fbpx

Интернационалната вселенска станица на НАСА не е лажна

-

Интернационалната вселенска станица орбитира 250 милји над земјата од 1998 година, но ротирачка екипа од астронаути не почна да живее таму континуирано, сè до 2 ноември 2020 година. Кога првиот астронаут пристигнал во вселенската станица, таа се состоела од само три модули со големина на една соба. Интернационалната вселенска станица на НАСА беше градена дел по дел, а не целата одеднаш. На сајтот на НАСА постојано се ажурираат нови податоци за вселенската станица. Таа е прва вселенска станица изградена од страна на повеќе држави преку нивна меѓународна соработка, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалнатата мрежа Фејсбук во кој се вели дека  „интеренационалната вселенска станица на НАСА е лажна” и дека е  „најголемото технолошко остварување без ниту едно видео од нејзината конструкција”.

Потоа во постот се споделува фотографија каде логото на НАСА е изменето и пишува ЛАЖГОВЦИ, се наведува дека се работи за „интернационална лажна станица” и на фотографијата дополнително пишува дека нама ниедно видео од конструкцијата на оваа вселенска станица.

Не е вистина дека интернационалната вселенска станица на НАСА е лажна и дека од нејзината конструкција нема ниедно видео. На следниот линк, медиумот Бизнис Инсајдер, објавува текст по повод 15 годишнината од изградбата на вселенската станица. Во склоп на тој текст, има и видео од нејзината изградба.

Интернационалната вселенска станица орбитира 250 милји над земјата од 1998 година, но ротирачка екипа од астронаути не почна да живее таму континуирано, сè до 2 ноември 2020 година. Кога првиот астронаут пристигнал во вселенската станица, таа се состоела од само три модули со големина на една соба. Во 2015 година, кога е објавен текстот на Бизнис Инсајдер, интернационалната вселенска станица е со големина на фудбалско игралиште и е лабораторија во вселената.

На следното видео објавено од НАСА, може да се погледне изградбата на вселенската станица.

Според описот на НАСА, денеска лабораторијата во вселената е домаќин на дузина астронаути и консмонаути од целиот свет, за да ја исполни својата мисија да овозможи перманентно човечко присуство во орбитата. Интернационалната вселенска станица на НАСА беше градена дел по дел, а не целата одеднаш. На сајтот на НАСА постојано се ажурираат нови податоци за интернационалната вселенска станица.

Интернационалната вселенска станица е прва вселенска станица изградена од страна на повеќе држави преку нивна меѓународна соработка. Првите модули на станицата беа лансирани и меѓусебно поврзани во 1998 година. Извор на енергија за оваа станица се сончевите колектори, а за транспорт на луѓе и материјали до станицата се користат американските вселенски летала Спејс Шатл, преку проектот Спејс Транспортејшн систем, како и руските вселенски летала Сојуз и Прогрес.

Гардијан на 21 септември годинава објави дека руската вселенска агенција Роскосмос и НАСА во исто време емитувале снимка во живо од лансирањето од Казахстан, а коментаторите велеле дека посадата се чувствува добро. Астронаут од САД и двајца руски космонаути безбедно пристигнале во интернационалната вселенска станица.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека постот кој го рецензираме е невистинит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...