четврток, 21 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: тешкакражба | 45 резултати

Од скопска фирма украден сеф со пари, пиштол и документи

април 8, 2015

Непознат сторител, ноќта меѓу понеделникот и вторникот, провалил во фирмата „Боико инженеринг“ на улицата Њуделхиска и украл метален сеф со плен чија вредност била проценента на околу 3.000 евра, информира полицијата. Како што информираат од полицијата, крадецот во фирмата влегол насилно отворајќи ја влезната врата, а во металниот сеф што го одзел, имало 1.200 евра, […]

Си го ограбил семејството, па лажно пријавил кражба

април 7, 2015

Тетовската полиција поднела кривична пријава против И.З. (26) од селото Боговиње, осомничен за лажно пријавување кривично дело. Како што информираат од полицијата, осомничениот на 22 декември минатата година, во полиција пријавил кражба на златен накит, вреден 15.000 евра, од куќата на неговиот татко, која претходно самиот ја извршил. Според полицијата, И.З. истиот ден, во периодот […]

Од стан во Куманово, украден плен вреден 12.500 евра

март 19, 2015

Непознат сторител вчера претпладне провалил во стан во Куманово и украл пари, златен накит и рачни часовници. Вкупната вредност на пленот била проценета на околу 765.000 денари, или околу 12.500 евра, информира полицијата. Кражбата се случила во периодот од 10.30 до 12 часот, во станот на Н.Т. на улицата Страшко Арсов. Крадецот во станот влегол […]

Ограбен стан во населбата Капиштец

март 6, 2015

Непознат сторител ноќеска провалил во стан во скопската населба Капиштец, во кој привремено живеел државјанин на Турција, и украл 300 евра, златен накит, рачни часовници и парфеми, сè со вкупна вредност од околу 330.000 денари, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, крадецот во станот влегол преку балконот од мезанинот, а потоа се прекачил на балконот од […]

Од куќа во Скопје крадец однел плен вреден 1,2 милиони денари

февруари 18, 2015

Крадец вчеравечер провалил во куќа на булеварот Партизански одреди и однел плен вреден околу 1,2 милиони денари, информираат од полицијата. Како што информираат оттаму, кражбата се случила во периодот меѓу 18.20 и 20.40 часот во станот на О.Г. (38), каде непознатиот сторител провалил со помош на погоден алат. Од куќата, според полицијата, биле украдени 7.000 […]

Малолетен беровец фатен во полициска заседа

февруари 17, 2015

Во неделата вечерта, малолетник бил фатен во полициска заседа додека се обидувал да украде икона од објект во Берово, информира МВР. Според полицијата, во неделата, околу 21.30 часот, екипи на регионалниот центар за гранични работи Исток и на СВР Штип поставиле заседа во објект на поранешена банка во Берово. Полицајците го затекнале беровецот Е.Е. (16) како […]

Од стан на скопјанец, украден накит вреден 3,7 милиони денари

февруари 16, 2015

Разновиден златен накит и девизи, во саботата викендов, биле украдени од стан на скопјанец, соопшти полицијата. Кражбата се случила во станот на Ј.С. (46), на улицата Методија Митевски, во кој крадецот провалил во помош на погоден алат и зел разновиден златен и сребрен накит и 750 евра. Според полицијата, вкупната материјална штета била проценета на […]

Уметнички слики и икони украдени од галерија во Скопје

февруари 16, 2015

Викедов крадец провалил во галерија за слики на булеварот Партизански одреди во Скопје и однел уметнички слики и икони, информира МВР. Според полицијата, кражбата се случила ноќта меѓу саботата и неделата во галеријата „Леонардо“. Крадецот, со погоден алат, насилно успеал да провали во галеријата и ги зел уметничките слики и икони, чија вредост била проценета […]

Ограбени домовите на двајца битолчани

февруари 11, 2015

Домовите на двајца битолчани вчера биле цел на крадци, кои однеле пари и златен накит, информираат од МВР. Во едниот случај, непознат сторител, преку незаклучена врата од гаража, влегол во куќата на Ј.В. (41), на улицата Коста Абрашевиќ, и украл 20.000 денари и разновиден златен накит, вреден 900.000 денари. Истиот ден, крадец провалил во стан […]

Ограбена жена во центарот на Скопје

февруари 10, 2015

Педесет и петгодишна жена вчера попладне била ограбена од две непознати лица пред менувачница во центарот на Скопје, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, околу 16 часот, пред менувачница на улицата Рузвелтова, двете лица ѝ ја украле чантата на Г.П., во која имала денари и девизи. Според полицијата, крадците однеле плен од околу 300.000 денари.

