Таг: студенти

таг: студенти

Почнува првиот уписен рок на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

Денеска и утре на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје започнува првиот уписен рок во академската 2016/2017 година. Вкупно слободни има 10.535, од кои 6.606 за редовни студенти во државна квота, 2.819 во квотата редовни студенти со кофинансирање на студиите и 1.110 за вонредни студенти. Како и во изминатите години, надоместот за редовните студенти е 200 евра, односно 100 евра...

Денеска почнуваат уписите на државните универзитети

Пријавувањето за упис во прва година додипломски студии за 2016/2017 година на три државни универзитети (Битола, Штип и Охрид) почнува денеска, во Тетово утре и во Скопје во четврток. Вкупно се слободни 24.356 места, од кои 13.536 за редовни студенти во државна квота, 7.327 места за студентите со кофинансирање и 3.493 слободни места за вонредни студенти. Најмногу слободни места (10.535) има...

Студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе може да се запишуваат преку мобилен телефон

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) од Штип ќе запишува нова генерација на студенти преку новата електронска платформа која денеска беше претставена на јавноста. Средношколците кои сакаат да се запишат на некој од факултетите преку платформата ќе може да ги внесат своите лични податоци, по што ќе одговараат на прашањата кои се однесуваат на државната матура. Целата процедура со плаќањето исто така е електронска. Сепак,...

На државните универзитети има место за 24.356 студенти

На државните универзитети идната недела ќе се спроведува пријавување за прва година додипломски студии за 2016/2017 година. Вкупно се слободни 24.356 места, од кои 13.536 за редовни студенти во државна квота, 7.327 места за студентите со кофинансирање и 3.493 слободни места за вонредни студенти. Најмногу слободни места (10.535) има на најстариот и најголемиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Од...

Почна вонредната седница на Ректорската управа на УКИМ

Во тек е вонредната седница на Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на која студентите од „Студентски пленум“ и од Студентски парламент ги раскажуваат настаните поврзани со изборот за претседател на СПУКМ. Деканите на факултетите при УКИМ даваат свои предлози како да се реши ситуацијата поврзана со изборот на новиот претседател, а „Студентски пленум“ бара изборите да се...

„Студентски пленум“ закажа собир пред Ректорската управа

Студентите од „Студентски пленум“ утре, во 8 часот, ќе се соберат пред Ректорската управа на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ (УКИМ), каде што е закажана вонредна седница по повод случувањата околу изборот на нов студентски лидер. Тие ги повикуваат своите колеги да дојдат на седницата и да го споделат своето мислење околу изборот на новиот претседател на Студентски парламент при УКИМ (СПУКМ), Давор Поповски. Студентите,...

МОФ бара поништување на изборите за претседател на СПУКМ

Вчерашните криминални избори за претседател на Студентски парламент при УКИМ (СПУКИМ) се нелегални, недемократски и ги погазија правата на студентите и мора веднаш да бидат поништени, се вели во реакцијата на Младински образовен форум (МОФ). Од МОФ бараат целосно поништување на изборите од страна на избирачката комисија на СПУКМ, ректорот во заминување, Велимир Стојковски, и од идниот ректор, Никола Јанкуловски,...

Спасовски: Груевски сака да судри народ со народ

„На најбрутален начин, со употреба на полиција, вчера беше спречено елементарното право на студентите за слободен избор. Режимот во Македонија спроведе фалсификувани, криминални студентски избори“, обвини денеска на прес-конференција Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ. Тој побара министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, да си даде оставка и сите инволвирани да сносат одговорност за злоупотребата на специјалната полиција против студентите. - Насилството врз...

НСДП бара оставка од Чавков поради тепањето на студентите

Со вандализам, насилништво, полнење на гласачките кутии, импровизации без преседан, вчера владејачката партија успеа на криминален начин и со поддршка на полицијата да ги понижи студентите и директно да се вмеша во спроведување на скандалозни избори за студентски лидер на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, реагираат од НСДП за вчерашните случувања на изборите за студентски лидер. Од НСДП истакнуваат дека...

„Студентски пленум“ бара од УКИМ веднаш да реагира на тепањето студенти

„Студентскиот пленум“ бара од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ веднаш да реагира против тепањето студенти, да не ги признае изборите и да побара истрага за вчерашните случувањата на УКИМ при изборите за нов студентски лидер, вели Ивана Туфегчиќ од „Студентскиот пленум“, пренесува „Дојче веле“. - Во спротивно, ќе ја опструираме работата на СПУКМ и нема да ги признаваме одлуките на...

