fbpx
Таг: уставен суд

таг: уставен суд

Жестока расправа во Уставниот суд за правото на УБК да прислушува без судски налог

Иницијативата за законитоста и за уставноста на членот 175 од законот за електронски комуникации предизвика обемна и жестока дебата меѓу уставните судии. Во дискусијата се вклучија сите деветмина судии, кои неколкупати ги изложуваа аргументите и се убедуваа за и против прифаќање на иницијативата. Мнозинството судии се за прифаќање на иницијативата бидејќи, како што образложи судијата Ангелина Маркудова, со директниот пристап и...

Уставен суд денеска расправа дали УБК може да прислушува без судски налог

Уставниот суд ја почна расправата за уставноста и законитоста на контроверзниот член 175 од Законот за електронски комуникации, со кој на телекомуникациските оператори во земјава им се наложува „да ги обезбедат сите неопходни технички услови за да ѝ овозможат на УБК да ги следи комуникациите во нивните мрежи, без судски налог“. Судија известител е Ангелина Маркудова. Иницијативата за разгледување на...

Истекува рокот на СЈО за обвиненија: Ќе реагираат ли Собранието и Уставниот суд

Денеска истекува првиот рок од 18 месеци за поднесување обвиненија од страна на Специјалното јавно обвинителство, односно за предметите што тоа ги презеде од Основното јавно обвинителство на 4 декември 2015 година, со што останува енигма што ќе се случува со овие случаи. На 30 јуни, пак, истекува и рокот за поднесување обвиненија за случаите што произлегуваат од прислушуваните материјали кои...

СЈО исчезна од изјавите на партиите и на меѓународната заедница

Во еуфоријата што завладеа во земјава по формирањето на новото парламентарно мнозинство, изборот на нов спикер на Собранието и по вчерашното доделување на мандатот за формирање нова влада, од наративот на партиите од мнозинството целосно исчезна Специјалното јавно обвинителство и продолжувањето на неговиот мандат за подигнување обвиненија. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим имаат уште околу еден месец...

Уставен суд ја објави одлуката за земјоделските субвенции

Уставен суд на својата веб-страница ја објави одлуката за субвенциите на земјоделците, што ја донесе на седницата на 10 мај. Со ова, се овозможува субвенциите да бидат исплатени од Министерство за финансии, кое чекаше одлуката да биде објавена. „Со оспорената забрана за исплата на субвенциите се доведува во прашање остварувањето на легитимните очекувања на оваа категорија граѓани, кои веќе инвестирале...

Субвенциите ќе може да се исплаќаат додека Уставниот суд не одлучи поинаку

Субвенциите на земјоделците ќе може да се исплаќаат, пресече Уставниот суд, кој на денешената седница со мнозинство гласови донел одлука да поведе постапка за оценка на уставноста и на законитоста на членот 8-а од Изборниот законик и на членот 11 од Законот за спречување на корупција. Истовремено, Уставниот суд донесе и привремена мерка со која се запира извршување на овие...

Уставен суд не поведе постапка, мандатот на градоначалниците им завршува на 15 мај

Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста и на законитоста на иницијативите со кои се бараа измени во Законот за локална самоуправа и во Изборниот законик за продолжување на мандатот на градоначалниците и на советите на општините. Ова значи дека актуелните закони остануваат на сила, односно на градоначалниците и на општинските совети мандатите...

Захариев: Владини повереници се можно решение ако дојде до блокада на општините

Градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев, во пресрет на утрешната седница на Уставниот суд на која треба да се одлучува по иницијативите за продолжување на мандатот на градоначалниците, денеска изјави дека доколу уставните судии ја отфрлат иницијативата, решение на проблемот со функционирањето на општините по 15 мај, може да биде назначување на владини повереници, што, според него, би било...

Не е работа на Уставниот суд да создава закони, туку да ги толкува, смета СДСМ

Уставниот суд да не навлегува во креирање на правото, бидејќи не е негова надлежност да создава закони, туку да ги толкува, изјави денеска портпаролот на СДСМ и пратеник, Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање во врска со утрешната седница на Уставниот суд, на која треба да се одлучува по иницијативите за продолжување на мандатот на градоначалниците и на советите на...

Уставниот суд в среда ќе расправа за продолжување на мандатот на градоначалниците

Уставниот суд на Република Македонија в среда, на 10 мај, сепак, ќе ги разгледува иницијативите за укинување на два члена од Законот за локална самоуправа и од Изборниот закон со што ќе се овозможи градоначалниците и советниците да останат на своите функции до одржувањето на локалните избори. Имено, судот денеска соопшти дека со две нови иницијативи ја проширува агендата за...

