fbpx
Таг: Талат Џафери

таг: Талат Џафери

Собранието ќе се распушти четири дена подоцна, на 16 февруари

Наместо в среда, 12 февруари, како првичен рок за распуштање на Собранието, претседателот Талат Џафери денеска изјави дека последен рок за неговото распуштање е недела, 16 февруари. Ваквата изјава од парламентарниот спикер доаѓа по денешните консултации направени со Државната изборна комисија (ДИК). Џафери од ДИК добил одговор дека за спроведување на изборните дејствија се потребни 55 денови. Тој пуштил предлог...

Законот за јавно обвинителство ќе биде ставен на седница, откако партиите ќе се усогласат

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска најави дека доколку до Парламентот биде доставен усогласен Предлог-закон за јавно обвинителство и по содржина и со договорено мнозинство, тој веднаш ќе биде ставен на собраниска седница. Тој потсети дека постои таква деловничка можност, потсетувајќи дека ваков закон веќе има на дневен ред на 108. седница и оти за тој предлог има усогласено триесетина амандмани. -...

Собранието денеска треба да ја избере техничката влада

Според Пржинскиот договор од 2015 година, денеска, на 100 дена пред договорениот датум меѓу власта и опозицијата, премиерот Зоран Заев треба да поднесе оставка, со што ќе почне постапката за формирање на техничка влада, која треба да спроведе слободни, фер и демократски избори. Собраниската седница треба да се одржи пред полноќ, за да може новата влада од утре да почне...

Заев, Шекеринска и Џафери остварија посета на носачот на авиони „Хари С. Труман“

Премиерот Зоран Заев, министерка за одбрана Радмила Шекеринска и парламентарниот спикер Талат Џафери, заедно со началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски и американската амбасадорка Кејт Брнз, остварија посета на носачот на авиони „Хари С. Труман“, каде што се сретнаа со адмирал Џејмс Фого, командантот на американските поморски сили за Европа и Африка и командант на Здружените сојузнички сили во Неапол,...

Зеќир Рамчиловиќ е избран за потпретседател на Собранието

Независниот пратеник Зеќир Рамчиловиќ е избран за потпретседател на Собранието. Во рамките на 116. седница за него гласаа 62 пратеници, а 12 беа „против“. Рамчиловиќ на местото потпретседател на Собранието доаѓа по оставката на Весел Мемеди, по предлог од страна на пратеници од ДУИ и СДСМ. Претседателот на Собранието, Талат Џафери продолжението на седницата го најави за утре.

Сасоли: Европскиот совет не кажа „не“, туку ја одложи одлуката за почеток на преговорите

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Мариа Сасоли по средбата со претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери изјави дека Европскиот совет не кажал „не“, туку ја одложил одлуката за отпочнување на пристапниот процес на Македонија во ЕУ. Тој нагласи дека не станува збор за историска грешка, туку за историски застој, се наведува во соопштението на Собранието на РСМ по одржаната...

Џафери: Собранието ќе се распушти на 11 февруари

Собранието ќе се распушти 60 дена пред одржување на изборите на 12 април, односно на 11 февруари, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешната средба со новинарите. Кон крајот на декември, до Собранието треба да стаса предлогот со имиња за техничка влада која треба да биде избрана 100 дена пред одржување на изборите, за да може Џафери на 3...

Џафери за утре во 13 часот ја закажа седницата за разрешување на Јанева

Претсeдателот на Собранието, Талат Џафери за утре во 13 часот ја закажа седницата за разрешување на осомничената обвинителка Катица Јанева, со единствена точка на дневниот ред. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека парламентарното мнозинство и Талат Џафери одбиле да свикаат итна седница за разрешување на Катица Јанева, на нивно барање. „СДСМ и Зоран Заев очајно на секој начин пробуваат да...

Џафери ќе ја закаже седницата за разрешување на Јанева пред истекувањето на мандатот

Претседателот на Собранието, Талат Џафери најави седница за разрешување на Катица Јанева пред крајот на нејзиниот мандат кој истекува на 15 септември. Џафери рече дека по обезбедувањето на писмена согласност од сите партии има доволно време седницата да биде закажана. „Согласно законот тоа е моја обврска и јас ќе ја испочитувам“, потенцираше Џафери објаснувајќи ја целата процедура. Денеска пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ,...

Владата ќе гo чествува Илинден под мотото „Сите сме деца на Илинден“

На предлог на Организациониот одбор, Владата ја утврди Програмата за одбележување на Денот на Републиката - 2 Август Илинден. „Слоганот под кој се обединети сите чествувања, е „Сите сме деца на Илинден“ како концепт кој ги опишува заедничките вредности кои сите ги славиме, празнуваме, кои не обединуваат и поврзуваат, не прават горди и сплотени граѓани на нашата заедничка држава“, велат...

