четврток, 13 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: Службен весник | 33 резултати

Вистиномер: Учениците нема да треба целото идно лето да го поминат на училиште

1 октомври 2020

На Фејсбук се појави пост, кој претставува линк до вест со наслов „Учебната година ќе трае до 31 август 2021 година“. Во веста, пак, се вели дека „Владата донесе одлука учебната година да трае до 31 август 2021 година“, пишува Вистиномер во својата нова анализа. Вака како што е објавен овој пост, но и насловена […]

Влада: Иванов ја злоупотреби функцијата за да ја блокира демократијата

15 јануари 2019

Владата порача дека ја поддржува одлуката Законот за јазиците и Законот за ратификацијата на Преспанскиот договор да бидат објавени во Службен весник со потпис на претседателот на Собранието, Талат Џафери, имајќи го, како што се вели, „предвид прекршувањето на Уставот од страна на претседателот Ѓорге Иванов“. „Донесувањето на Законот за употреба на јазиците и Законот […]

Џафери: Не чувствувам никаква одговорност, Иванов ги помешал лончињата

15 јануари 2019

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешната прес-конференција рече дека не чувствува никаква одговорност затоа што тој, а не претседателот на државата, Ѓорге Иванов, ги потпиша указите за Законот за јазици и Законот за ратификација на договорот од Преспа и ги испрати на објавување во Службен весник. – Јас не чувствувам никаква одговорност затоа што […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Џафери и директорот на Службен весник

15 јануари 2019

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на денешната прес-конференција најави кривична пријава против Талат Џафери и директорот на Службен весник, Мартин Костовски за објавувањето на Законот за употреба на јазиците без потпис од претседателот на државата Ѓорге Иванов. Тој повика сите институции на централно и локално ниво да го игнорираат и бојкотираат операционализирањето на законот […]

Груби: ВМРО-ДПМНЕ први да постават двојазична табла на своето седиште

15 јануари 2019

Пратеникот на ДУИ и претседател на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби, на прес-конференција во Собранието порача дека Законот за јазиците денеска стапува на сила и дека ВМРО-ДПМНЕ треба да се надмине себеси и да биде првиот фактор што ќе постави двојазична табла. Тој рече дека институциите веднаш треба да се придружуваат до законските […]

Иванов: Законот за јазиците и ратификацијата се објавени противуставно

15 јануари 2019

Објавувањето на Законот за употреба на јазиците и на Законот за ратификација на спогодбата од Преспа во Службен весник без потпис на указ од Претседателот на Република Македонија се противуставни, порача претседателот на државата, Ѓорге Иванов во писмено обраќање. Тој вели дека постапката да се објават двата закона е основа за кривично гонење. „Со доставувањето […]

Службен весник: Законот за јазиците е објавен согласно Уставот

15 јануари 2019

Од „Службен весник на Република Македонија“ со соопштение објавено на веб-страницата денеска порачаа дека согласно Уставот, биле задолжени да ги објават Законот за ратификација на Преспанскиот договор и Законот за јазиците, кои не беа потпишани од претседателот на државата Ѓорге Иванов. „Двете објави се во согласност со член 52, став 2 од Уставот на Република […]

Претседателот Ѓорге Иванов стана фуснота на објавениот Закон за јазици

15 јануари 2019

По долгогодишната практика на некои држави и меѓународни организации при користење на името Република Македонија да додаваат и фуснота во која се објаснува дека Македонија има спор со Грција, која не го признава нејзиното име, и дека во Обединетите Нации земјава се води како Поранешна Југословенска Република Македонија, сега и претседателот на државата Ѓорге Иванов […]

Законот за употреба на јазиците објавен во Службен весник

15 јануари 2019

Законот за употреба на јазиците денеска е објавен во Службен весник откако претседателот на Собранието Талат Џафери вчера го испрати без потпис од претседателот на државата Ѓорге Иванов. Со објавувањето на Законот во Службен весник, тој официјално стапува на сила со што албанскиот јазик станува втор службен јазик во Македонија. Пратеникот од ДУИ Артан Груби […]

Џафери го испрати Законот за јазици во Службен весник

15 јануари 2019

Претседателот на Собранието Талат Џафери, синоќа преку својот „Фејсбук“ профил објави дека го испратил во Службен весник Законот за употреба на јазиците. Во објавата Џафери на македонски и на албански јазик пишува: „Законот за употреба на јазиците и во Службен весник“. Со овој закон што два пати беше изгласан во Собранието, на 11 јануари и […]

