Таг: Специјално јавно обвинителство

таг: Специјално јавно обвинителство

Вајгл, Кукан и Ховит повикаа на одговорност на лидерите во интерес на граѓаните

Тројцата европарламентарци Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан кои посредуваа во постигнувањето на Договорот од Пржино денеска во заедничка изјава ја изразија својата загриженост поради неуспехот на четирите партии во земјава да постигнат заедничко решение за надминување на политичката криза, што, како што велат, води кон целосно распаѓање на Договорот. „Длабоко сме загрижени поради тоа што неодамнешниот дијалог меѓу...

И по 20 дена од смртта на Крпач, Обвинителството сè уште „интензивно работи“

Мистерија останува смртта на Коста Крпач, еден од 56-те лица аболирани од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, иако минаа цели 20 дена откако тој беше пронајден мртов во својот дом во Капиштец, пред кој сè уште стои паркирано комбито во кое тој пукаше. Од Основното јавно обвинителство Скопје, кое обдукцискиот наод го доби уште наредниот ден, но побара и дополнителни вештачења и...

Одложен распитот на четворицата осомничени во случајот „ТНТ“

На барање на адвокатите, денеска во Основниот суд Скопје 1 повторно се одложи распитот на четворицата осомничени во случајот „ТНТ“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за уривањето на комлексот „Космос“ на бизнисменот Фиат Цаноски. Како што информираат од Кривичниот суд, одбраната од судијата на претходна постапка побарала дополнително време за да го заврши увидот во предметот и во...

Обвинителство: Во податоците од СЈО нема докази дека Крпач бил под притисок

Во податоците што Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги доставило до Основното јавно обвинителство Скопје, кое ја истражува смртта на Коста Крпач, немало ниту еден доказ дека тој бил под притисок, тврди ОЈО Скопје. Во денешното соопштение на јавното обвинителство се вели дека околу смртта на Коста Крпач во јавноста „се шират бројни шпекулации што ѝ попречуваат на истрагата и создаваат...

СЈО: Крпач не беше причината поради која баравме измени во Законот за заштита на сведоци

Коста Крпач не бил причината поради која Специјалното јавно обвинителство барало измени во Законот за заштита на сведоци за да може да предлага и да бара заштита на одредени сведоци, велат за „Мета“ од кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева. „Лицето за кое прашувате не беше причината поради која се бараа измени на законската регулатива“, стои во кусиот одговор на...

Обвинителството за смртта на Крпач бара податоци од СЈО, МВР и од судот

Основното јавно обвинителство Скопје денеска од Специјалното јавно обвинителство, МВР и до Основниот суд Скопје 1 побарало да му достават податоци и документи во врска со истрагата за смртта на Коста Крпач. Податоците и документацијата, како што соопштиле од прес-службата на Обвинителството за „Телма“, биле побарани заради расветлување на настанот. Оттаму потврдиле дека се очекуваат дополнителни наоди кои ги побара Обвинителството во...

ЛП: Станува ли Иванов соучесник во смртта на Коста Крпач?

Низ призмата на очигледното продлабочување на политичката криза, денес веќе е прашање и дали со аболицијата Ѓорге Иванов станува соучесник во смртта на Коста Крпач, велат од Либералната партија. Според партијата, од минатиот четврток станало јасно дека со аболицијата Иванов го попречува надминувањето на политичката криза, а ја „попречува и правдата“ и работата на Специјалното јавно обвинителство. „Ставајќи го на листата...

Нема да нè заплашат со притворот на соборците, порачаа граѓаните на протестот

Неколку стотини граѓани денеска по 15. пат неформално се собраа на протест пред Специјалното јавно обвинителство. Иако граѓанската иницијатива „Протестирам“ за денеска не закажа протест, сепак граѓаните спонтано дојдоа да го искажат својот револт против одлуката на претседателот Иванов да помилува политичари и ниви блиски соработници. Протестот се одржа само пред просторите на СЈО, а дел од граѓаните и активистите...

Кривичен суд: На барање на СЈО, издадовме налог за претрес во домот на Крпач

Судија на претходна постапка, на почетокот на овој месец на барање на Специјалното јавно обвинителство издал наредба за претрес во домот на Коста Крпач, соопшти попладнево Основниот суд Скопје 1. Оттаму додаваат дека од судот била издадена и наредба за одземање документи од Централниот регистар за две фирми, од кои на една, во одреден период, како сопственик се јавува Крпач. „Во...

Крпач ли беше сведокот поради кој Јанева бараше надлежност во заштитата на сведоци?

Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека Коста Крпач, кој вчера беше најден мртов во неговиот стан, со прострелна рана во градите, бил сведок во една од предистражните постапки што ги води СЈО. Тој, како што соопштија оттаму, доброволно се пријавил во СЈО и соработката со него била беспрекорна. „Ова јавно обвинителство поседува докази за многу релевантни околности, вклучително и за притисокот...

