fbpx
Таг: Ukraina

таг: Ukraina

Рускиот наратив дека Полска планира да ја анектира западна Украина стигна и во С. Македонија

Освен тврдења на измислен автор објавени на полскиот  веб-портал Niezależny Dziennik Polityczny со про-Кремљ ставови и кој шири лажни вести, нема апсолутно никаков друг доказ, официјален став или каква било поткрепа на тврдењето на наводните намери на Полска да анектира дел од Украина. Според сите наведени информации, оваа објава дезинформира и е дел од пошироката руска пропаганда поврзана со...

ПРЕПИШУВАЧИ: Како некритичкото пренесување на српска и руска пропаганда влијае на македонската јавност

Според поголем број истражувања и извештаи, Србија се перципира како еден од моќните сојузници на Русија на Балканот, како држава во која има голем број медиуми кои се под руско влијание/руска сопственост и држава во која многу граѓани имаат позитивно мислење за Русија и руската политика. Во исто време, според повеќе истражувања за голем број граѓани на Македонија, Србија...

Што објавувал Македонецот Тодоровски, кого Грозев го обвини за ширење руска пропаганда во медиумите

И покрај тоа што не е афирмиран новинар во земјава, Тодоровски успеал дури трипати да биде поканет од Русија да оди на „прес тури” во Украина, од каде потоа неговите согледувања и репортажи завршиле во македонските и во бугарските медиуми. Преку неговите извештаи од разни конференции со антизападни наративи, суптилно биле пренесувани ставови коишто одат во прилог на Кремљ,...

Војната во Украина, заканите за бомби и анти-НАТО реторика – главни дезинформациски наративи во декември

Дезинформациските наративи во декември забележани во медиумскиот простор во земјава, а кои се поврзани со странски влијанија и натаму во најголем број се поврзани со агресијата на Русија врз Украина, при што новина е тезата дека енергетското уништување на украинскиот електро-енергетски систем е нужност за да се дошло побрзо до мирот. На домашниот простор, покрај стандардните дезинформации поврзани со...

Не е точно дека претставници на Европскиот парламент го газат знамето на Донецката Народна Република

Оваа информација e објавена на 8 декември годинава, на Јаху Њуз. Луѓето кои го газат знамето воопшто не се претставници на Европскиот парламент, а видеото е снимено месеци по почетокот на воената инвазија на Русија врз Украина, така што ова видео не би можело да биде една од причините за инвазијата, спротивно на она што се тврди во постот,...

Пропуштен контекст: Тенденциозно и наменски се тврди дека Зеленски забранува цркви

Во постот што го рецензираме, во којшто се тврди дека украинскиот претседател забранува цркви и опозициски партии, се пропушта контекстот. Зеленски кажа дека Украина ќе ги ограничи активностите на верските организации поврзани со Русија на нејзината територија и ќе го испита статусот на Православната црква, кој зависи од Московската патријаршија. Но, во постот не се споменува  дека Украина има...

Не е сеедно кој ја дава наградата

Некритичкиот однос на индивидуи, институции и невладини организации кон доделувањето разни награди поврзани со Руската Федерација, на што се надодава и посебно неаналитичкиот, па дури и дезинформациски пристап на медиумите при споделувањето на информациите за истите, може да има долготрајни и многу сериозни последици врз перцепцијата на граѓаните на руската агресија врз Украина, меѓутоа и многу погенерално, на вредносните...

Уметничката слика на Ротко е продадена пред 7 години и нема поврзаност со Украина

Сликата „Без наслов (жолто и сино)“ е на авторот Марк Ротко, изработена во 1954 година. Вистина е дека била продадена за 46,5 милиони долари, но во мај 2015 година, а не сега. Па иако аукцијата се случила пред седум години, сепак сега во 2022 година таа повторно се актуелизира со цел  да се манипулира на социјалните мрежи, пишува „Вистиномер“...

Агресијата на Русија се коси со сите три принципи на меѓународната политика, со потенцијал да го измени светот

За да разбереме зошто дојде до конфликтот мора да разгледаме три различни, но сепак поврзани концепти на кои се темели меѓународната политика – суверенитет, територијален интегритет и политичка независност. Додека другите инвазии се косеа или прекршуваа еден или два од овие концепти, агресијата на Русија се коси со сите три принципи, вели професорот-истражувач Џејмс Кер-Линдзи. Тој додава дека „ова...

Преку дезинформации, Кремљ се обидува да ја избегне вината за предизвикување на енергетската криза

Преку „чад, огледала и гас“, Кремљ се обидува да ја избегне вината за зголемувањето на цените како резултат на енергетската криза. Фразата „чад и огледала“ се однесува на илузија од 19 век што магионичарите ја користеле за да проектираат слика во воздухот. Оттогаш оваа фраза го доби значењето на измама и делузија, пишува Еувсдисинфо, пренесува Portalb.mk. Од инвазијата на Украина...

