fbpx

Милошоски: СЈО работи како политичко обвинителство и го губи кредибилитетот

-

СЈО со секоја своја нова прес-конференција покажува дека работи повеќе како политичко, а помалку како обвинителско тело и со тоа сè повеќе ги урива очекувањата на јавноста и довербата што му беше дадена преку партиите со Договорот од Пржино, со кој што беше формирано ова обвинителство, кое требаше да биде професионална и независна институција, вели Антонио Милошоски, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– Станува јасно дека Специјалното јавно обвинителство со низа политички настапи, надвор од секаков правен контекст, го губи кредибилитетот кај јавноста. Граѓаните треба да знаат дека театралните прес-конференции имаат само една цел, а тоа е да го компензираат недостигот од аргументи. Театралните прес-конференции на СЈО имаат, исто така, цел да му дадат изговор и повод на Заев за некакви насилни протести и испади за време на собирите на одредена група граѓани. Се разбира, настапите на СЈО се замислени да го компензираат недостигот од политичка програма и од платформа на СДСМ. Всушност, овие политички прес-конференции на обвинителството, имаат и втора цел, а тоа е да ја компензираат празнината, односно непостоењето на докази во случаите што ги работат – вели Милошоски.

Милошоски вели дека на прес-конференциите на СЈО во недостиг од посилни аргументи, присуствувале и странски амбасадори, а не ретко имале и консултации со нив за време на обработка на одредени предмети.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека е време СЈО да ја преиспита својата работа, да ги обмисли своите настапи, да не посветува толку време на филмски прес-конференции, туку повеќе време на обвинителни акти, на процедури, на законски норми, на професионално однесување, за да може да го има кредибилитетот и основата според која е основано според Договорот од Пржино.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...