fbpx
Таг: Талат Џафери

таг: Талат Џафери

Џафери на средби со Бејли и со Томоние: Следниот чекор е избор на новата влада

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска се сретна со амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли, и со амбасадорот на Франција, Кристиан Тимоние, со кои разговарал за актуелната политичка состојба во државата, при што добил поддршка од двете земји за реализација на потамошните чекори при процесот на формирање на институциите. „Како следен од низата многу важни чекори за иднината...

Контраспин: Груевски владееше „диктаторски“, за другите – ќе видиме

„Само диктатори се опираат до последно за да се симнат од тронот и да се согласат да заминат во опозиција. За тоа има премногу јасни показатели за целата домашна и меѓународна просветлена јавност“, пишува „Вистиномер“. „Статусот на фејсбук-страницата на Никола Груевски е наменет за да укаже дека начинот на гласање и на устоличување на Талат Џафери за претседател на Собранието...

Данев: Собранието ќе биде трето во регионот каде седниците ќе се водат и на албански јазик

„Талат Џафери најави дека ќе го официјализира албанскиот јазик на целата територија, а Собранието на Република Македонија ќе биде третиот парламент во регионот каде што седниците ќе се водат на албански јазик“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, на прес-конференција. Тој додаде дека Зоран Заев го навредувал и го понижувал сопствениот народ само за да се обиде да го избере...

Талат Џафери се сретна со Карен Пирс, директор во МНР на Велика Британија

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска се сретнал со Карен Пирс, политички директор во Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство на Велика Британија. Од кабинетот на Џафери информираат дека Пирс му го честитала изборот за претседател на Собранието и му посакала успех во извршувањето на функцијата. Таа ја повторила заложбата на Обединетото Кралство дека досегашната меѓуинституционална билатерална соработка со...

Вељаноски на „Фејсбук“: Немаше никакво примопредавање на функцијата на Џафери

Досегашниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, кој беше и претседавач со конститутивната седница по изборите, на својата фејсбук-страница напиша дека немало примопредавање на функцијата помеѓу него и новоизбраниот претседател, Талат Џафери. „Не, немаше никакво примопредавање на нелегитимно и неуставно избран претседател на Собранието“, напиша Вељаноски, како коментар на споделеното соопштение од Собранието за првиот работен ден на Џафери како претседател...

Јовановски: Кабинетот на Џафери се претвори во штаб на ДУИ

Трет ден како нелегално избраниот претседател на Собранието не ги отстранува албанските знамиња од кабинетот. Сведоци сме дека освен знамињата на туѓа држава, кабинетот кој би требало да му припаѓа на легално избран претседател се претвара во штаб на ДУИ, рече денеска на прес-конференција Крсте Јовановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Тој изрече и осуди за Зоран Заев, обвинувајќи го дека води...

ЛП: Џафери да сфати дека еден од врвните државни раководители, а не само Албанец

Либералната партија (ЛП) денеска му честиташе на новиот претседател на Собранието, Талат Џафери, истовремено порачувајќи му оти треба да сфати дека е еден од највисоките државни раководители, а не само Албанец, и соодветно на тоа, во неговиот кабинет треба да стои само знамето на Република Македонија. „Го поздравуваме почетокот на претседавање со Собранието на Талат Џафери и му обрнуваме внимание...

СДСМ: Пораките од Брисел се јасни, Талат Џафери е избран легитимно

„Писмото од новиот собраниски претседател, Талат Џафери, до Ѓорге Иванов е обврска за Иванов да ги стави на страна личните интереси за бегство од правдата на Никола Груевски и да постапи според уставната обврска кон граѓаните на Република Македонија“, се вели во редовното утринско соопштение на СДСМ. Во него се додава дека по посетата на новиот собраниски претседател, Талат Џафери,...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се претвори во маша на Рама и на Тачи и закана по безбедноста во регионот

Криминалецот Зоран Заев во еден ден ги направи Македонците и Бугари и Срби, и покажа како планира „да ја витка кичмата“ на Македонецот во иднина, порачува ВМРО-ДПМНЕ во денешното редовно утринско соопштение за јавноста. Партијата вели дека Заев е поттикнувач и поддржувач на пеењето на албанската химна во Собранието и дека со кршење на Уставот, законот и на деловникот...

ВМРО-ДПМНЕ: Преседанот со изборот на Џафери води кон уште поголема нестабилност

Преседанот со незаконскиот избор на Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија, надвор од сите пропишани процедури, води кои други преседани што ќе значат суспендирање на правниот систем. Ова денеска го истакнала делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од претседателот на партијата, Никола Груевски, на средбата со високите претставници на Делегацијата на ОБСЕ во Скопје. На средбата, како што соопштија од...

