fbpx

Тројца осомничени за кражби во цркви во Источна Македонија

-

Секторот за внатрешни работи Штип ги открил сторителите на тешките кражби што изминативе неколку месеци се случија во цркви во Виничко, Кочанско и на територијата на Општина Македонска Каменица, информираат од МВР.

Станува збор за 14 тешки кражби и за три обиди за тешка кражба, кои се случиле во периодот од 13 октомври 2014 година до 20 јануари 2015 година.

Според полицијата, по преземените мерки на нивните екипи, постојат основи за сомневање дека сторители на тешките кражби и на обидите за кражба ги извршиле З.Д. (24) од виничкото село Лаки, Д.Г. (28) од беровско Митрашинци и Х.И. (22) од селото Дулица, Делчевско.

По документирањето на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...