Хан по средбата со Џафери: Фокусот сега да биде на формирање нова влада

-

Новоизбраниот претседател на Собранието, Талат Џафери, денеска се сретна со еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јохнаес Хан, при неговата официјална посета на Брисел.

Михаел Карнитшниг, шефот на кабинетот на Хан, на својот твитер-профил соопшти дека Хан порачал дека насилството во Собранието е неприфатливо и дека сега треба да се работи на формирање на новата влада.

„Јоханес Хан со новиот спикер на Собранието на Поранешна Југословенска Република Македонија, Џафери: Насилството во Собранието е целосно неприфатливо. На Собранието мора да му биде овозможено да си ја работи својата работа и да допре до институциите. Фокусот сега треба да биде на формирање на владата“, напиша Карнитшниг на „Твитер“.

По средбата, од кабинетот на Хан соопштија дека на Собранието мора да му се дозволи да работи непречено, а дека од сите пратеници, вклучувајќи ја и опозицијата, се очекува да играат конструктивна а не опструктивна улога. Од таму ги повикаа сите актери да се воздржат од провокативни изјави и акции.

„Собранието мора да биде форум за дебата за сериозните предизвици со кои се соочува земјата и да ги обезбеди неопходните уверувања за патот кон кој ќе се движи земјата понатака во интерес на сите граѓани и заедници. Комесарот Хан повика сега фокусот да биде на наредните чекори во процесот на формирање на влада, почитувајќи ги парламентарното мнозинство и однесувањето во линија на уставните и демократските принципи“, се вели во соопштението.

Хан предупредил дека секое повторување на случувањата како нападот на пратениците во Собранието минатиот четврток, сериозно ќе ја загрози еворпската перспектива на земјата.

САД ќе го прекинат финансирањето за вакцини за сиромашните земји, но ќе продолжат со одредена помош за ХИВ и туберкулоза

Администрацијата на Трамп има намера да ја прекине финансиската поддршка на САД за Гави, организацијата која помогна во набавката на клучни вакцини за децата во земјите во развој, спасувајќи милиони животи...

Студентската правобранителка на УКИМ: Да ја споделиме маката и да бараме систем кој работи за нас

По низата случувања во академската заедница во текот на изминатите две недели кои следуваа по трагедијата во кочанската дискотека „Пулс,“ попладнево со став се огласи студентската правобранителка на Универзитетот „Св. Кирил...

Српските студенти организираат изложба на кучиња за собирање средства за фамилиите на жртвите од пожарот во Кочани

Студенти на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград во недела организираат изложба на кучиња со цел да соберат средства за семејствата на жртвите од пожарот во Кочани. „Ги покануваме сите љубители на...

Започнаа годишните билатерални разговори со НАТО

Денес и утре тим од НАТО – Алијансата предводен од високиот политички експерт и известител за нашата држава Стјуарт Ендрјус ќе учествува на билатералните одбранбени разговори со Алијансата, соопштија од Министерството...

САД ќе го прекинат финансирањето за вакцини за сиромашните земји, но ќе продолжат со одредена помош за ХИВ и туберкулоза

Администрацијата на Трамп има намера да ја прекине финансиската поддршка на САД за Гави, организацијата која помогна во набавката на клучни вакцини за децата во земјите во развој, спасувајќи...