fbpx

Талат Џафери се сретна со Карен Пирс, директор во МНР на Велика Британија

-

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска се сретнал со Карен Пирс, политички директор во Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство на Велика Британија.

Од кабинетот на Џафери информираат дека Пирс му го честитала изборот за претседател на Собранието и му посакала успех во извршувањето на функцијата. Таа ја повторила заложбата на Обединетото Кралство дека досегашната меѓуинституционална билатерална соработка со Република Македонија ќе продолжи и во иднина.

„Претседателот Џафери истакна дека функцијата претседател на Собранието на Република Македонија ќе ја извршува во интерес на сите граѓани, без разлика на нивната етничка, политичка или друга припадност. Џафери го изрази своето уверување дека процесот на мирно предавање на власта ќе продолжи и, во таа насока, очекува брзо формирање на новата влада, преку нејзин избор во Собранието на Република Македонија“, информираат од кабинетот на Џафери.

Оттаму додаваат дека Пирс и Џафери размениле и мислења за состојбите во регионот, а Џафери истакнал дека проблемот со името наметнат од нашиот јужен сосед е голема пречка во интегративните процеси на Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Горан Стефановски фото: Општина центар

УКИМ ќе основа Фондација „Горан Стефановски“

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) соопшти дека денеска донел одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“. Одлуката ја донел Сенатот на УКИМ, во очи роденденот на...