Кривичниот совет ги укина притворите на уште двајца осомничени во „Транспортер“

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 на денешната седница ги уважил жалбите на двајца осомничени во случајот „Транспортер“ и наместо мерката притвор, што им ја одреди судијата на претходна постапка, им определил мерки за обезбедување присуство, соопштија попладнево од Кривичниот суд. „Жалбите на одбраната на обвинетите С.М. и А.Ш. против решението на судија на претходна постапка за определување мерка...

Милошоски: СЈО работи како политичко обвинителство и го губи кредибилитетот

СЈО со секоја своја нова прес-конференција покажува дека работи повеќе како политичко, а помалку како обвинителско тело и со тоа сè повеќе ги урива очекувањата на јавноста и довербата што му беше дадена преку партиите со Договорот од Пржино, со кој што беше формирано ова обвинителство, кое требаше да биде професионална и независна институција, вели Антонио Милошоски, член на извршниот комитет...

Куќен притвор за првоосомничениот во „Транспортер“

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја уважил жалбата на првоосомничениот во случајот „Транспортер“ на решението на судијата на претходна постапка и, наместо притвор, му одредил куќен притвор, потврдија за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1. - Постапувајќи по жалба на првоосомничениот во предметот „Транспортер“, С.Б., кој преку својот бранител поднесе жалба на решението на судија на претходна постапка,...

„Доста молчевме“, порачаа демонстрантите на протестот во Гостивар против аболицијата

Под мотото „Доста молчевме“, во Гостивар се одржа мирен протестен марш против одлуката на претседателот Иванов за аболиција на функционери. Протестот го организираше неформална група граѓани од повеќе националности, а на него граѓаните ја искажаа и својата поддршка за Специјалното јавно обвинителство. Маршот почна пред зградата на Основниот суд, каде што беа запалени свеќи како симболично погребување на независното судство...

Притвор за уште двајца осомничени во случајот „Транспортер“

Судија на претходна постапка им одредил мерка притвор од 30 дена на двајца од тројцата осомничени во случајот „Транспортер“, кои денеска беа на распит во Кривичниот суд во Скопје, потврдија за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1. На третиот осомничен, според информациите од судот, му биле одредени мерки за претпазливост, односно да му биде одземен пасошот, да се јавува пред...

Како Груевски и Јанакиески го планираа, го спроведоа и уживаа во уривањето на „Космос“

Специјалното јавно обвинителство го отвори случајот за незаконското уривање на комлексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Во истражната постапка под името „ТНТ“, првоосомничена е градежната испекторка во Општина Гази Баба и уште три лица од комисијата за јавни набавки на Општината. Сепак, како што појасни обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, на прес-конференцијата за отворањето на истражната постапка „ТНТ“, уривањето на „Космос“ било...

Паника меѓу администрацијата во Општина Битола по првиот притвор за „Транспортер“

Паника, страв и невообичаена претпазливост владее меѓу вработените во Општина Битола, по одлуката за притвор на еден од осомничените во случајот „Транспортер“, кој минатата недела го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО), велат неофицијални извори за „Мета“. Веста за притворот на еден од најблиските соработници на градоначалникот на Битола, Владимир Талески, бргу се рашири низ градот. Притворениот е актуелен секретар во Општина Битола,...

Oсомничен во „Транспортер“ доби притвор по сите основи

Судија на претходна постапка му одредил 30 дена притвор на еден од осомничените во случајот „Транспортер“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО) по сите три основи од ставот 165 од Законот за кривична постапка, додека на други тројца им се определени мерки на претпазливост, потврдуваат за „Мета“ од Кривичниот суд во Скопје. Според информациите, станува збор за вработен во...

Битолскиот суд доставува покани за распит на осомничените во „Транспортер“

Судскиот курир од Основниот суд во Битола денеска доставувал покани до дел од осомничените во случајот „Транспортер“ што Специјалното јавно обвинителство (СЈО) го отвори против градоначалникот Владимир Талески и уште 22 осомничени. Засега е неизвесно дали постапката ќе се води пред битолскиот суд или, пак, надлежен за случајот ќе биде скопскиот кривичен суд. Од судот негираат дека веќе било одлучено судската...

Наместо обвинителката на СЈО, Иванов помилувал друга Фатиме Фетаи

„Во изведбата на најсрамниот чин во историјата на Република Македонија при неразбирливо брзање, барем за мене не требаше толку да брзате, всушност, сте ја помилувале Фатиме Фетаи од Гостивар. Верувам дека сте мислеле на мене, односно сугестиите Ви биле за мене, само што требало детално да Ви ги кажат моите лични податоци“, навела обвинителката на Специјалното јавно обвинителство (СЈО),...

МОН објави конкурси за стипендии за постдипломски и докторски студии во државата

Министерството за образование и наука ги објави конкурсите за доделување на стипендии за студии од втор и трет циклус на високообразовните установи во Македонија, за академската 2024-2025 година. Вкупно 50...