fbpx

Груби: Една канцеларија не е институција, институција е претседателот Џафери

-

Шефот на кабинет на лидерот на ДУИ и пратеник, Артан Груби, денеска во изјава пред Собранието рече дека генералниот секретар на Собранието барал одлуката за избор на новиот претседател на Собранието да биде објавена во „Службен весник“ пред службите на Собранието да можат да постапат во согласност со барањата на новиот претседател.

– Во 8.30 часот изутринава, заедно со новиот претседател на Собранието, Талат Џафери, бевме во Собранието каде што тој веќе ги даде потребните административни насоки за администрацијата во Собранието и за правните служби да дејствуваат во согласност со волјата на новото парламентарно мнозинство, изразена на 27 април, минатата недела, при што побаравме и од генералниот секретар на Собранието да овозможи услови да функционира кабинетот на претседателот. Добивме одговор од генералниот секретар на Собранието, при што тој бара таа објава да биде објавена во „Службен весник“ и потоа тој да постапи во согласност со барањата на новиот претседател. Ние веќе ги имаме поднесено сите барања за објава на одлуката во „Службен весник“ и очекуваме тоа да биде сторено што е можно поскоро за да пристапиме потоа и со барањето до таканаречениот претседател Иванов за доделување на мандатот за формирање влада – рече Груби.

Пратеникот на ДУИ рече дека треба да се има предвид дека една канцеларија не е институција, туку дека институција е претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој ја преставува волјата на мнозинството граѓани.

Груби изјави и дека се надева дека ќе се вразумат политичките партии, а особено, како што рече, новата опозиција во Собранието, и дека ќе дозволат тек на настаните каков што очекуваат граѓаните. Тој додаде дека нова седница ќе има кога за тоа проценка и одлука ќе донесе новиот претседател на Собранието, Џафери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...