, додека 16,8 отсто сметаат дека подеднакво се одговорни и Русија и Украина. Понатаму, 19,4 отсто од испитаниците не можат да утврдат кој е виновен, додека рекордни 37,8 отсто сметаат дека тоа е...

Нема докази дека крвта на вакцинираните е небезбедна за трансфузија

Неосновани се тврдењата дека крвта од вакцинирани лица е небезбедна за трансфузија, односно за некој друг да ја прими. Од Институтот за трансфузиона медицина за Вистиномер велат дека врз основа на Европските водичи за крводарување и Европскиот центар за превенција и контрола на болести, крводарувањето е безбеден процес кај лица кои се вакцинирани или прележале болест ковид-19 по изминување...

Медицинската сестра која лажно вакцинираше доби 6 месеци условна казна и одземена ѝ е лиценцата

Овој пост што се споделува на Фејсбук е со пропуштен контекст. Во постот не се споделува линкот кој води до целосниот текст на Дејли Мејл, туку само насловот, па се добива впечаток дека поранешната медицинска сестра е ослободена. Но, тоа не е така. Кога ќе се отвори текстот на Дејли Мејл, може да се прочита дека нејзе не ѝ...

Стаорци изеле дрога во полициска станица во Индија, не во С. Македонија

Текстот  нема никаква поврзаност со С. Македонија, настанот се случил во Индија и индиската полиција соопштила дека стаорци изеле 200 килограми запленет канабис. Насловот на текстот споделен во постот претставува типичен пример на комбинација од „кликбејт“ (clickbait) и недостаток на контекст (missing context). Го измамува читателот кога ќе го види споделен на социјалните мрежи, да помисли дека кога ќе...

Симболот на елката во Латвија нема корени во нацизмот, туку во латвискиот фолклор

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот. Иако симболот на божиќните украси изгледа како нацистичка свастика, станува збор за огнен крст (ugunskrusts) којшто има потекло од латвискиот фолклор и историја. Националната енциклопедија на Министерството за култура на Латвија, објаснува дека иако симболот може да има контроверзна интерпретација, сепак се темели на латвиската митологија. На територијата на Латвија, најстарите...

Професорот Пановски не рекламира никаков лек против паразити

Не е првпат на социјалните мрежи да се појавуваат лажни реклами за одредени препарати кои ги нудат измислени лекари или се злоупотребуваат имињата на еминентни доктори. Овојпат на мета е познатиот македонски епидемиолог д-р Пановски кој очигледно нема никаква врска со рекламирањето на некаков лек против паразити. Тој самиот досега во неколку наврати реагираше на Фејсбук дека неговото име...

Новиот клинички центар за три години исцица половина милион евра за дваесетина хонорарци

Вистиномер го проверуваше секое лице на чија сметка се слеале пари во последните три години од проектната единица за изградба на нов Клинички центар – сумите се движат од 5.500 до 90.000 денари месечно. Што точно работеле овие лица останува нејасно, бидејќи нема никаква најава за изградба на нов клинички центар во Скопје, а не беше направена ниту реконструкција...

Студија на Лансет не покажува дека на вакцинираните им слабее генералниот имунитет

Во насловот споделен во постот неточно се тврди дека на вакцинираните ќе им опадне општиот имунитет, односно заштитата на нивното тело против болести, неколку месеци по вакцинацијата. Студијата на Лансет не покажува слабеење на имунитетот кај вакцинираните по неколку месеци, туку слабеење на заштитата што ја нуди вакцината против ковид-19 по неколку месеци. Тоа се две различни работи, пишува „Вистиномер“ во...

Интернационалната вселенска станица на НАСА не е лажна

Интернационалната вселенска станица орбитира 250 милји над земјата од 1998 година, но ротирачка екипа од астронаути не почна да живее таму континуирано, сè до 2 ноември 2020 година. Кога првиот астронаут пристигнал во вселенската станица, таа се состоела од само три модули со големина на една соба. Интернационалната вселенска станица на НАСА беше градена дел по дел, а не...

Тестот кој може да детектира и ковид и грип не значи дека двата вируса се исти

Станува збор за комбиниран тест, кој детектира и ковид-19 и грип, а тоа не ги прави двата вируса исти, ниту, пак. покажува дека имаат ист причинител. Тоа патем го пишува и во самото упатство за тестирање. Не е точно дека сега е сменето само пакувањето и дека порано сите тестови со кои се детектирал ковид-19, всушност, биле тестови за...

Контраспин: Најголемите партии спинуваат за договорот на ЈСП со „Пуцко Петрол“

Помеѓу фиксна цена на горивото и фиксна цена на маржата има огромна разлика. Но, најголемите политички партии во државата ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ упорно со денови спинуваа околу ова прашање и со јавноста комуницираа со ставови дека ЈСП ќе му плаќа на „Пуцко Петрол“ фиксна цена за гориво од по околу 2 евра за литар, иако цената на дизелот паѓа...

Со изоставени информации, се проблематизира ефикасноста на вакцината против ковид

Во текстот на Вашингтон пост, навистина се информира дека коронавирусот не е повеќе пандемија само на невакцинираните, но тоа не значи дека вакцината е виновна за смртноста. Според Вашингтон пост, „да се биде невакциниран сè уште е најголем ризик фактор за смрт од ковид-19“, но сепак, ефикасноста на вакцината со текот на времето избледува и затоа е потребно да...

Говор на Бил Гејтс за намалување на емисиите на јаглероден диоксид изваден од контекст

Видеоматеријалот споделен во постот е изваден од контекст. Тука е злоупотребен настапот на Гејтс во 2010 година во „ТЕД Разговорите“ , каде тој зборува за чекорите неопходни за да се намали емисијата на јаглероден диоксид. Тој не кажува дека треба да се намали бројот на постоечки луѓе на планетата преку вакцинација, туку говори за неодржливото ниво на раст на...

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува...