Уставниот суд на 27 декември ќе одржи прва седница по изборите, СЈО не е на дневен ред

-

Првата седница по предвремените парламентарни избори, на која уставните судиите ќе разгледуваат иницијативи за оценка на уставноста и на законитоста, ќе се одржи на 27 декември.

Според агендата за седницата, што Уставниот суд денеска ја објави на својата интернет-стрница, на дневен ред повторно не е ставен Законот за Специјално јавно обвинителство.

На дневниот ред на седницата на Уставниот суд има вкупно седум точки, меѓу кои се и членови од Законот за средно образование, кои се однесуваат на екстерното тестирање, како и членови од правилникот за начинот на организирање и спроведување на екстерното проверување на учениците во средните училишта, начинот на формирање и работење на училишната комисија, тајноста на материјалот за екстерно проверување, начинот и постапката на проверување на тестовите од училишната комисија, како и формата и содржината на извештајот.

Инаку, иницијативата за оценување на уставноста и на законитоста на Законот за СЈО повеќе од една година е во фиоките на Уставниот суд и досега не е ставен на дневен ред и покрај бројните повици од опозицијата и од невладиниот сектор.

Жена измамила седуммина – им барала аванс за изнајмување станови, а им давала лажни клучеви

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека поднело Обвинителен предлог против 22-годишна жителка на Богданци, која измамила седуммина со тоа што им барала аванс за изнајмување на станови во Скопје...