Могерини – Џафери: Улогата на спикерот треба да биде над партиските и етничките интереси

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, попладево се сретнала со новоизбраниот претседател на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, во рамките на неговата прва официјална посета на Брисел. Могерини, како што соопштија од нејзиниот кабинет, го поздравила изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието и истакнала дека тоа е улога која треба...

Италијанско МНР: Изборот на нова влада е од суштинско значење за Македонија

Италија со загриженост го следи продолжението и развојот на политичката криза во Македонија и ја осудува која било форма на насилство во институциите, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Италија, по повод насилствата во Собранието од 27 април. Од италијанското МНР повикуваат дијалогот помеѓу политичките сили во земјата да се одвива во Собранието и во форми...

Иванов го добил писмото од Џафери, ќе постапел согласно Уставот

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, го добил писмото од собраниските служби во кое новоизбраниот претседател на Собранието, Талат Џафери, го информира шефот на државата дека е конституирано парламентарно мнозинство, потврдиле од кабинетот на Иванов за македонската редакција на „Радио Слободна Европа“. „Кабинетот на претседателот потврдува дека е пристигнато писмо од Собранието на Република Македонија. Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов,...

Милошоски: Нухиу да не врши притисок без основа да се апсат што повеќе луѓе

Институциите што се грижат за владеење на правото не смеат да приведуваат недолжни луѓе, брзајќи да покажат некаков резултат по немилите настани што се случија во Собранието, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и член на извршниот комитет на партијата, Антонијо Милошоски, на прес-конференција. Тој побара правосудството да внимава и да ги користи истите стандарди како во случаите со припадниците на „Шарената револуција“...

Џафери: Државното знаме е на вистинското место од институционален аспект

„Мислам дека никој не треба да се чувствува загрозен од знамето, бидејќи тоа се наши симболи, на припадноста, а од институционален аспект мислам дека државното знаме се наоѓа на вистинското место, каде што припаѓа, и сите ние се идентификуваме со тоа кога сме носители на функција“, вели новиот претседател на Собранието, Талат Џафери, во интервју за „Нова ТВ“, одговарајќи на...

Хан по средбата со Џафери: Фокусот сега да биде на формирање нова влада

Новоизбраниот претседател на Собранието, Талат Џафери, денеска се сретна со еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јохнаес Хан, при неговата официјална посета на Брисел. Михаел Карнитшниг, шефот на кабинетот на Хан, на својот твитер-профил соопшти дека Хан порачал дека насилството во Собранието е неприфатливо и дека сега треба да се работи на формирање на новата влада. „Јоханес Хан со новиот спикер...

Заев за знамето во кабинетот на Џафери: Ако се случила грешка, треба да се поправи

Постојат можности до крајот на месецот да биде формирана новата влада, согласно роковите, но зависи од одлуката на Ѓорге Иванов како и од техничката подготвеност на Собранието, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по средба со претставници на ОБСЕ во „Холидеј Ин“. Тој додаде дека е подготвен да се сретне со Иванов и да му ја гарантира унитарноста и сувереноста...

Џафери му испрати писмо на Иванов, очекува тој да постапи според Уставот

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска со писмо го извести претседателот на државата, Ѓорге Иванов, дека е формирано парламентарно мнозинство и дека е избран претседател на Собранието на Република Македонија, информираат од кабинетот на Џафери. „Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, очекува дека претседателот на државата, Ѓорге Иванов, ќе постапи според Уставот на Република Македонија“,...

Талат Џафери денеска во официјална посета на Брисел

На покана на високите претставници на Европската Унија и на Европскиот парламент, претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска е во прва официјална посета на Европската Унија, информираат од кабинетот на Џафери. Според агендата, Џафери ќе се сретне со комесарот за добрососедска политика и за проширување, Јоханес Хан, со високата претставничка за надворешни работи и за безбедносна политика на Европската Унија,...

Вељаноски не ги предал печатите зашто тие се кај собраниските служби

Примопредавањето на кабинетот на претседателот на Собранието не е поврзано со некакво предавање на печати, од проста причина што ниту еден претседател на Собранието немал печати, туку само факсимили, велат за „Мета“ од собраниските служби. - Претседателот не е архивар, па да има печат - изјавија кратко од службите. Печатите, инаку, се потребни за да може претседателот на Собранието, Талат Џафери,...

Пет илјади ученици полагаат тестови за меѓународната студија ТИМСС

Вкупно 5.000 ученици од 150 училишта во државата деновиве се тестираат за потребите на ТИМСС меѓународната студија. Како што информира Билјана Михајловска, директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ), децата...