Не е точно дека министерката Петровска прави список за мобилизација на војници во Украина

Вистиномер праша во Министерството за одбрана дали е точно дека министерката Петровска подготвува список за мобилизација на војници во Украина, како што тврди постот,  оттаму ги демантираа ваквите информации. „Неточно е тврдењето дека Министерството за одбрана или министерката подготвуваат списоци за мобилизација“, велат од МО.  Министерката за одбрана досега во неколку наврати изјави дека Македонија ќе праќа воена опрема...

Наративи за најчести (про)руски дезинформации поврзани со војната во Украина

Од почетокот на руската инвазија врз Украина на 24 февруари 2022 година, започна интензивна пропагандна војна водена од завојуваните страни, но тука ја разгледуваме руската пропаганда наменета за светот и за сопствените граѓани, со цел да се оправдаат агресивните дејства на руската армија врз суверената држава Украина. Поточно, ги разгледуваме поглавните наративи врз кои се градат дезинформациските пораки, кои...

Објава манипулира со фотографии, тврдејќи дека се прикажани страдања на „руски деца од Донбас“

На една од фотографиите воопшто не станува збор за дете од Донбас, туку од Ирак, по име Мухамед Адман, кој настрадал од шрапнел. Друга фотографија е злоупотребувана за ширење манипулации уште во 2015 година и истите ги има дебанкирано сајтот за проверка на фактите Стоп фејк. Третата  фотографија, пак, пишува Си-Ен-Ен, ја има направено италијанскиот фотограф Енди Рочели во...

Македонските државјани не смеат да војуваат за странска армија, бидејќи тоа е кривично дело

Оваа објава што се споделува на Фејсбук ја дезинформира јавноста дека и Македонци ќе може да војуваат во Русија. Тоа во нашата држава е кривично дело, исто како и борбата за која било странска армија и се казнува со затворска казна. Учеството во странска легија за македонските граѓани е  спротивно на член 322-а од Кривичниот законик кој забранува учество...

Нема „мобилизација” на НАТО

Во насловот на текстот споделен во постот се содржи зборот „мобилизација” што асоцира на тоа дека во НАТО се случува она што се случува во Русија по одлуката на претседателот Путин, да се мобилизираат 300 илјади лица за да се борат во Украина. Наспроти тоа во содржинскиот дел на текстот од написот се пренесува дека генералниот секретар на НАТО, Јенс...

Продажбата на играчки-скелети нема врска со војната во Украина

Написот што е споделен во постот преку кратко видео од 6 секунди манипулира дека во украинските продавници има играчки кои претставуваат останки од руски војници. Од самото видео јасно се гледа дека прикажаните играчки се во одделот каде што се продаваат додатоци за Ноќта на вештерките, за што говори карактеристичниот дизајн на штандот, како и портокаловата етикета на играчките...

Автобусите во Рига немаат сегрегаторски седишта за Русите

Објава на Фејсбук дезинформира за наводна сегрегаторската политика на јавното транспортно претпријатие во Рига, кое како што неточно се тврди, на патниците кои говорат руски јазик им наложува да седат во задниот дел на автобусот.  Ова тврдење е демантирано од транспортната компанија „Rīgas satiksme“ (Рига превоз). Државната новинска агенција на Летонија, „ЛЕТА“, јави дека полиција започнала истрага за наводните налепници...

Со монтирана фотографија снимена во Русија, се обвинува Украина дека е нацистичка

Фотографијата во склоп на постот што го рецензираме, а која го содржи украинското знаме, е графички изменета односно изманипулирана, за лажно да се претстави дека знамето е украинско. Фотографијата е направена покрај статуата на Ленин во рускиот град Новокузнецк, веднаш до административната зграда на овој град во регионот Камерово Русија. Знамето не е сино и жолто (како украинското), туку...

Преку манипулација со датуми неточно се тврди дека Украина е виновна за масовните гробници во Изиум

На социјалните мрежи се шири фотографија со којашто свесно се манипулира и се креира погрешно мислење во јавноста за руската инвазија во Украина и тоа кој е одговорен за смртта на загинатите и закопаните во масовните гробници. Тврдењето дека Украинците се одговорни за овие масовни гробници немаат никаква врска со реалната состојба на терен. Руските воени сили се одговорни...

Не е точно дека Русите објавиле уништување на 830 украински борбени возила за еден ден

Не е вистина наведеното во насловот од текстот, споделен во постот што го рецензираме:,,Русите објавија: Уништени 830 украински борбени возила за еден ден”. Бројката се однесува од почетокот на воената инвазија на Русија врз Украина, што може да се види од извештајот на руското Министерство за одбрана објавен на 10 септември. Русија ја нападна Украина на 24 февруари 2022...

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...