Миноски: Пари за субвенции за земјоделците има, чекаме на Уставен суд

- Доколку Уставниот суд го оспори членот од Изборниот законик, нема да постојат пречки за исплата на субвенциите. Имаме соодветна ликвидност - изјави министерот за финансии, Кирил Миноски, за „Телевизија 24“. Тој се надева дека парите ќе се исплатат во законски предвидениот рок до 30 јуни. Од Уставниот суд за „Алсат-М“ потврдиле дека ќе решаваат дали министерот за финансии во заминување,...

Арифи: Ќе го чекаме Уставниот суд да „пресече“ за локалните избори

Потпретседателката на ДУИ, градоначалничка на општина Тетово, Теута Арифи, изјави дека за разврска на политичката криза најважно е да се избере претседател на Собрание. Таа не ја исклучува можноста за лидерска средба, нагласувајќи дека „ДУИ никогаш не бегала од средби, било да се лидерски или на други нивоа“. - Најважно е да се избере претседател на Собрание. ДУИ никогаш не...

Локалните избори, СЈО и прислушувањето ги нема на агендата на Уставниот суд до 10 мај

Уставниот суд, првата седница по велигденските празници и по Први мај ја закажа за 10 мај, а на неа, според објавената агенда, судиите ќе расправаат по само две иницијативи. На дневен ред на седницата ги нема клучните иницијативи, за кои има најголемо интересирање во јавноста, односно оние за Законот за Специјалното јавно обвинителство, за локалните избори и за прислушувањето преку телеком-операторите. Најсвежи...

Две иницијативи до Уставниот суд да го продолжи мандатот на градоначалниците

Министерството за локална самоуправа и Светскиот македонски конгрес (СМК) поднеле иницијативи до Уставниот суд со кои бараат укинување на два члена од Законот за локална самоуправа и од Изборниот законик, со што ќе се овозможи градоначалниците и советниците да останат на своите функции до одржувањето на локалните избори, објави „Сител“. Според актуелниот Изборен законик, локалните избори требаше да се одржат...

Судска ферија – предметите на СЈО на стенд-бај до 3 мај

Во зовриена политичка атмосфера, која никако не губи интензитет, судиите и главните судски инстанци ги ставија на стенд-бај клучните судења и седници, а деновиве како да си дадоа ферија со спојување на велигденските празници и на Први мај. Уставниот суд за оваа недела, односно за денеска нема закажано седница, а засега нема објавено агенда ниту за седница за следната недела. Врховниот...

Уставниот суд привремено ја стопира одлуката на Владата за барокна фасада на ГТЦ

Уставниот суд на денешната седница со мнозинство гласови одлучил да поведе постапка за утврдување на уставноста и на законитоста на членот 50 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, особено за ставот 2 од овој член и терминот „посебен интерес“. „Градба од посебен интерес за која ќе се изработи урбанистичко-планската документација од став 1 на овој член се утврдува со...

Уставниот суд на Шпанија го блокираше референдумот за независност на Каталонија

Уставниот суд на Шпанија привремено ги блокираше плановите на каталонската регионална влада за финансирање референдум за независност, кој требаше да се одржи годинава. Претходно шпанската влада правно ги оспори ваквите планови. „Суспензијата на каталонските планови, за почеток, ќе траат пет месеци додека Уставниот суд ја разгледа владината тужба, по што ќе донесе одлука“, соопшти судот. Односите меѓу Каталонија и владата...

Уставните судии ја одложија расправата за прислушувањето преку телеком-операторите

Уставните судии денеска го одложија за една од наредните две седници разгледувањето на иницијативата за оценување на уставноста и на законитоста на контроверзниот член 175 од Законот за електронски комуникации. Причина за ваквата одлука, како што беше истакнато на денешната седница, е обемниот материјал доставен во прилог на иницијативата. Разгледувањето на оваа иницијатива требаше да биде прва точка на дневен ред...

Пензионерите во Србија протестираат за поголеми пензии

Во центарот на Белград денеска протестираа пензионерите кои се незадоволни поради намалување на пензиите, а ги поддржаа и двајцата претседателски кандидати, Вук Јеремиќ и Бошко Обрадовиќ, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. На плоштадот Никола Пашиќ, но и на прошетката до Владата на Србија и do Уставниот суд, што се одржа во знак на протест, се собраа околу илјада пензионери. Пензионерите...

Уставен суд в среда ќе расправа дали е уставно УБК да прислушува преку телеком-операторите

Уставниот суд на наредната седница закажана за среда, 29 март, ќе ја разгледува иницијативата за уставноста и законитоста на контроверзниот член 175 од Законот за електронски комуникации. Со овој член донесен со измените на Законот во 2014 година, на телекомуникациските оператори во земјава им се наложува „да ги обезбедат сите неопходни технички услови за да овозможат следење на комуникациите...

Видео од мечка во продавница, снимено во Калифорнија, претставено како да е од Русија

Сите видеоматеријали споделени во објавата се од Америка, и тој каде мечката влегува во продавницата и двете видеа каде незадоволни корисници уништуваат продавници или расфрлаат храна и пијалаци, пишува...