fbpx
Таг: Талат Џафери

таг: Талат Џафери

ВМРО-ДПМНЕ: Внесување знаме на туѓа држава во кабинет на спикер е срамен чин

„Уценетиот криминалец Зоран Заев го газеше македонскиот Устав и ги прогласуваше македонските граѓани за терористи за да обезбеди поддршка и за да го внесе знамето на Република Албанија во кабинетот кој треба да му припадне на претседателот на Собранието“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека „уценетиот криминалец“ Зоран Заев го навредувал македонскиот народ дека...

СДСМ: Диктатурата завршува со Груевски

СДСМ попладнево реагираше на постот на фејсбук-страницата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, порачувајќи дека диктатурата за која зборува Груевски завршила на 11 декември. „Дојде време Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ да се помират со реалноста. Диктатурата за која зборува Никола Груевски заврши на изборите на 11 декември, кога мнозинството граѓани гласаа против неговиот режим, за промени. Новата влада носи живот...

Груевски на „Фејсбук“: Изборот на Џафери за спикер е диктаторски акт

Талат Џафери влезе во кабинетот на претседателот на Собранието со брутално кршење на Уставот, законот и на деловникот на Собранието и сè што во иднина би се донело со негово учество, потпис ќе биде плод на диктаторски акт за назначување претседател на Собранието, напиша денеска на „Фејсбук“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. „Во демократско општество, владеењето на мнозинството доколку не...

Џафери седна во кабинетот на собранискиот спикер, примопредавањето било „најнормално“

Новоизбраниот претседател на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска својот работен ден го почна во претседателскиот кабинет, соопштија службите на Собранието. „Tој заедно со членовите на својот кабинет и со собраниските служби работи на сите формално-административни работи што  мора да бидат направени за нормално функционирање и за вршење на функцијата претседател на Собранието на Република Македонија. Самиот чин на...

Велика Британија го поддржа изборот на Џафери, бара ненасилен трансфер на власта

Портпаролката на канцеларијата за надворешни работи на Велика Британија го поздрави изборот на нов претседател на Собранието на РМ и апелира за непречен и ненасилен трансфер на власта на избраната мнозинска коалиција. „Обединетото Кралство ја поддржува демократската одлука на мнозинството пратеници во Македонија да го изберат Талат Џафери за претседател на Собранието. Подготвени сме за претстојната соработка со него. Ги повикуваме сите...

Жбогар за „Мета“: Многу време се изгуби, да се продолжи со формирање на институциите

Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, амбасадорот Самуел Жбогар, денеска во Собранието прв се сретна со новоизбраниот претседател на законодавниот дом, Талат Џафери, кому ја посочил подготвеноста на ЕУ за соработка со него и со парламентот. Во изјава за „Мета“, по завршувањето на средбата, Жбогар рече дека досега многу време се изгубило и дека треба да се продолжи со процесот...

Груби: Една канцеларија не е институција, институција е претседателот Џафери

Шефот на кабинет на лидерот на ДУИ и пратеник, Артан Груби, денеска во изјава пред Собранието рече дека генералниот секретар на Собранието барал одлуката за избор на новиот претседател на Собранието да биде објавена во „Службен весник“ пред службите на Собранието да можат да постапат во согласност со барањата на новиот претседател. - Во 8.30 часот изутринава, заедно со новиот претседател...

Беса бара да се формира истражна комисија за насилствата во Собранието

Парламентарната група на Движењето Беса ќе поднесе барање до новоизбраниот претседател на Собранието на првата седница да формира парламентарна истражна комисија, која ќе ја открие целата вистина за тоа што се случи на 27 април и врз таа основа, да се преземаат неопходните мерки за сите што беа вклучени во овој случај. - Минатиот четврток, 27 април, ќе биде запаметен како...

ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да го повлече Џафери, а не да бара мандат за влада од Иванов

Позиците на двете партии, според нивните редовни утрински соопштенија, еден ден по разговорите со заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Евроазија на САД, Хојт Брајан Ји, остануваат непроменети. ВМРО-ДПМНЕ смета дека Талат Џафери е избран за претседател на Собранието надвор од сите процедури и на незаконски начин, додека од СДСМ нагласуваат дека тој е „новиот легитимен претседател на...

Валстром: Новоизбраниот претседател на парламентот во Македонија мора да се почитува

Новоизбраниот претседател на Собранието во Македонија мора да се почитува, порача шведската министерка за надворешни работи, Маргот Валстром. „Претседателот беше избран од страна на парламентарното мнозинство и јас со нетрпение очекувам да соработувам со него. Шведска силно ги осудува шокантните акти на насилство што следеа по неговиот избор во четвртокот. Ова е целосно неприфатливо за една демократија и одговорните лица треба да...

