Од 12 до 16 часот „Студентски пленум“ ќе ги блокира влезовите на гласачките места

-

„Студентски пленум“ ги повикува студентите и граѓаните да им се придружат денеска од 12 до 16 часот на платото на УКИМ, да ги блокираат местата на кои ќе се гласа за избор на претседател на Студентскиот парламент.

Во објавата за настанот на „Фејсбук“ пишува дека бојкотот е за да се врати највисокото претставничко тело во рацете на студентите.

„Зошто бојкотираме? За да го вратиме највисокото претставничко тело во рацете на студентите! Овие избори се распишани од студенти на кои веќе две години им е истечен мандатот и со тоа го изгубија правото да распишуваат избори. Овие избори се спроведени лете, надвор од академската година, кога најголем број од студентите не се во Скопје и не можат да гласаат. На овие избори нема избор! Двајцата кандидати кои претендираат да станат студентски претставници својата кандидатура ја темелат на поддршката на 13 парламенти на матичните факултети кои немаат право да ја дадат истата бидејќи им е истечен мандатот“, пишува на страницата.

„Студентски пленум“ денеска на својата страница предупреди и дека можно е од другите градови да се носат студенти кои ќе гласаат.

„Ако е ова точно, малтретирањето на студентите за лични интереси претставува зенит на дрскоста и на самоволието. Затоа ве замолуваме доколку забележите нешто што изгледа сомнително додека сте на факултет или во близина, сликајте го и изпратете ни ја сликата. Анонимноста е загарантирана и однапред ви благодариме на сите!“, предупредуваат од пленумот.

Македонија и Србија испитуваат можности за гасно поврзување

Македонија и Србија ќе ги испитуваат можностите за спојување со гасен интерконектор, кој треба ќе биде една нова директна врска меѓу од Јужниот гасен коридор на ЕУ и Трансбалканскиот...