fbpx
Таг: уставен суд

таг: уставен суд

Уставен суд в среда ќе расправа дали е уставно УБК да прислушува преку телеком-операторите

Уставниот суд на наредната седница закажана за среда, 29 март, ќе ја разгледува иницијативата за уставноста и законитоста на контроверзниот член 175 од Законот за електронски комуникации. Со овој член донесен со измените на Законот во 2014 година, на телекомуникациските оператори во земјава им се наложува „да ги обезбедат сите неопходни технички услови за да овозможат следење на комуникациите...

Романскиот претседател ќе ја оспори владината уредба за корупција

Претседателот на Романија, Клаус Јоханис, денеска соопшти дека од Уставниот суд ќе побара да ја прогласи за неуставна одлуката на владата за ублажување на прописите за борба против корупцијата, која предизвика масовни протести во земјата. Јоханис рече дека уредбата на владата ќе ја изнесе пред Уставниот суд, што е последна правна можност да се спречи измената на законот. Владата на социјалдемократите...

За СЈО, Уставен, Врховен и за Кривичен суд, новото собрание ќе биде судбинско

Периодот по конституирањето на новиот состав на Собранието на Република Македонија, за кое крајниот рок е 31 декември, ќе биде нова реалност за Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и за најважните судови во земјава - Врховниот, скопскиот Кривичен и Уставниот суд, кои тешките прашања ги оставија за решавање по изборите. Новата постизборна реалност, која првите црти од својот лик ќе почне да ги...

Уставниот суд на 27 декември ќе одржи прва седница по изборите, СЈО не е на дневен ред

Првата седница по предвремените парламентарни избори, на која уставните судиите ќе разгледуваат иницијативи за оценка на уставноста и на законитоста, ќе се одржи на 27 декември. Според агендата за седницата, што Уставниот суд денеска ја објави на својата интернет-стрница, на дневен ред повторно не е ставен Законот за Специјално јавно обвинителство. На дневниот ред на седницата на Уставниот суд има вкупно...

В среда седница на Уставниот суд со новиот претседател, СЈО не е на дневен ред

Уставните судии в среда, 9 ноември, во редовниот термин од 9 часот, ќе ја одржат првата седница со новиот претседател, Никола Ивановски. На седницата, како што може да се види од агендата објавена на интернет-страницата на судот, на дневен ред не е иницијативата за оценка на уставноста и на законитоста на Законот за Специјално јавно обвинителство. В среда, уставните судии...

Наместо денеска, Уставниот суд ќе одржи седница в понеделник да се прости со Гошева

Наместо во вообичаениот термин (секоја среда во 9 часот), Уставниот суд ја закажа следната седница за разгледување на иницијативи за понеделник, 31 октомври. Официјално не е познато зошто е оваа рокада во термините, но извесно е дека седницата е закажана за понеделник, на последниот ден од мандатот на актуелната претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева. Веќе од 1 ноември, на претседателското...

Уставниот суд на Албанија го укина законот за проверка на судии и на обвинители

Уставниот суд на Албанија го суспендираше законот за преодна ревалоризација на судии и на јавни обвинители, поинаку познат како закон за проверка. Оваа одлука, според албанскиот Уставен суд, ќе биде на сила сè додека потемелно не се испита законското решение. Демократската партија од Албанија на 5 октомври годинава апелираше до Уставниот суд на таа земја дека донесениот закон дозволува интервенција на владините институции...

Унитети на Уставен суд ја оспори одлуката за распуштање на Собранието

Партијата Унитети на Гзим Острени, денеска до Уставниот суд достави иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и на законитоста на решението за распишување предвремени избори од претседателот на Собранието. Зуљфи Адиљи, пратеник на Унитети, рече дека со оваа иницијатива се оспорува решението за предвремени парламентарни избори закажани за 11 декември бидејќи без балансирање на изборните единици се кршел...

НДМ бара Уставниот суд да ја поништи одлуката за распуштање на Собранието

Народно движење за Македонија (НДМ) денеска до Уставниот суд поднесе иницијатива за поништување на одлуката за распуштањето на Собранието на Република Македонија. - Иницијативата се поднесува од две причини. Првата се сведува на фактот што Собранието го прекрши рокот за распуштањето. Имено, член 63, став 3 од Уставот е многу јасен и прецизен и утврдува точен рок за избор на пратеници...

Грчкиот уставен суд ќе му пресуди на новиот закон за медиуми

По долга тензична расправа, со 16 гласа „за“ и со 9 „против“, Уставниот суд ги одобри жалбите на грчките телевизии. Во следниот период ќе има дискусија и одлука дали е уставен новиот закон за медиуми на владата на СИРИЗА, со кој дозвола за работа добија четири телевизии, а исто толку постоечки телевизии останаа без концесија и ќе треба да го...