Џафери по средбата со Хојт Ји: Од утре ќе се обидам да го ставам Собранието во функција

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, по средбата со заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Евроазија на Стејт департментот, Хојт Брајан Ји, рече дека од утре ќе се обиде да го стави Собранието во функција и дека присуството на Ји уште еднаш ја потврдило поддршката на САД за изборот на претседател на Собранието. Џафери денеска влезе во Собранието првпат...

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се обидува да ја прошверцува тиранската платформа

„СДС уште еднаш докажа дека не го интересира ниту народот, ниту државата. За да дојде до власт, СДС не само што ја прифати тиранската платформа туку грубо ги прекрши Уставот, законот и деловникот за работа на Собранието на Република Македонија“, порача ВМРО-ДПМНЕ во редовното претпладневно соопштение за јавноста денеска. „На 27 април СДС ја силуваше волјата на граѓаните и го...

Алијансата за Албанците им се заблагодари на Хојт Ји и на САД за поддршката на Македонија

Генералниот секретар на Движењето за реформи на ДПА, Арбен Таравари, и пратеникот на Алијансата за Албанци и претседателот на НДП, Весел Мехмеди, денеска се сретнаа со заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Евроазија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји. „Нашите претставници го информираа Хојт Ји и за настаните што се случија во Собранието на Македонија, како и за здравствената состојба...

Ахмети со Хојт Ји: Џафери е избран на легитимен начин и има поддршка од САД и ЕУ

Поддршката на САД и на ЕУ за новиот собраниски спикер, Талат Џафери, кој беше избран на легитимен начин, значи дека Трајко Вељаноски повеќе не е претседавач на Собранието, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во изјава за медиумите по средбата со заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Евроазија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји, која денеска попладне се одржа...

Вељаноски не го признава Талат Џафери, од СДСМ велат дека и тој ќе одговара

Претседател не се избира за половина минута, не се избира на таков начин, тоа не се прави на шверцерски начин, тоа е свечен чин и не може на шверцерски начин, во едно катче, во еден ќош од една просторија да се избере претседател на Собрание, рече Трајко Вељаноски во изјава за вестите на телевизија „Сител“. - Со изборот на Талат...

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкото насилство на СДС може да резултира само со физичко насилство

Незаконскиот обид, криминогените структури од СДС да си го самопрогласат Талат Џафери за парапретседател на Собранието, беше директна провокација кон македонскиот народ, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „Газењето на Уставот, законите и на деловникот е директно газење на државата и на поредокот. Ограничувањето на демократското право на дискусија на пратениците е најбрутално ограничување и газење на граѓаните...

Германското МНР го повика на разговор македонскиот амбасадор во Берлин

Министерството за надворешни работи на Германија денеска претпладне го повикало на разговор македонскиот амбасадор во Берлин и му упатило остра порака дека одговорните во Скопје мора да ги прифатат резултатите од изборите, пишува „Дојче Веле на македонски јазик“. Како што информира официјален Берлин, во просториите на министерството за надворешни бил повикан амбасадорот Сашо Марковски, коmu му било порачано дека „одговорните...

Амбасада на САД: Насилството не е начин за решавање на разликите

Амбaсадата на Соединетите Американски Држави вечерва го осуди насилството во Собранието, во кое беа повредени неколку пратеници, меѓу кои и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Од амбасадата порачаа дека насилството не е во согласност со демократијата и е неприфатлив начин за решавање на разликите. „Најостро го осудуваме насилството во Собранието. Тоа не е во согласност со демократијата и е неприфатлив начин...

Иванов ќе се обрати до граѓаните во 22 часот

Претседателот Ѓорге Иванов ќе се обрати до граѓаните на Македонија, вечерва во 22 часот, информираат од неговиот кабинет. Обраќањето на Иванов следува по попладневните насилства во Собранието каде што демонстрантите од т.н. иницијатива „За заедничка Македонија“ влегоа во законодавниот дом. Има информации дека дел од пратениците се физички нападнати и повредени, со раскрвавени лица, меѓу кои е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев....

Талат Џафери избран за спикер, демонстранти влегоа во Собранието

Парламентарното мнозинство попладнево го избра пратеникот на ДУИ, Талат Џафери, за нов претседател на Собранието на Република Македонија. Претседавач на конститутивната седница беше пратеникот Ферид Мухиќ, како втор по возраст пратеник во Собранието, бидејќи најстариот, Бранко Манојловски, не беше присутен. Мухиќ за свои заменици ги избра Горан Мисовски и Џевад Адеми, а изборот на Џафери за спикер го водеше Мисовски,...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...