Таг: уметност

таг: уметност

Почна 39-то Скопско лето

Со  концертот на  групата  „Дадо Дганит“ од Израел во зградата на Македонска филхармонија, вчеравечер свечено беше отворено 39. издание на  фестивалот „Скопско лето“, кој традиционално почнува на 21 јуни - Светскиот ден на музиката, но и најдолгиот ден од годината. На свеченото отворање на овој фестивал, присуствуваше и градоначалникот Шилегов, кој официјално го прогласи за отворен. Во своето обраќање Шилегов нагласи...

Просечната нето-плата во септември изнесувала 23.229 денари

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември 2017 изнесува 34.127 денари, додека просечната нето-плата изнесува 23.229 денари, а во овој месец 1 отсто од вработените не зеле плата. Просечната плата, односно и нејзиниот бруто-износ и нето-износот биле поголеми за 4,6 отсто отколку во истиот месец во 2016 година, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемувањето во периодот од една година...

Конкурс за манифестацијата „Нов културен бран“

Министерството за култура денеска на својата веб-страница ќе ги објави условите и формуларите за пријавување на општини, здруженија на граѓани, асоцијации, неформални групи и автори од областа на културата и на уметноста за манифестацијата „Нов културен бран“. Таа ќе се реализира од крајот на август до крајот на октомври годинава,  односно сè до исцрпување на средствата за реализација на манифестацијата. „Цел...

Просечната нето-плата во март изнесувала 22.445 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2017 изнесувала 22.445 денари, а бруто-платата изнесувала 32.999 денари објави Државниот завод за статистика. Просечната плата во март била повисока за 1,8 проценти во однос на истиот месец лани. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите финансиски дејности и дејности на осигурување (7,5 проценти),...

Изложба во Охрид за историјатот на украсувањето велигденски јајца во Русија

Изложба насловена „Историјат на украсување и на бојадисување велигденски јајца во Русија од древноста до колекцијата ’Фаберже’“, денеска ќе биде отворена во НУБ „Григор Прличев“ во Охрид. Изложбата е посветена на празникот Велигден, а посетителите ќе имаат можност да слушнат и предавање за историјата и за современите тенденци на уметноста на украсување јајца. Исто така, публиката ќе може да учествува во работилницата за...

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на театарот

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на театарот на тој начин што ќе се играат претстави и ќе се чита пораката посветена на сценската уметност. Автор на светската порака е француската актерка, Изабел Ипер, а македонската порака ја напиша Благој Мицевски, костимограф, режисер, уметнички директор на Народниот театар од Битола. -Не постои театарот поради нас, туку ние постоиме благодарејќи му нему. Театарот е...

Уникатни графики изработени во техниката укијое, изложени во Струга

Изложба на колор-принтови од дрворези работени во јапонскиот стил укијое, од некои од најзначајните јапонски уметници, отворена е во музејот „Д-р Никола Незлобински“ во Струга. Стилот укијое се појавува во 17 век и произлегува од потребите за истражување во уметноста. Од уметниците што применуваат ваква техника било барано да ги претставуваат убавите куртизани покрај темите со сумо-борби или портрети на воини. Изложбата е во...

Просечната месечна нето-плата изнесува 23.457 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата  во декември 2016 изнесувала 23.457 денари, а бруто-платата 34. 374 денари, објави Државниот завод за статистика. Платата во декември 2016 година во однос на истиот месец во 2015 година е зголемена за 3,3 проценти. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите уметност, забава и рекреација (55,8 проценти), информации и комуникации...

Просечната нето-плата во ноември била 22.380 денари

Просечната месечна нето-плата во ноември лани изнесувала 22.380 денари, додека просечната бруто-плата била 32.877 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година за 1,8 отсто се должи, пред сè, на повисоката исплатена нето-плата по вработен во секторите рударство и вадење камен за 10,5 проценти, уметност,...

Денеска во Собранието ќе биде доделена државната награда „Св. Климент Охридски“

Денеска напладне во Собранието на Република Македонија ќе биде доделена државната награда „Свети Климент Охридски“ за 2016 година. Наградата е највисоко признание за долгогодишни остварувања и придонес во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и на унапредувањето на човековата околина и социјалната дејност од јавен интерес. Наградата, во областа на воспитанието и образованието, годинава ќе му биде доделена...

Германската сликарка Габриеле Шафартцик изложува во Охрид

Во организација на НУ „Завод и музеј“ од Охрид, од вечерва, со почеток во 20 часот, во галеријата „Робевци“, изложба ќе има германската сликарка Габриеле Шафартцик. Нејзината колекција е избор на слики изработени во техниката масло на платно од најнов циклус наречен „Тера инкогнита“. Габриеле Шафартцик е родена 1964 година во Бремен, Германија. Студирала на Универзитетот „Георг-Август“ во Готинген, Германија, и...

Сараево доби 13 метарски мурал на Дејвид Боуви

Група на уметници од Босна и Херцеговина деновиве открија голем мурал на Дејвид Боуви во Сараево, пишува „Глобал Војсис“. Со ова дело, уметниците кои себе се нарекуваат „Тим Боуви“ сакале да изразат благодарност за придонес на Боуви во хуманитарните акции на пејачот за време на војната во државата. Муралот на Боуви е насликан на ѕидот на една трошна зграда во кампусот...

Македонски тетоважи: Крстот и „смрт или слобода“ пред Груевски и Мијалков

Tетовирањето политички обележја, портрети од политичари или логоа на политички партии, е тренд во балканските земји. Кај нас вакви тетоважи не се многу чести, но барани се патриотските тетоважи како симболот за „смрт или слобода“, сонцето од Вергина и крстовите во сите видови и форми. Мајсторите за тетоважи велат дека тетоважите како онаа со ликот на Сашо Мијалков, директорот на Управата за...

(ФОТО) Создава уметнички дела со гуми од велосипед

Сингапурскиот уметник Томас Јанг создава уникатни уметнички дела, користејќи велосипедски гуми како алатка за исцртување. Позиционирајќи ги на точно определено место, тој создава отпечатоци, кои, со комплексно повторување, создаваат фигури, на пример Ајфеловата кула или Емпајер стејт билдинг. - Идејата ја добив додека си играв наоколу. Тогаш сфатив дека можам да цртам со велосипед. Гумите беа првата работа што ми падна...

Потврдени два случаи на мајмунски сипаници во Македонија

Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија (ИЈЗ) сношти потврди дека се регистрирани првите два лабораториски потврдени случаи на мајмунски сипаници (Monkeypox) во земјава. Пациентите биле упатени од Клиниката...