fbpx
Таг: Србија

таг: Србија

Вонредна состојба во 14 општини во Србија

Во три града и во 14 општини во Србија и понатаму на сила е вонредната состојба, поради обилните врнежи и излевањето на реките, а од тие места се евакуирани 171 лица и поплавени се 710 домаќинства, соопшти денеска српското МВР. Вонредна состојба е прогласена во Чачак, Нови Пазар и Краљево, Ариље, Лучани, Топола, Пожега, Бајина Башта, Ивањица, Рашка, Љиг, Рача, Трстеник...

Се повлекува водата во поплавените делови во Србија

Ситуацијата во поплавените подрачја во Србија е помирна и водата се повлекува, соопшти началникот на секторот за вонредни работи при српското министерство за внатрешни работи, Предраг Мариќ. - Водата во поплавените подрачја се повлекува, а во средините каде постојат услови, водата се испумпува – рече Мариќ. Тој оцени дека ситуацијата оди во насока на смирување, но додаде дека до крајот на...

Прогласена вонредна состојба во Србија поради поплавите

Српската влада денеска прогласи вонредна состојба поради поплавите во 15 општини во земјата. Како што соопшти српското МВР, со поплавите, кои се последица на поројните дождови и на излевањето на реките, погодени се околу 710 домаќинства, а уште 500 се загрозени. Досега се евакуирани 118 лица од поплавени објекти. Српските медиуми јавуваат дека надојдените реки однеле неколку моста и оти многу домаќинства...

Во Србија на 24 април ќе се одржат и локални избори

Локалните избори во Србија ќе се одржат на 24 април, заедно со предвремените парламентарни избори, одлучи денеска претседателката на српското собрание, Маја Гојковиќ. На локалните избори ќе се избираат членови на собранијата на градовите и на општините, кои потоа ќе ги избираат градоначалниците. Последните локални избори во Србија се одржаа во 2012 година.

Повеќе од 1.000 мигранти заглавени на Табановце, сите очи вперени кон самитот во Брисел

Повеќе од 1.000 мигранти од Сирија и од Ирак во моментов се заглавени кај Табановце, на македонско-српската граница, бидејќи српските власти одбиваат да ги пропуштат и да им дозволат транзит понатаму по балканската рута, велат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). Во меѓувреме на јужната граница, според информации од грчка страна, воведени се дополнителни ограничувања за сириските државјани, односно...

Во Прешево сместени 500 мигранти вратени од Хрватска

Хрватска вратила околу 500 мигранти, кои во моментов се наоѓаат во прифатниот камп во Прешево, додека кај Табановце, од македонската страна на границата, има неколку стотини бегалци, изјави директорот на српскиот Центар за заштита и за помош на баратели на азил, Радош Ѓуровиќ, во ТВ-дневникот на РТС. Според Ѓуровиќ, засега не се наѕира решение за мигрантската криза, а ситуацијата ќе...

Словенија и Хрватска ќе прифаќаат само по 500 мигранти дневно

Словенија и Хрватска од денеска ќе прифаќаат не повеќе од 500 мигранти на ден. Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, за локалните медиуми изјави дека побарал писмена потврда од хрватската страна за да може да докаже дека новиот режим за прием на мигранти не е „измислен од Србија“. Во Србија во моментот има околу 2.000 мигранти од кои само 38...

Попоски: Мигрантската криза не може да се решава со ланската тактика

„Ние наскоро ќе сфатиме дека не може да функционира системот така како што функционирал минатата година, кога повеќе од 750.000 мигранти поминаа низ Македонија. Доколку го знаеме ова, мислам дека најдобро ќе биде да се соочиме со реалноста на терен. Ако ви кажам како изгледаат работите во последните 24 часа, на сите ќе ви стане многу јасно“, изјавил денеска министерот...

Управувачкиот комитет ќе одлучува за бегалците заглавени на Табановце

Управувачкиот комитет за справување со мигрантската криза денеска попладне по 18 часот треба да одржи состанок, на кој ќе се расправа за ситуацијата со бегалците што се заглавени на Табановце, потврди за „Мета“ портпаролката на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Надица Вчкова. - Средбата треба да биде некаде по 18 часот, но терминот кога ќе почне, сè уште не е прецизиран....

Војската на Србија на готовност поради мигрантската криза

Бирото за координација на службите на безбедност на Владата на Србија, на чело со премиерот Александар Вучиќ, денеска ќе ја разгледаат можноста војската на Србија да ја стават на највисок степен на готовност, поради можноста од ескалација на мигрантската криза во Србија, пишува српски „Блиц“. Извори на овој медиум велат дека, на денешниот состанок на Бирото било одлучено ваквиот предлог...

