Студија на Лансет не покажува дека на вакцинираните им слабее генералниот имунитет

-

Во насловот споделен во постот неточно се тврди дека на вакцинираните ќе им опадне општиот имунитет, односно заштитата на нивното тело против болести, неколку месеци по вакцинацијата. Студијата на Лансет не покажува слабеење на имунитетот кај вакцинираните по неколку месеци, туку слабеење на заштитата што ја нуди вакцината против ковид-19 по неколку месеци. Тоа се две различни работи, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува напис со наслов:

Предупредување до вакцинираните, студија на реномираниот Лансет покажува слабеење на имунитетот кај вакцинираните лица по неколку месеци.

Во текстот се вели дека студија на Лансет се бавела со ефективноста на вакцината за ковид-19 и падот на имунитетот на вакцинираните со текот на времето.  

Се вели дека шест месеци после втората доза, а особено 8 месеци после втората доза, кај некои ранливи поединци, вакцините имале мала, па дури и негативна ефикасност, а најалармантни биле бројките кај лицата постари од 80 години или кај тие со коморбидитети.

Вистиномер ја пронајде студијата и таа не го прикажува изнесеното во насловот споделен во постот што го рецензираме. Имено, ваквиот наслов  укажува дека на вакцинираните ќе им опадне општиот имунитет односно заштитата на нивното тело против болести и тоа неколку месеци по вакцинацијата.

Тоа не е точно.

Студијата ги испитува ризиците од тоа некој што е вакциниран да се зарази со ковид, да биде хоспитализиран и да почине до 9 месеци после втората доза на ковид вакцината. Во оваа студија како што може да се види, се известува дека вакциналната ефективност се намалува со текот на времето, што значи дека заштитата што ја нуди вакцината не е перманентна!

Во студијата се вели дека баш затоа треба да се администрира трета вакцина односно бустер, и тоа кај ранливите групи во повисок ризик од сериозни последици од ковид-19, заради тоа што кај тие луѓе побрзо избледува вакциналниот имунитет.

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на листата на...

Осуммина осомничени за престрелката во Чаир во која загина едно лице, по тројца од нив сè уште се трага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта...

Со концертни настапи се отвори новото медиумско јадро за независната музичка сцена – Стереолаб

Пред стотици поддржувачи на независната музичка сцена и со куси концертни настапи на неколкуте музички бендови, и на веќе докажани музичари и диџеи се отвори новото онлајн радио и медиумското јадро...

Децата во С. Македонија не примаат „секакви експериментални вакцини“, туку проверени и испитани

Не е точно дека децата во Македонија примаат „секакви експериментални“ вакцини, како што тоа сака да го прикаже објавата. Министерството за здравство на страницата за информации околу вакцините и задолжителната имунизација,...

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на...