По тензичната вечер, СПУКМ соопшти дека сепак избрале претседател

Нов претседател на Студентскиот парламент при УКИМ со освоени 3.851 глас е Давор Поповски, објавија утрово од СПУКМ. Оттаму велат дека вкупно гласале 5.264 студенти. Од СПУКМ соопштуваат дека изборниот процес се одвивал фер и демократски, освен, како што велат, скандализирањето на политички мотивираниот „Студентски пленум“, кое најостро го осудија. Припадници на Единицата за брзо распоредување и оклопни возила, пак, синоќа беа...

Тензично пред СПУКМ, полицијата ги турка студентите од „Студентски пленум“

Припадници на Единицата за брзо распоредување и оклопни возила се распоредени пред седиштето на СПУКМ, каде што членовите на Студентскиот парламент ги заклучија кутиите од денешното гласање за избор на претседател на Студентскиот парламент. Специјалците ги туркаат студентите за да го ослободат просторот пред СПУКМ каде што членовите на „Студентски пленум“ веќе неколку часови чекаат да се изнесат кутиите во...

Студентите гласаат без паравани и без избирачки список

Без паравани, без избирачки список и во кутија обвиена со листови од страните се спроведува денешното гласање за избор за претседател на Студентски парламент на Правниот факултет. Членовите на изборната комисија на некои од студентите што гласаа, не им ставија печат ниту, пак, сакаа да кажат колкава е досегашната излезност на гласањето. https://twitter.com/meta_agency/status/748459169766907904 - За овие прашања ние сме ненадлежни, треба да...

Од 12 до 16 часот „Студентски пленум“ ќе ги блокира влезовите на гласачките места

„Студентски пленум“ ги повикува студентите и граѓаните да им се придружат денеска од 12 до 16 часот на платото на УКИМ, да ги блокираат местата на кои ќе се гласа за избор на претседател на Студентскиот парламент. Во објавата за настанот на „Фејсбук“ пишува дека бојкотот е за да се врати највисокото претставничко тело во рацете на студентите. „Зошто бојкотираме? За...

Младински образовен форум нема да ги признае изборите за претседател на СПУКИМ

Изборите за претседател на СПУКМ, закажани за утре, 30 јуни 2016 година, не смее да се признаат поради нелегалното распишување и фрапантното кршење на студентските права, повикаа од Младински образовен форум. Од организацијата рекоа дека нема да ги признаат овие избори. „Избори за студентски парламент не треба да се одржат додека не се реформира неговата структура на демократски начин и...

Подготвен предлог-закон за вработување студенти

Владата, преку Министерството за информатичко општество и администрација, почна со реализација на проектот за вработување на стоте најдобри студенти на јавните универзитети во Македонија.  За да се воспостави континуирано вработување на најдобрите студенти во институциите на јавниот сектор, подготвен е предлог-закон со кој се уредува начинот и постапката во која ќе се вработуваат студентите. Предложеното законско решение ќе се најде во владина процедура...

Одземени пасошите на петмина осомничени во акцијата „Еразмус“

По неколкучасовен распит во Кривичниот суд, судија на претходна постапка на петмина од осомничените во акцијата на МВР на Економскиот факултет во Скопје им одредил мерки на претпазливост, односно да им бидат одземени пасошите и обврска да се јавуваат пред надлежен суд, потврдија за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1. Како што дознаваме, станува збор за тројца универзитетски професори, еден...

Македонците од Албанија да се враќаат во родните краишта, по студиите во матичната земја

„Нашата основна заложба треба да биде што повеќе деца етнички Македонци да бидат испраќани на дообразование во Македонија. Тие, пак, по завршувањето на студиите во матичната држава, треба да се враќаат назад во своите краишта, од каде потекнуваат и како иден образован и оспособен кадар, да придонесуваат за унапредување на положбата, секојдневниот живот и на севкупниот статус на Македонците во...

Студентите на Правен факултет со герила-акција ја прекинаа наставата

Студентите на Правниот факултет денеска ја прекинаа наставата на факултетот, како што велат, со герила-акција. Студентите велат дека не е коректно тие да седат на предавања, додека нивна колешка се наоѓа во притвор. Во акцијата, студентите оделе од кабинет до кабинет, а влегле и во кабинетот на професорката Татјана Каракамишева и од неа побарале коментар за одлуката на претседателот Ѓорге...

Отворен третиот Саем за вработување и за пракса „Контакт“

На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје, денеска беше отворен третиот Саем за вработување и пракса „Контакт 2016“. Станува збор за саем на кој рабодатавците доаѓаат кај потенцијалните вработени. - На саемот годинава ќе се претстават околу 15 компании кои вработуваат инженери и ова е можност, студентите да го преземат првиот чекор кон градење на својата кариера. Од друга...

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...