fbpx

Данев: Собранието ќе биде трето во регионот каде седниците ќе се водат и на албански јазик

-

„Талат Џафери најави дека ќе го официјализира албанскиот јазик на целата територија, а Собранието на Република Македонија ќе биде третиот парламент во регионот каде што седниците ќе се водат на албански јазик“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, на прес-конференција.

Тој додаде дека Зоран Заев го навредувал и го понижувал сопствениот народ само за да се обиде да го избере Талат Џафери за нелегален претседател на Собранието.

„Охридскиот рамковен договор предвидува пратениците да може да се обраќаат на својот мајчин јазик, доколку истиот го говорат повеќе од 20 проценти од населението, бидејќи тоа е индивидуално право. Но, кога се води седница, тоа е чин од позиција претседател на Собрание и во име на институцијата што ја претставува и затоа единствен службен јазик и официјален јазик на целата територија е македонскиот“, додаде Данев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...