Тројца осомничени за кражби во цркви во Источна Македонија

јануари 23, 2015

Секторот за внатрешни работи Штип ги открил сторителите на тешките кражби што изминативе неколку месеци се случија во цркви во Виничко, Кочанско и на територијата на Општина Македонска Каменица, информираат од МВР. Станува збор за 14 тешки кражби и за три обиди за тешка кражба, кои се случиле во периодот од 13 октомври 2014 година до […]

Крадец од куќа на битолчанец однел плен од 1,3 милион денари

јануари 21, 2015

Крадец вчера провалил во куќа во Битола и однел пари и рачни часовници, информираат од МВР. Според полицијата, вредноста на пленот била проценета на околу 1,3 милион денари. Кражбата се случила во периодот меѓу 8.30 и 17.20 часот, кога непознат сторител преку прозорец од визба влегол во куќата, сопственост на Н.Т.(32) и одзел 650.000 денари, […]

Ограбени цркви во Чифлик и во Облешево

јануари 16, 2015

Помеѓу средата и четвртокот оваа недела, непознати сторители ограбиле две цркви во кочанските села Чифлик и Облешево, информираат од МВР. Едната кражба, според полициските информации, е извршена во црквата „Свети Наум“ во селото Чифлик и се одземени околу 2.000 денари и прстен од бело злато. Другиот случај бил регистриран во црквата „Света Недела“ во селото […]

Од куќа во Ресенско украден плен вреден еден милион денари

јануари 16, 2015

Крадец провалил во куќа на 63-годишен жител на ресенското село Николец, од која однел плен чија вредност била проценета на околу еден милион денари, информираат од полицијата. Кражбата се случила во периодот меѓу 26 ноември лани и 15 јануари годинава, а арамијата со себе однел разновиден златен накит, пари, ловечка пушка „ремингтон“, калибар 12 милиметри, […]

Од куќа на скопјанец украдено злато, оружје и техничка стока

јануари 13, 2015

Непознат сторител деновиве провалил во куќа на скопјанец и украл златен накит, оружје, муниција и техничка стока, иноформираат од полицијата. Кражбата се случила во периодот меѓу 9 и 12 јануари на улицата 12 Македонска бригада, во куќа сопственост на А.Б. (35). Крадецот со погоден предмет успеал да провали во куќата, од каде одзл разновиден златен […]

Ограбени стан и куќа во Скопје и во Инџиково

декември 30, 2014

Скопската полиција деновиве регистрирала две тешки кражби, една на улицата Желево во Скопје, а другата во селото Инџиково, информираат од МВР. Според полицијата, во периодот од 25 до 28 декември, крадец преку балкон влегол во стан на улицата Желево, во кој како потстанар живеел Б.П. (46) и однел девизи и разновиден златен накит. Вредноста на пленот […]

Жител на беровско Митрашинци осомничен за тешка кражба

декември 26, 2014

Беровската полиција до надлежното јавно обвинителство подела кривична против Д.Г. (27) од селото Митрашинци, осомничен дека извршил тешка кражба, информираат од МВР. Според полицијата, осомничениот во периодот од ноември 2013 до крајот на јули оваа година провалил во куќа во селото и украл 15.000 денари, 25.000 евра и електрична брусилка.

Албански државјанин осомничен за кражбата во манастирот „Св. Богородица Пречиста“

декември 12, 2014

Кичевската полиција поднела кривична против албанскиот државјанин А.Д. (38), осомничен за тешката кражба во манастирот „Св. Богородица Пречиста“, што се случи вчера утрото, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Според Димоски, на осомничениот му е одреден 48-часовен притвор и е спроведен во затворот во Тетово. Притворениот се товари дека на 11 декември провалил во манастирот […]

Тешка кражба во манастирот „Св. Богородица Пречиста“

декември 11, 2014

Непознат сторител ноќеска извршил тешка кражба во манастирот „Св.Богородица Пречиста“ кај Кичево, соопшти портпаролот на СВР од Охрид, Стефан Димоски. Украдени се три сребрени крста, еден манастирски печат и едно резбано сребрено ковчеже, со мошти од свети Параскева. Тешката кражба во манастирот е извршена околу два часот, откако претходно насилно и со соодветен алат биле скршени […]

Малолетник притворен за обид за тешка кражба

декември 3, 2014

Судија на предходна постапка му изрекол 30-дневен притвор на 14-годишно момче, против кое скопската полиција поднела кривична пријава за обид за тешка кражба, соопшти МВР. Според полициските информации, малолетник на почетокот на октомври годинава, со намера да изврши кражба, провалил во куќа во населбата Драчево, откако со погоден предмет успеал да извади една од решетките […]

Страна 2 од 3