Вулин: Единствената легална рута за мигрантите е преку Македонија

Македонија е единствената легална рута за мигрантите, а секој што ќе се обиде да влезе преку Бугарија, ќе се смета за илегален мигрант, изјави вечерва во Суботица српскиот министер за труд, вработување, боречки и социјални прашања, Александар Вулин. - Единствена легална рута е преку Македонија, не постои ниту една друга рута. Секако, постои можност луѓето да ја искористат шансата да ги...

Грчките специјалци ги отстранија мигрантите од Идомени

Грчката полиција утрово, околу 6 часот, почнала да ги отстранува мигрантите што останаа заглавени кај Идомени откако вчера македонските власти го затворија преминот за авганистански државјани и дозволуваат само влез на лица од Сирија и од Ирак. Како што пренесуваат грчките медиуми, припадници на полициската единица за справување со нереди ја расчистиле железничката пруга, која беше бликирана, и ги отстраниле неколкуте...

Тензично кај граничната кота 59, МВР молчи за непропуштањето на мигранти од Авганистан

Илјадници мигранти се заглавени во меѓуграничната зона на грчко-македонската граница откако македонските власти престанаа да ги пропуштаат авганистанските државјани и дозволуваат само влез на лица од Сирија и од Ирак. „Би-Би-Си“ пренесува дека во моментов на границата се заглавени околу 5.000 мигранти, а во меѓувреме во грчкото пристаништето во Пиреја пристигнале нови 4.000 мигранти. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска,...

МНР: Засега нема затворање на границите, финансиската помош од ЕУ сè уште не стигнала

Засега Македонија нема намера да ја затвори јужната граница со Грција за мигранти, брифираат од Министерството за надворешни работи. Оттаму велат дека авганистанските државјани, кои се заглавени кај Табановце, најверојатно ќе останат во земјава сè додека Србија и Хрватска не го решат спорот околу третманот на мигрантите од Авганистан. Македонија, велат од МНР, од почетокот на мигрантската криза потрошила овеќе...

МВР: На Табановце заглавени 617 мигранти од Авганистан оти Србија одбива да ги пропушти

Повеќе од 600 мигранти од Авганистан во моментов се заглавени во прифатниот камп кај Табановце на македонско-српската граница, откако Србија ја затворила границата и не ги пропушта бегалците со авганстинаско државјанство, велат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). Од МВР за „Мета“, исто така, ги демантираат информациите на агенциите и на дел од грчките медиуми дека по Србија и...

Службеници на српската амбасада во Либија, убиени во воздушните напади на САД

Двајца службеници на српската амбасада во Либија, кои беа киднапирани на почетокот на ноември минатата година, во градот Сабрати, најверојанто се убиени во воздушните напади на војската на САД на база на Исламска држава (ИД) во тој град, изјави денеска на вонредна прес-конференција, шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ. „За жал, вчера попладне добивме инфромации дека во тој напад настрадале...

Србија не ја затворила границата за мигрантите, застојот бил поради „профилирањето“

По информацијата објавена во дел од медиумите дека Србија ја затворила границата со Македонија за мигранти, од бирото за соработка со медиумите на српското МВР ги демантираат овие наводи. Од бирото за РТС  соопштиле дека не станува збор за затворање на границата, туку дека почнало да се спроведува профилирањето на мигрантите, мерка што вчера во Загреб ја договорија шефовите на полициите на...

Хрватска вратила 217 бегалци во Србија

Хрватска вратила 217 бегалци во Србија, потврди денеска портпаролката на УНХЦР, Мирјана Миленковиќ, додавајќи дека бегалците синоќа со воз се вратени и се сместени во Шид. - Претежно се вратени авганистански семејства со деца, Ирачани и мал број Сиријци – рече Миленковиќ. Бегалците се згрижени, а лицата што работат во прифатниот центар во Шид им објасниле каква е процедурата за азил...

Дачиќ – Курц: Ако биде принудена, Србија ќе ја затвори границата со Македонија

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, денеска соопшти дека Србија ќе биде принудена да ја затвори границата со Македонија доколку одредени земји од балканската рута ги затворат границите. Дачиќ на заедничката прес-конференција со шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, нагласи дека мигрантите не може да бидат стационирани во Србија. - Важно е земјите меѓусебно да се информираат во врска со мигрантите...

Австрија бара воено-цивилна мисија во Македонија и во Србија

Австрискиот министер за одбрана, Ханс Петер Доскоцил, се залага за воено-цивилна мисија за заштита на границите во Македонија и во Србија и воспоставување контролни пунктови за регистрација на бегалци во овие земји, бидејќи Грција не е во состојба да ја осигури надворешната граница на ЕУ, пренесува виенскиот весник „Стандард“. Доскоцил во интервјуто дели дека не смее да дојде до тоа десетина илјади...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...