вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: трамвај | 34 резултати

За анализа, проект и финансирање на „автобуско метро“ ќе треба најмалку три години

декември 6, 2019

Изработката на физибилити студијата за изводливоста од воведување на брзиот автобуски систем (БРТ) во Скопје, како и изготвувањето на целокупната проектна документација, ќе бара подолг временски период пред реалното воведување на новото средство за јавен превоз во главниот град. Владата го задолжи Министерството за финансии да ја започне постапката за прибирање средства за изработка на […]

Наместо трамвај, Скопје допрва ќе работи на проект за „автобуско метро“

декември 4, 2019

По многуте недоумици во јавноста, владата пресече дека ќе го поддржи воведувањето на брз автобуски систем (БРТ) во Скопје. На вчерашната владина седница се разгледала и усвоила информацијата за воведување на т.н. „автобуско метро“ со превозни средства што ќе се движат на електричен или хибриден погон. Инаку, терминот „автобуско метро“, кој го има и во […]

Заев од Собранието ја потврди изградбата на трамвај во Скопје

октомври 31, 2019

На пратеничко прашање за загадувањето во Скопје поставено од Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Зоран Заев денеска од Собранието информираше дека владата ќе се вклучи во изградбата на електричен трамвај во Скопје. Првата трамвајска линија во главниот град би чинела околу 100 милиони евра. – Намерата на Владата е да повлече кредитна линија во 2020 […]

Град Скопје наредната недела ќе го договара финансирањето на трамвајот со Владата

август 23, 2019

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска најави дека со Економскиот совет на Владата наредната недела ќе ја договараат изградбата на првата трамвајска линија во Скопје, како дел од новиот концепт за јавниот превоз во главниот град. Градските власти во текот на денешниот ден ќе ја достават информацијата за проектот трамвај во Скопје до Владата. – Во […]

Скопје, трамвај ти ќе видиш – можеби (видео + инфографик)

мај 20, 2019

Доколку не се вложи во побрз јавен превоз во најскоро време, македонскиот главен град во наредната деценија ќе прерасне во неподносливо место за живеење со уште поголемо загадување на воздухот и сообраќаен метеж на улиците, хроничен недостиг на паркинг места и уништено зеленило од непрописно паркираните возила. Експертите предупредуваат дека веднаш на Скопје му е […]

Манчевски: Груевски прв да го замени „мерцедесот“ од 600.000 евра со електричен автомобил

септември 26, 2016

Ако обвинетиот Груевски навистина веруваше во електрични автомобили и самиот ќе нарачаше еден наместо да нарачува луксузни „мерцедеси“ од 600.000 евра, вели потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, како реакција на најавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за нови мерки во областа на автомобилизмот и заштита на животната средина. – Доцна е Груевски да ветува […]

Скопскиот „трамвај наречен (пуста) желба“, Груевски го смести во историјата

септември 26, 2016

Владејачката партија бега од идејата за трамвајски превоз во Скопје. Откако скопскиот градоначалник, Коце Трајановски, во март 2015 година го стави проектот во мирување, денеска и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, најави дека наместо трамвај, Градот Скопје ќе набави „зглобни дводелни електрични автобуси со дизајн на трамвај“. – Иако се планираше, трамвајот не се реализираше […]

Груевски најави електрични автобуси кои ќе глумат трамвај

септември 26, 2016

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска најави дека Градот Скопје ќе почне со набавка на целосно електрични автобуси кои освен што ќе го постигнат истиот ефект како трамвајот, тие и ќе личат на него. Груевски, во своето обраќање во Музеј на македонската борба за државност и самостојност, каде што објави нови мерки од областа на […]

Донецк: 13 загинати при гранатирање на трамвајска станица

јануари 22, 2015

Тринаесет лица загинаа, а десетици се ранети откако граната истрелана од минибус погоди трамвајска станица во донецката населба Ленински, јавуваат руските медиуми. Гранатирањето се случува неполн ден откако Русија и Украна синоќа постигнаа договор за повлекување на тешкото вооружување на 15 километри од демаркационата линија, која е утврдена со септемврискиот договор од Минск.

Белград: Седум повредени при судир на два трамваи

јануари 16, 2015

Седум лица се повредени откако два трамваи утринава се судрија во Нов Белград, јавуваат српските медиуми. Повредените се пренесени во белградскиот ургентен центар, а 47-годишниот возач на трамвајот добил повреди на главата и амнезија. Несреќата е случила кога еден од трамваите не запрел навремено и удрил во трамвајот пред себе. – Трамвајот напред стоеше на семафор, […]

Страна 2 од 2