fbpx

Собранието ќе се распушти четири дена подоцна, на 16 февруари

-

Наместо в среда, 12 февруари, како првичен рок за распуштање на Собранието, претседателот Талат Џафери денеска изјави дека последен рок за неговото распуштање е недела, 16 февруари. Ваквата изјава од парламентарниот спикер доаѓа по денешните консултации направени со Државната изборна комисија (ДИК).

Џафери од ДИК добил одговор дека за спроведување на изборните дејствија се потребни 55 денови. Тој пуштил предлог – одлука за распуштање на Собранието и побарал од ДИК да се изјасни кога е оптималниот ден за неговото распуштање.

Пред неколку дена, ВМРО – ДПМНЕ поднесе иницијатива за распуштање на Собранието на 12 февруари, напоменувајќи дека на тој начин ќе се испочитува претходно договореното со другите политички партии. Од СДСМ одговорија дека ќе се запазат изборните рокови за одржување на парламентарните избори на 12 април годинава, но и дека се потребни дополнителни 5 – 6 дена работа на Собранието за да се донесат измените во Изборниот законик и за Законот за јавно обвинителство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Настани во повеќе онлајн игри со различни награди

Оваа пролет има многу настани на различни игри попознати под името „Event“-и, на кои има различни награди и забрзано левелирање на повеќе игри - настани кои се во тек...