fbpx

Сасоли: Европскиот совет не кажа „не“, туку ја одложи одлуката за почеток на преговорите

-

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Мариа Сасоли по средбата со претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери изјави дека Европскиот совет не кажал „не“, туку ја одложил одлуката за отпочнување на пристапниот процес на Македонија во ЕУ. Тој нагласи дека не станува збор за историска грешка, туку за историски застој, се наведува во соопштението на Собранието на РСМ по одржаната средба.

Сасоли истакнал дека е важно да се сфатат забелешките што ги имале одделни земји и да се работи на нивното надминување. Претседателот на Европскиот парламент нагласил дека нашата земја треба да продолжи со реформите, додека прашањето за отворање на преговорите со ЕУ може повторно да се стави на дневен ред пред европските институции.

Собранискиот спикер Џафери посочил дека одлуката на последниот самит на Европскиот совет е стратешка грешка, штетна за кредибилитетот на ЕУ и испраќала негативен сигнал до земјите кандидати во врска со добрососедските односи.

– Ако причината за недобивањето на датум за преговори е потребата за воспоставување на нова методологија за пристапните преговори која процесот ќе го направи поефикасен, тоа е прифатливо за нас, но не е прифатлива алтернатива на процесот на приклучување како привилегирано партнерство или ставање на земјата во категоријата на соседство на ЕУ – нагласи Талат Џафери.

Претседателот Џафери изразил благодарност до Сасоли за писмото, кое тој заедно со сите највисоките функционери на Европската Унија, го упатија пред одржувањето на состанокот на Европскиот совет, во кое беше побарано доделување на датум за преговори на Македонија и Албанија. Претседателот Џафери се заблагодари и за поддршката од Европскиот парламент која дојде во форма на Резолуција за започнување на пристапните преговори со Албанија и Македонија.

Покрај со собранискиот спикер, Давид Мариа Сасоли денеска се сретна и со премиерот Зоран Заев. Средбите во Скопје на Сасоли се дел од првата негова посета на земја надвор од ЕУ по преземањето на функцијата Претседател на Европскиот парламент.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...