fbpx

Шега од филм на Дизни погрешно контекстуализирана како љубов кон сатаната

-

Во филмот на Дизни, делот каде е прикажана секвенцата со натписот „Те сакаме сатано“ (We love you Satan) е дел од шега. Како што може да се види од  извадокот за оваа епизодата,  Дедо Мраз ги поправа елфовите, по што тие правилно се распоредуваат во редот и натписот гласи „Те сакаме Дедо Мраз“ (We love you Santa). Во постот што го рецензираме е прикажана  само фотографија, а не целосната сцена од која е евидентно дека станува збор за шега, па затоа погрешно може да се разбере вистинскиот контекст, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува напис и се вели:

Новата божиќна серија на Дизни прикажува деца кои велат Те сакаме сатано ВИДЕО

Во текстот се тврди дека новата божиќна серија на Дизни, Дедо Мразовци е предмет на бес зашто во една сцена од шоуто се прикажувале деца кои држат букви кои ја сочинуваат фразата  „те сакаме сатано“. Понатаму се додава дека бранителите на шоуто тврделе дека сцената каде децата го покажуваат натписот „те сакаме сатано“ требало да гласи  „те сакаме Дедо Мраз” и дека станува збор за само една од многуте комични сцени во филмовите, но дека на родителите наводно, тоа не им било воопшто смешно.

Создавањето серии што ги индоктринираат децата да го сакаат сатаната не прави ништо добро за иднината и преживувањето, се вели во текстот споделен во постот што го рецензираме.

Проверувачите на факти на Политифакт, велат дека извадокот е од третата епизода на серијалот, кога елфовите ја формираат фразата  „Те сакаме сатано” (We love you Satan). Потоа Дедо Мраз ги поправа во врска со спелингот, односно со правилното пишување на зборовите, по што елфовите погледнуваат во буквите, ја сфаќаат грешката и ја менуваат својата формација така што новата формација на буквите е „Те сакаме Дедо Мраз” (We love you Santa). Потоа Дедо Мраз им дава пофалби. Така што, станува збор за очигледна шега во епизодата, наспроти тврдењето дека со филмот се промовира сатаната или љубовта кон сатаната.

До истиот заклучок доаѓаат и проверувачите на факти на Фулфект, кои пишуваат дека не станува збор за сублимирана порака, туку за шега.

Ројтерс, исто така, посочува дека поради фактот што на интернет информацијата се шири преку само една фотографија од филмот, без да се долови севкупната секвенца, настанува погрешно контекстуализирање на целата ситуација која е шега.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека во овој пост се пропушта контекстот. Во филмот на Дизни, делот каде е прикажана секвенцата со натписот „те сакаме сатано“ е дел од шега. Како што може да се види од  извадокот за оваа епизодата,  Дедо Мраз ги поправа елфовите, по што тие правилно се распоредуваат во редот и натписот гласи „Те сакаме Дедо Мраз“. Во постот што го рецензираме, прикажана е само фотографија, а не целосната сцена од која е евидентно дека станува збор за шега, па затоа погрешно може да се разбере вистинскиот контекст. Фактички со изоставување на важни информации – целосната видео секвенца, се пренесува и погрешна порака.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...