Кој е Никола Ивановски, новиот и „најбрзиот“ претседател на Уставниот суд во историјата

Никола Ивановски е новиот претседател на Уставниот суд, кој денеска на колегиумот на судот е избран со двотретинско мнозинство. Тој ја наследи Елена Гошева, чиј мандат завршува на 1 ноември. Ивановски, кој важеше за фаворит на Гошева, за уставен судија е избран во 2012 година. Новиот претседател на Уставниот суд, Никола Ивановски, пред да стане член на судот (1 јуни 2012 година), својата...

Денеска се избира претседател на Уставниот суд, фаворит на Гошева – судијата Ивановски

Уставните судии денеска, на колегиум закажан за 11 часот, ќе избираат нов претседател на судот, дознава „Мета“ од извори во Уставниот суд. На актуелната претседателка, Елена Гошева, мандатот ѝ истекува на 1 ноември, односно за две недели. Нашите извори велат дека колегиумот за избор на претседател бил закажан за денеска бидејќи, во спротивно, без нов претседател би се блокирала работата на Уставниот...

Суомалаинен: Добри мерки се презедоа за да се осигури веродостојноста на избирачкиот список

„Мислам дека се презедоа добри мерки за да се осигури дека избирачкиот список е веродостоен. Избирачкиот список секогаш треба да ја рефлектира актуелната ситуација, не ситуацијата од пред пет или 10 години, туку кога луѓето навистина живеат. Во многу земји тоа се прави автоматски“, вели шефицата на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нина Суомалаинен, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“. Во однос...

Заев: Груевски сака избори догодина – јас повеќе не седнувам да преговарам

„Не сакам ни да помислам дека Уставниот суд ќе го укине Специјалното јавно обвинителство или некои делови од законот, затоа што секој нормален човек знае дека со тоа ќе го истури целиот бес на народот по улици“, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за „Канал 77“. Тој додава дека ако Уставниот суд „се дрзне“ на ваков чекор,...

Уставен суд ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на помилувањата

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на помилувањата од претседателот Ѓорге Иванов, затоа што тие повеќе не постојат во правниот поредок и не можат да бидат да бидат оценувани, објави „Академик“. Известителот за иницијативата за оценување на уставноста на помилувањата, уставната судијка Гзиме Старова, смета дека Уставниот суд треба да ја отфрли иницијативата. „Во овој случај, имајќи ги предвид...

Уставниот суд се прогласи за ненадлежен за крстот во Бутел

Уставниот суд на Република Македонија денеска се прогласи за ненадлежен и  ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и на законитоста на одлуката за поставување крст во општина Бутел. Одлуката за давање согласност за поставување урбана опрема на подрачјето на општина Бутел е донесена во февруари годинава од Советот на Општината. Иницијативата беше поднесена од Движење за реформи -...

Заев со писмо ги предупредува амбасадорите дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не сакаат фер избори

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е загрижен дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не сакаат да има фер и демократски избори, соопштија од СДСМ. Тој со писмо им се обрати на амбасадорите кои се гаранти на Договорот од Пржино. Во писмото Заев пишува дека носењето на буџетот за 2017 година еден месец пред распуштање на Собранието и тоа што Уставниот суд сè уште не...

В понеделник во 17 часот, собир за поддршка на СЈО

В понеделник, во 17 часот, пред Собранието ќе се одржи собир за поддршка на Специјалното јавно обвинителтво. Во повикот на социјалните мрежи, пишува дека по летните одмори, СЈО повторно е под напад на режимските гласноговорници и има вистински линч и пропаганда против обвинителката Катица Јанева и целото СЈО. „Власта со која сè уште управува обвинетиот Груевски, ја користи секоја можност за да ја...

Уставниот суд ја закажа првата седница по одморите: СЈО не е, ама крстот е на дневен ред

Уставниот суд денеска го објави дневниот ред за првата седница по двомесечната летна пауза, закажана на 28 септември во 9 часот. На седницата, како точка на дневен ред ја нема иницијативата за оценка на уставноста на Законот за Специјално јавно обвинителство, но ја има иницијативата за поставувањето на крстот во Бутел. Иницијативата за оценување на уставноста на СЈО беше поднесена...

На изборите ќе нè прскаат со „уставниот спреј“, а не со „неуставното мастило“

На денот на изборите на 11 декември, граѓаните на избирачките места повторно ќе бидат обележувани со невидлив спреј на палецот на десната рака, како начин да се спречи двојно гласање, наместо со црно мастило, како што беше на претседателските и на предвремените парламентарни избори во 2014 година. Трагите од овој спреј се видливи само под светлината на специјална ултравиолетова ламба, со која ќе...

Џулијан Асанж го доби правото на жалба против екстрадиција во САД

Џулијан Асанж доби дозвола да поднесе нова жалба против неговата екстрадиција во САД, каде е обвинет за објавување воени тајни, и ќе може да ги оспори гаранциите на САД...