Џафери: Седницата за предлог-законот за јавно обвинителство може да се свика на 29 јули

Предлог-законот за јавно обвинителство се уште не е пристигнат во Собранието, но доколку биде доставен во текот на денешниот ден или утре, собраниска седница ќе може да се свика на 29 јули, изјави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери. -Доколку денеска и утре законот пристигне во Собранието, на 29 јули можам да свикам седница и да помине во прво читање....

Унгарија го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Унгарија го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, соопштија од кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери кој денеска присуствувал на чинот на гласањето. На гласањето, сите 153 пратеници едногласно се изјасниле „за“. Џафери, на гласањето присуствуваше на покана на претседателот на Националното собрание на Унгарија, Ласло Ковер.

Седницата на која ќе се расправа за одземање на мандатот на Груевски ќе се одржи по 7 јуни

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешната средба со новинарите информираше дека собраниската седница на која ќе се расправа за одземање на мандатот на Никoла Груевски, ќе се одржи по 7 јуни. На истата седница може и да се расправа за новите министри, доколку стаса предлог од премиерот да се изберат нови. Според Џафери, од формален аспект нема пречки двете...

Џафери: На самитот на НАТО во Лондон ќе се виори и македонското знаме

Процесот на ратификација на Протоколот за наше полноправно членство во НАТО оди со добра динамика, во јуни очекуваме американскиот Сенат да го ратификува протоколот и јас сум сигурен дека уште оваа година, ние и формално ќе станеме полноправна членка на НАТО Алијансата. Односно, на самитот на НАТО во Лондон во декември, знамето на Република Северна Македонија ќе се виори...

Пендаровски и Џафери договорија блиска соработка

На денешната средба на претседателот Стево Пендаровски со претседателот на Собранието, Талат Џафери, тие договориле тесна координација во корист на граѓаните и на државата, соопшти кабинетот на шефот на државата. На средбата Џафери му го честитал стапувањето на функција претседател на државата на Пендаровски, а тие разговарале за тоа сите релевантни институции во државата во претстојниот период да ги насочат...

Џафери ја извести комисијата дека Груевски шест месеци не се појавил во Собранието

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска официјално ја известил Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања дека пратеникот во азил Никола Груевски шест месеци неоправдано отсуствува од работа како пратеник во Собранието. По официјалното известување, претседателот на Комисијата, Павле Богоевски, треба да закаже седница на која ќе се расправа за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски, и ако таа донесе таков...

На „Србија данас“ и фали едно „и“ за Пендаровски и албанските гласови

Антизападниот српски онлајн медиум „Србија Данас“ вчера објави текст за резултатите од вториот круг на претседателски избори во Македонија, кој не е ништо друго туку - ред шпекулации и клевети, а ред ветер во магла. Текстот, полн со шпекулаци и клевети, претставува и директен атак врз новоизбраниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски. Во текстот се вели дека Пендаровски победил благодарение на...

Денеска се одржува вториот круг на претседателските избори

Фото: Борче Поповски
Денеска се одржува вториот круг од претседателските избори, а право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу двајцата кандидати Гордана Сиљановска - Давкова и Стево Пендаровски. Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето, кога не беше остварено потребното мнозинство од 904.066 гласови за избор на новиот...

Џафери апелира за фер и регуларни избори, а граѓаните да го искористат правото на глас

Претседателот на Собранието Талат Џафери упати апел за фер и регуларни избори до граѓаните, политичките партии, но и до кандидатите за претседател пред почетокот на кампањата за претстојните претседателски избори, која официјално стартува на 1 април. Тој додаде дека тоа е во интерес на државата и е еден од условите за почеток на  датумот за преговори со ЕУ. „Првично апел до...

Литванија го ратификуваше Протоколот за прием на државата во НАТО

Сејмот на Литванија денеска со 108 гласови „за“ и ниту еден против го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО и со тоа, оваа држава стана осмата членка на НАТО која го ратификуваше протоколот. На пленарната седницата присуствуваше и претседателот на Собранието, Талат Џафери. Џафери претходно имаше средба со шефот на дипломатијата на Литванија Линас Линкевичиус, кој ја...

(ИНТЕРВЈУ) Зоран Милошевски: Целта на научната фантастика е да даде едно поинакво гледиште на работите

Зоран Милошевски е македонски автор на научно-фантастични романи, вклучително серијалот „Последна граница“, кои го сочинуваат четири веќе издадени дела, а Милошевски моментално работи на петтиот и последен дел. Тој е...