fbpx

Со изоставени информации, се проблематизира ефикасноста на вакцината против ковид

-

Во текстот на Вашингтон пост, навистина се информира дека коронавирусот не е повеќе пандемија само на невакцинираните, но тоа не значи дека вакцината е виновна за смртноста. Според Вашингтон пост, „да се биде невакциниран сè уште е најголем ризик фактор за смрт од ковид-19“, но сепак, ефикасноста на вакцината со текот на времето избледува и затоа е потребно да се примаат редовни бустери, за да се намали ризикот од коронавирусот, особено за повозрасните. И ова е главната поента, наспроти изнесеното во постот што го рецензираме, дека „најмногу починуваат вакцинираните“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува странски напис и се вели:

Педесет и осум проценти од починатите во август 2022 година се вакцинирани! Конечно и лажливците Вашингтон Пост пишуваат за ова. А на друга слика уште убедуваат да се вакцинираме. Ајде сфати и верувај и на науката. Пандемија на невакцинирани или на вакцинирани.

Меѓутоа, кога ќе се пристапи до текстот на Вашингтон пост кој се споменува во постот кој го рецензираме и кога ќе се прочита истиот, се доаѓа до заклучокот дека голем дел од фактите изнесени во текстот што се споделува, воопшто не се споменати во текстот на Вашингтон пост. Оттаму, може да се заклучи дека поради изоставување на важни податоци во споделениот текст, сосема е пропуштен контекстот.

За што точно се работи? Имено, во текстот на Вашингтон пост, навистина се информира дека коронавирусот не е повеќе пандемија само на невакцинираните, но тоа не значи дека вакцината е виновна за смртноста. Според Вашингтон пост, „да се биде невакциниран сè уште е најголем ризик фактор за смрт од ковид-19“, но сепак, ефикасноста на вакцината со текот на времето избледува и затоа е потребно да се примаат редовни бустери, за да се намали ризикот од коронавирусот, особено за повозрасните. И ова е главната поента, наспроти изнесеното во постот што го рецензираме, дека „најмногу починуваат вакцинираните“.Како што пишува во текстот на Вашингтон пост, за првпат, најголемиот дел од Американците кои умираат од коронавирусот, примиле барем една доза од вакцината. Педесет и осум проценти од смртните случаи од коронавирусот во август биле луѓе кои биле вакцинирани или примиле еден бустер.

Како што расте стапката на вакцинација и се појавуваат нови варијанти, делот на смртни случаи кај луѓе кои се вакцинирани расте. Во септември 2021 година, вакцинираните сочинуваа само 23 проценти од смртните случаи од коронавирусот. Во јануари и февруари годинава, тој процент порасна на 42, пишува во текстот.

Поради тоа главниот експерт за инфективни болести во САД, Ентони Фаучи, на брифинг во Белата Куќа порачал граѓаните на САД да ја примат вакцината специфична за варијантата омикрон.

Од текстот на Вашингтон пост произлегува дека причината за тоа што меѓу починатите има поголем процент на лица кои се вакцинирани, не е тоа што вакцината е причина за смртта, туку поради тоа што ефектот на вакцината со текот на времето се намалува. Вториот факт кој произлегува од текстот на Вашингтон пост, а кој не е споменат во постот што го рецензираме, а поради што се добива погрешен контекст на целиот наратив од постот, е тоа што во САД има вакцина против ковид-19 специфична за варијантата омикрон. Токму оваа вакцина Ентони Фаучи апелира да се прими. Базирано на истражување, Вашингтон пост посочува на анализа на Центарот за контрола и превенција на болести во САД, во која пишува дека вакцините продолжуваат да бидат ефективни во намалувањето на смртноста поврзана со ковид-19.

Вакцините против ковид-19 продолжуваат да го намалуваат ризикот од смртност во сите старосни групи, вклучително и постарите, со најголема заштита на луѓе кои примиле повеќе од два бустери. Иако најголемата стапка на смртни случаи поврзани со ковид-19 ја има во болници, во периодот меѓу јануари и септември 2022 година, зголемена стапка на смртни случаи поврзани со ковид-19 е пријавена во домови за нега на стари лица, споредено со претходните години од пандемијата, пишува во анализата на Центарот за контрола и превенција на болести.

Поради сите горенаведени факти постот што го рецензираме го оценуваме како објава во која се пропушта контекстот. Не е наведено, односно изоставени се фактите дека причината поради која се апелира на вакцинација, е тоа што има специфична вакцина против омикрон во САД, а и не е наведено дека со текот на месеците заштитата од вакцината го губи ефектот, поради што се препорачуваат бустери.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...