Новите амандмани на Уставот објавени во „Службен весник“

14 јануари 2019

Амандманите од 33 до 36, заедно со Уставниот закон за нивно прогласување, коишто со 81 глас „за“, беа усвоени на 75-тата седница на Собранието во петокот, се објавени во 6-от број на „Службен весник“ во оваа година, односно на 12 јануари 2019 година. Со овие измени на Уставот, името на земјава по стапувањето на сила […]

Иванов го потпишал Законот за амнестија

21 декември 2018

Законот за амнестија кој го изготви Координативно тело за помирување, вчера е објавен во Службен весник. Тоа значи дека Указот за прогласување за овој закон го потпишал претседателот Ѓорге Иванов и оти веќе тече рокот од 5 дена за пријавување на сите обвинети за случувањата во Собранието на 27 април минатата година. Според овој закон, […]

Субвенции за тутунот од реколтата 2017 ќе се исплаќаат од следната недела

8 мај 2018

Денеска во Службен весник се објавија измените и дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој, со што, се создадоа законски услови за навремена исплата на субвенциите, меѓу кои е и исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2017, информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). „Дел од измените на овој закон предвидуваат одложување […]

Осум можни сценарија околу судбината на Законот за јазиците

15 март 2018

Вчера со 64 гласа и во тензична атмосфера, на раб на физичка пресметка, беше изгласан Законот за јазиците во трето читање, откако еднаш претседателот Иванов одби да го потпише. Шефот на државата и синоќа во обраќање до јавноста изјави дека „Уставот и совеста не му дозволуваат да го потпише Указот за прогласување на Законот“. Од сите страни стигнуваат реакции […]

Стапи на сила Одлуката за преименување на аеродромот и автопатот

15 февруари 2018

Со објавата во Службен весник на Република Македонија стапи на сила владината одлука за преименувањето на автопатот од коридорот 10 и на скопскиот аеродром. Од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека наскоро ќе бидат променети 19 табли. Одлуката за преименување на  автопатот и на аеродромот, што беше донесена на седница на Владата минатата недела, […]

Учебната година ќе почне на 4 септември, информираат од МОН

18 август 2017

Учебната 2017/2018 година за јавните основни и средни училишта ќе почне на 4 септември (понеделник), информираше денеска Министерството за образование и наука. Календарите за организација на учебната 2017/2018 година во јавните основни и средни училишта ќе бидат објавени во Службен весник на Република Македонија. Министерката за образование и наука, Рената Треневска-Десковска, на 5 јуни најави дека […]

Миноски: За исплата на субвенциите, чекаме да се објави одлуката на Уставен суд

11 мај 2017

Министерот за финансии, Кирил Миноски, денеска изјави дека буџетот е ликвиден, а за исплата на земјоделските субвенции ќе се чека да се објави одлуката на Уставниот суд на официјалната веб-страница или во „Службен весник“. – Треба да ја видиме одлуката и да видиме кога ќе биде објавена. Доколку не е спорна и ако не постои […]

Излезе „Службен весник“ со одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието

9 мај 2017

Излезе новиот број на „Службен весник на Република Македонија“ во кој е објавена одлуката за изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија. На веб-страницата на „Службен весник“ се објавени содржините од најновиот број, во кој е и одлуката. Како што пренесоа дел од медиумите, изданието било отпечатено синоќа, во печатницата на […]

Спасовски: Извесно е само дека Заев ќе биде мандатар за новата влада

8 мај 2017

Ништо не е извесено освен дека мандатар за состав на новата влада ќе биде Зоран Заев, изјави денеска пратеникот во Собранието и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали преговорите за новата влада се водат помеѓу Али Ахмети и Заев и дали е извесна неговата позиција (на Спасовски, н.з.) во владата. […]

Одлуката за изборот на Џафери стигнала, „Службен весник“ ќе ја објави наредната недела

4 мај 2017

„Службен весник“ денеска соопшти дека е доставено барање за објавување на одлуката за избор на претседател на Собранието и дека таа ќе биде објавена на почетокот од наредната недела во првиот број на „Службен весник“. „Во согласност со позитивните законски прописи во однос на поднесеното барање, одлуката за избор на претседател на Собранието на Република Македонија ќе […]

Страна 1 од 2