Не е точно дека Русите објавиле уништување на 830 украински борбени возила за еден ден

-

Не е вистина наведеното во насловот од текстот, споделен во постот што го рецензираме:,,Русите објавија: Уништени 830 украински борбени возила за еден ден”. Бројката се однесува од почетокот на воената инвазија на Русија врз Украина, што може да се види од извештајот на руското Министерство за одбрана објавен на 10 септември. Русија ја нападна Украина на 24 февруари 2022 година и оттогаш се поминати речиси седум месеци месеци, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој е споделен напис во чиј наслов е наведено: ,,Русите објавија: Уништени 830 украински борбени возила за еден ден”.
Меѓутоа, веќе во првиот пасус од текстот се вели дека руското Министерство за одбрана во саботата соопштило дека:
„Веќе 830 украински борбени возила со повеќе ракетни системи за лансирање се уништени во текот на руската специјална воена операција.“
Самиот лид од текстот и насловот соопштуваат две различни информации. Во насловот се вели дека 830 украински борбени возила биле уништени за еден ден, а во лидот од веста дека тие 830 борбени возила биле уништени „во текот на руската специјална воена операција“.
Понатаму во написот се цитира извештајот на рускиот воен оддел и се набројува наводно уништената воена опрема од 293 авиони, 152 хеликоптери, 1.929 беспилотни летала, 374 противвоздушни ракетни системи, 4.870 тенкови и други оклопни борбени возила, 830 борбени возила со повеќекратни ракетни системи за лансирање, 3.375 теренски артилериски оружја и пет минофрлачки единици на специјални воени возила.

Вистиномер пристапи на официјалната страница на Министерството за одбрана на Русија до извештајот на кој што се повикува текстот во постот што го рецензираме. Извештајот е објавен во сабота, на 10 септември 2022 година. Во самиот извештај руското Министерство за одбрана во последниот пасус пишува дека  воената опрема е уништена „за време на специјалната воена операција“, односно  горецитираните бројки се однесуваат од почетокот на воената инвазија до денес, а не за еден ден, како што невистинито се тврди во написот од постот кој го рецензираме.

Оттука оценуваме дека не е вистина наведеното во насловот од текстот, споделен во постот што го рецензираме:,,Русите објавија: Уништени 830 украински борбени возила за еден ден”. Бројката се однесува од почетокот на воената инвазија на Русија врз Украина. Русија ја нападна Украина на 24 февруари 2022 година и оттогаш се поминати речиси седум месеци.

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање на седницата...

ТикТок ја изгуби жалбата во САД, апликацијата сè поблиску до забрана

Обидите на ТикТок за поништување на законот според кој апликацијата ќе биде забранета или продадена во САД од почетокот на 2025 година се отфрлени, пренесе Би-би-си. Компанијата се надеваше дека федералниот апелационен...

ДУИ со писмо до САД, ЕУ и НАТО, бара акција за да се зачува мирот и да нема дестабилизација

Демократската унија за интеграција (ДУИ) испратила писмо до САД, Европската Унија и НАТО, во кое ги повикува на решителна акција за, како што пишува, да се спречи поткопување на мирот и...

Од ветени и 5 отсто данок на добивка, сега следи „усогласување“ од 15 отсто

Премиерот најави законско усогласување со кое дел од големите компании во земјата ќе плаќаат данок на добивка од 15 отсто. Иако тоа усогласување е спроведување на меѓународна обврска на земјата, таквата...

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање...