fbpx

Студентите на Правен факултет со герила-акција ја прекинаа наставата

-

Студентите на Правниот факултет денеска ја прекинаа наставата на факултетот, како што велат, со герила-акција. Студентите велат дека не е коректно тие да седат на предавања, додека нивна колешка се наоѓа во притвор.

Во акцијата, студентите оделе од кабинет до кабинет, а влегле и во кабинетот на професорката Татјана Каракамишева и од неа побарале коментар за одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги аболира сите политичари за кои има некаква судска постапка.

– Од професорката Каракамишева побаравме да ја искоментира одлуката на Иванов, затоа што таа предава уставно право. Но, како и секогаш, кога станува збор за ненарачани прашања, одговор не добивме. Побаравме да си даде отказ од морални причини, но претпоставуваме дека тоа нема да се случи – изјавија студентите.

Одговор за оваа ситуација побаравме и од професорката Каракамишева, но таа на оваа прашање само кусо одговори: „Сега ќе дојде полиција“.

Целиот Правен факултет е излепен со летоци на кои студентите го изразуваат својот револт од молчењето на професорите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...