Нема „мобилизација” на НАТО

-

Во насловот на текстот споделен во постот се содржи зборот „мобилизација” што асоцира на тоа дека во НАТО се случува она што се случува во Русија по одлуката на претседателот Путин, да се мобилизираат 300 илјади лица за да се борат во Украина. Наспроти тоа во содржинскиот дел на текстот од написот се пренесува дека генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на средба со директори за национално вооружување на земјите од Алијансата, разговарал за тоа да се надополнат залихите на оружје исцрпени од испораките за Украина. Потоа се додава дека генералниот секретар повикал да се продолжи со надополнување на залихите што е можно побрзо и да се продолжи со доделувањето воена и финансиска помош за Киев. Така што, во НАТО нема никаква „мобилизација”, самата Алијанса не е во војна со Русија туку го поддржува украинското право на самоодбрана, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се споделува медиумски напис со наслов:

Мобилизација на НАТО? Столтенберг повика сите членки веднаш да ги наполнат залихите со оружје!

Во насловот на текстот се содржи зборот „мобилизација” што го прави прави овој наслов да биде надвор од контекстот и од него може да се разбере дека во НАТО се случува она што се случува во Русија по одлуката на претседателот Владимир Путин, да се мобилизираат 300 илјади лица за да се борат во инвазијата на Русија врз Украина.

Наспроти тоа, во содржинскиот дел на текстот се пренесува дека генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на средба со директори за национално вооружување на земјите од Алијансата, разговарал за тоа да се надополнат залихите на оружје исцрпени од испораките за Украина. Потоа се додава дека генералниот секретар повикал да се продолжи со надополнување на залихите што е можно побрзо и да се продолжи со доделувањето воена и финансиска помош за Киев.

Од ова произлегува дека во НАТО нема никаква „мобилизација” во смисла на тоа што самата Алијанса не е во војна со Русија.

Откако Русија ги започна своите агресивни акции против Украина, НАТО е обвинувана дека води војна против Русија. На Самитот на НАТО во Мадрид, сојузниците се согласија дека Русија е најзначајната и директна закана за нивната сигурност и за мирот и стабилноста во евроатлантската област.

Руската брутална војна во Украина го разруши мирот во Европа. Поради нејзините постапки, Русија од страна на НАТО не може да биде сметана за партнер. НАТО не бара конфронтација и не претставува закана за Русија. Сојузниците ќе продолжат да одговараат на руските закани и акции на здружен и одговорен начин, стои на страната на НАТО.

Митот кој руската страна сака да го протне во јавноста е дека НАТО е во војна со Русија во Украина. Фактите се дека НАТО не е во војна со Русија и не бара конфронтација со Русија. НАТО фактички го поддржува украинското право на самоодбрана.

Во текот на минатите неколку месеци, преземавме стриктно само дефанзивни мерки за да го зголемиме присуството на НАТО трупите во источниот дел на Алијансата. Ова обезбедува дека нема простор за недоразбирање во Москва, за нашата подготвеност да се заштитиме и да ги браниме сојузниците. Нашата главна задача е да ги заштитиме членките. Имаме одговорност да осигураме дека конфликтот нема да ескалира и да се прошири и надвор од Украина, бидејќи тоа би било уште поопасно и уште поразорно, додаваат оттаму.

Другиот мит за НАТО е дека станува збор за агресор и за закана по Русија. НАТО е одбранбена алијанса со цел да ги штити земјите членки. Официјалната политика на НАТО е дека „НАТО не бара конфронтација и не претставува закана за Руската Федерација”.

НАТО не спроведе инвазија во Грузија, НАТО не спроведе инвазија во Украина. Тоа го направи Русија. НАТО конзистентно и јавно минатите 30 години се обраќа до Русија. Работевме заедно на прашања кои се однесуваат на борба против наркотици и тероризам, спасителни акции за подморници и цивилно планирање за итни случаи, дури и во периодите кога НАТО се прошируваше. Но, во 2014 година, како одговор на руските агресивни акции против Украина, НАТО ја суспендираше практичната соработка со Русија. Не бараме конфронтација, но не можеме да го игнорираме кршењето на меѓународните правила од страна на Русија кои ги поткопуваат нашите стабилност и безбедност. Во одговор на употребата на воена сила од страна на Русија против Украина, НАТО испрати четири мултинационални групи во балтичките земји и во Полска во 2016. Пред руската илегална анексија на Крим, немаше наши трупи во источниот дел од Алијансата. Како одговор на руската инвазија во Украина во 2022 година, НАТО воведе четири нови групи во источниот дел на Алијансата. На самитот на НАТО во Марид, сојузниците се сложија дека Русија е најголемата и најдиректна закана за нивната сигурност и за мирот и стабилноста на Евроатлантската област. Сојузниците исто така се сложија за идно зајакнување на положбата на НАТО. Како и да е, сојузниците остануваат со волја да имаат отворени канали за комуникација со Москва за да ги менаџираат ризиците, да превенираат ескалација и да ја зголемат транспарентноста, пишува на страницата на НАТО.

Така што, оваа објава манипулира со јавноста  споделувајќи тенденциозен наслов  надвор од контекстот. Фактите говорат дека во НАТО нема мобилизација каква што има во Русија, туку надополнување на залихите на оружје исцрпени од испораките за Украина како и разговори да се продолжи со доделувањето воена и финансиска помош за Киев.

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање на седницата...

ТикТок ја изгуби жалбата во САД, апликацијата сè поблиску до забрана

Обидите на ТикТок за поништување на законот според кој апликацијата ќе биде забранета или продадена во САД од почетокот на 2025 година се отфрлени, пренесе Би-би-си. Компанијата се надеваше дека федералниот апелационен...

ДУИ со писмо до САД, ЕУ и НАТО, бара акција за да се зачува мирот и да нема дестабилизација

Демократската унија за интеграција (ДУИ) испратила писмо до САД, Европската Унија и НАТО, во кое ги повикува на решителна акција за, како што пишува, да се спречи поткопување на мирот и...

Од ветени и 5 отсто данок на добивка, сега следи „усогласување“ од 15 отсто

Премиерот најави законско усогласување со кое дел од големите компании во земјата ќе плаќаат данок на добивка од 15 отсто. Иако тоа усогласување е спроведување на меѓународна обврска на земјата, таквата...

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање...